4 meseci ama za dva meseci ke imam 35 godini I svesna sum deka posle 35 god e riznicno za bremenost ocajna sum
Денеска е напредна медицината и има многу начини,најдобро е да си направите испитувања со сопругот,и во случај да има проблем да се реши побрзо.Инаку 4месеци и реално е премногу малку обиди за да си очајна.
Нема врска,не очајувај,познаничка што ја знам остана на 41год. Тоа се малку месеци,може и после година две да останеш,може и за некој месец,не се знае ништо таму,само од самата психа ќе ви оди потешко! Опушти се,колку повеќе мислиш на тоа толку повеќе си правиш штета.
Овулацијата е само еден од многуте фактори што влијаат на зачнувањето. По 35-тата година, се препорачува да се започне со испитувања доколку не дојде до зачнување по шест месеци обиди. Постојат многу испитувања кои можат да помогнат во откривањето на потенцијални проблеми, што не мора да значи дека ги има. Спермограм, спермокултура и ДНА фрагментација кај партнерот ХСГ за проверка на проодноста на јајцеводите Хормони на третиот ден од циклусот АМХ хормонот Генетски мутации, антитела, НК клетки, како и нивото на витамин Д. Колку побрзо се направат овие испитувања, толку подобро. Јас чекав една година, но со еден спермограм можев да заштедам многу време...
Почни одма со испитувања, кај матичниот гинеколог хормони испитај, партнерот спермограм, моја препорака закажи термин кај специјалист за консултација и ехо на пример кај др. Трајковски во Newborn отиди со резултатите од спермограм и хормоните, во меѓувреме продолжи да следиш овулација и најдобро односи секој втор ден не секој ден. Сперматозоидите можат подолго да опстанат во женското тело. И почни со метилирана фолна уште од сега.
Гледам дека тука сме по активни. Девојки со тенок ендометриум, што конзумирате од храна (освен, цвекло, калинка, бразилско оревче, ананас) и што ви има помогнато освен исхрана? Инаку трет месец пијам прегнантол а од вчера пијам дабростон матичната ми препиша после консултација и следење фоликули. Дали можеби нешто плус од витамини да земам? Секој совет е добредојден!
Кај мене добитна комбинација беше покрај фолна, секојдневно бразилски оревчиња (и двајцата со сопругот), фемина капки, коензим Q10 од 100мг, омега 3 од 1000, витамин д од 1000 единици и витамин ц од 1000.
Јас истиот месец штом почнав со омега 3, д3 од 2000 витамин ц од 1000ка и металирана од 400 пиев. А маж ми пиеше и ашваганда, помага многу таа за спермата останав бремена. Не викам дека има врска, ама не шкоди, витамини се.
Фала ви на одговорите. Да, сакам да се појачаме повеќе со витамини. Од каде ги земавте витамините и ашвагандата - мислам на кои конкретни ?
Ако сакаш исто да појачаш со витамини можеш да земеш и црвена мака во прав, таа е за жените, има и црна мака таа е за мажите. Ние двајцата ја пиеме во смути сабајле пред јадење.
Здраво девојки. Дали некоја забременила природно имајќи полип во матката? Бев на преглед во Плодност, тамо веднаш предлагаат хистероскопија. Матичниот тврди дека не тррба да брзам со зафат, дека може да се забремени и со полип, и дека треба да му дадеме шанса на организмот да го исфрли сам. Многу сум збунета и не знам што да правам. Би ми значеле ваши искуства ако сте биле во иста ситуација.
Јас имав полип, сам организмот го исфрли. Матичната одма на операција ме тераше, ама јас не сакав бидејќи немав родено. И сам два пати и тоа сам го исфрли организмот. Еднаш мака пиев и тоа ми помогна. Другиот пат само што ми виде полип, следното добиено го исфрлив. Многу е битно и кај е полипот.
Моево беше лани. Сега сум бремена 35+ сум. Иначе и ја би почекала, на ендометриум може и ќе се исфрли. Пошо кога добиваш ендометриумот се љушти, па сам може да се исфрли.
Ве молам за совет девојки, маж ми правеше спермограм зимата и беше се ок, освен бројот на нормални сперматозоиди што беше 14, сега правеше повторно искочи дијагноза астенозооспермиа и бројот е сега намален на 6, ова во систина правеше. Дали може некако ова да се подобри и дали може со ова да се направи инсеминација Многу се разочаравме кога видовме дека е толку многу паднат бројот
И маж ми беше со истата дијагноза, но по неколку месеци користење секој ден по една лажица мед со мелени јаткасти плодови, суплементи д3 од 2000, фолна, цинк, селен, витамин е и q10 100мг и секое сабајле црна мака во прав дојде до normozoospermia. Тоа беше во нашиот случај. Да напоменам дека е пушач.
И маж ми е пушач и не ме слуша да ги откаже тие цигари веќе, дали ова од доктор ви е дадена терапија и ако сте биле кај доктор кај кој сте биле, и после колку време има подобрување? И дали сеуште е пушач вашиот сопруг или и цигари треба да остави?