Не живеам во Македонија најверојатно тука е поразлично. Денес направив уште еден тест и е позитивен, така да се надевам дека се ќе биде во ред.
Се ќе е супер, во странство се чека. Иначе рано е тек 5та недела одвај една толка виде кај мене. Така да следна недела веќе ќе се види на ехо. До тогаш пиј витамини и уживај.
Здраво Joraa. Сакам да почнам со кломифен на своја рака по што во германија не ми даваат такво нешто сеуште. Докторката во мк ми рече првиот месец да пијам од 3 до 5 ти ден од циклус 2х1 апче и сакам да ја послушам. Прашањето ми е дали морам да ги следам фоликулите колкави се и дали пукнале? Како се одвиваше кај тебе цела таа постапка?Не знам дали да експериментирам без да ми ги следи доктор фоликулите
Дефинитивно, ако ме прашаш мене, не ги земај на своја рака. Треба да следиш фоликули, да знаеш дали имаш водечки и кога да имаш односи да фатиш овулација. Кај некои жени кломифенот предизвикува хиперстимулација и можно е создавање на цисти. Плус не се пие сам, се комбинира со естрофем бидејќи го тенчи ендометриумот. Кај мене на пример, немаше никаков ефект. Следев фоликули, до сам крај немав водечки и после имав кафеав исцедок.
Извини што се вмешувам, ама Кломифен на своја рака никако, мора доктор да ти ја одреди дозата, мене ми препиша само 4 дена 2x2.
И јас ќе ти се умешам во пост, ама немој никако сама да зимаш на своја рака. Што ако направиш хиперстимулација? Што ако ти се направат цисти и ти направат поголем проблем? Еднаш ги пиев и тоа со надзор од доктор и имав хиперстимулција. Ни до пукање на фолекули не дојде, се направи циста која ја чекавме со месеци да се среди. Таа во Мк ти кажала, ама не си и тука за да пратите како се одвива се.
Важи девојки, ќе ве послушам. Ќе пробуваме по природен пат и понатака па вајда ќе се израдуваме и ние некогаш. Правам тестови за овулација секој месец и испаѓаат позитивни но еве сеуште нема ништо. Можно ли е да даваат лажна овулација? Да немам овулација воопшто?
Секако дека ќе се израдувате. Верувај дека се се случува тогаш кога најмалце очекуваш. Дали пред се имате направено дополнителни испитувања вие и сопругот?
Лажно позитивни тестови за овулација може само кај жени со пцос ама се познава тоа, подолго време е една иста боја тестот, не паѓа ЛХ. Следиш ли базална температура? Тоа исто ќе ти потврди дали имаш овулација со сигурност. Фаќајте ги деновите пред овулација, многу се побитни од самиот ден на овулација, за да има материјал да ја пречека јајце клетката. Кломифен и слични без проверка на канали може да ти бидат залудно пиење хормони. Башка се останато што ти спомнаа погоре. Ако имате опција пуштете еден спермограм за сопругот и брисеви за тебе.
Ne ti preporacuva nikako na svoja raka, mora da sledis folikuli, dali rastat i kolku rastat. Jas primer imav 3 ogromni folikuli od 20,22 i vodecka od 24 mm , trebaa site 3 da pulat inace ke se praia cisti, ednata puknaa i za drugite dve znam deka dr mi rece mora uste ednas da idis da vidime dali ke prsnat i ovie drugite oti e mnogu bitno i ovie drugite da prsnat. Ako je trebase da mi davat edna inekcija no za srekaa prsna sami
Ова е тест за овулација. Вчера требаше да добијам, а имав чудни болки, поише ми беа како за овулација него како за добивање и направив тест за овулација, имаше скроз бледа црта, сива, без боја. Денес пак исто и пак направив тест за овулација и цртата е појака, има розе боја, како за 14 ден (овулација обично имам на 16 ден). Следев месецов и имав овулација 100%, значи не може да е касна. Немам идеја што е работава.
Немаме ништо испитано. Јас после една год обидување забременив во декември, но во февруари имав спонтан. Матичната во мк ми рече дека имам пцос и затоа после долго време сум забременила, а во герм ништо не ми кажаа ни дека имам пцос, само ми викаат продолжете понатака со обиди..Сега пак пробуваме ама не знам што ќе биде, земам само витамини и мио инозитол за инсулинска резистенција. Ако не бидне за некој месец ќе барам друг доктор овде
Ако имаш потврдено пцос оди на еднокронолог и барај си метформин, за да овулираш со сигурност. Пробај да закажеш фоликулометрија кога имаш речиси позитивен тест/неколку дена пред овулација за да видиш дали има зрел фоликул, и неколку дена по претпоставена овулација за да се види дали прснал. Инсулинската резистенција го намалува квалитетот на јајце клетките, затоа барај си точна дијагноза, за да можеш да интервенираш.
Јас пред да дознаам дека сум бремена, имав чуден исцедок, како во овулација. И се тестирав за овулација и вака ми беше како потемна цртката, и после неколку дена мислев ќе добијам и се тестирав за бременост за да си потврдам дека не сум и оп, еве 21ва недела сум.
Тоа сакав да и кажам,дека тестовите за овулација можат да бидат позитивни во случај на бременост.Има такво истражување за тестовите за овулација се сензитивни на бременост.