Женски малце сум во дилема. Мојот циклус е секогаш на 26-28 ден. Овулација од 8ми до 14ти ден. Правев втора инсеминација минатиот петок, на 16ти ден од добиено. Го следевме фоликулот и достигна 20мм. Тоа беше минатата среда, примив стоп инјекција и петокот се деси инсеминацијата. Последниот циклус ми беше на 9.11 и по некое правило треба да добијам на 4ти 5ти сега деновиве. Мене ме болат градиве како за добивање, па сакав да прашам дали некоја од вас некогаш правела инсеминација на подоцна овулација и дали имала позитивен тест ?
Па тоааа, малце да не размрдаш! Најубав дочек на новата! Ти честитам, да си имаш лесна и школска бременост.
Девојки почнав да ја читам Свесно мајчинство од Нада Бучевиќ, дојдов до еден дел... (види слика) Па се сетив на тие 7 месеци пробување, работата ми е таква да сум на терен подолго време, во кола и секогаш кога се враќав дома ја слушав песната од Балашевиќ... O, daj okreni taj ringišpil u mojoj glavi To ne zna niko, samo ti Bez tebe drveni konjići tužno stoje Dođi, iz plave boce se pojavi Bar jednu želju ispuni I dodaj svetu malo boje, čudo moje... И замислував дека имам позитивен тест дека дошло моето чудо. Работете и со својата мисла позитивно и кој може нека ја прочита книгата. Стварно прекрасна. Убав ден ❤️
Мене ми останаа уште 20тина стани и полека по неколку на ден читам зошто нејкам да ја завршам ми носи некој мир секоја страница… преубава книгичка, уште помила ми е дека маж ми ми ја купи кога останав бремена зошто приказната на Нада го потсетила на нашата и знаел дека со истите стравови ќе се справувам и јас преубава, кој ја нема одма да си ја купи, особено за сите нас што некако сме се помачиле да дојдеме до здраво и живо бебенце
Јас сум си повторно со мака. За прво детенце имавме мака, но фала му на Господ сега си имам еден палавко. Но за 2ро ете пак проблем да речам..ств нез што би бил проблем..психа овој пат нема ништо со ова, 3м. пробување. Неизгледа многу, но со оглед што веќе има родено се плашам што може да е. 2 пати ехо, 1 колпоскопија, се океј.
Здраво девојки среќен празник да прашам искуство со чајот мацина трева за бременоста имам порачано чекам да ми стане дали некоја има пиено таков чај искуство е имала две цртки .
Јанче направи хормони и хсг, малку ќе се прочистат и јајцеводите. Мн често после пораѓај, спонтан знае да настане некоја помала запушеност.
Мене не ми е јасно 6 дена пред почеток на менструација 8 дена после овулација Јас имам секрет цел ден а и вчера како и на деновите на овулација Зошто
Здраво Феминки после подолга пауза на форумот се сетив дека е убаво да се активирам по малку и многу ми е потребно вашето мислење и совети токму на оваа тема. Веќе имам едно дете, му благодарам на Бог за тоа, но долго време копнеам по уште едно. Она што ме загрижува е моите штотуку наполнети 35 години бидејќи насекаде читам дека тоа е како крајна граница.. Ми требаат искрени мислења и искуства немам многу време да читам цела тема или ако има таква ве молам пишете линк. Редовен циклус и обиди во плодни денови но секогаш без успех но многу месеци сеуште немам испитувано ништо но ќе одам овој месец на комплетен преглед со брисеви а потоа како ќе каже др. Во меѓувреме многу стресни ситуации а и депресија зошто не сум се потрудила малку порано а се' нешто ми се случуваше во меѓувреме.. Како крајно време, сакам да знам отприлика дали на овие години е можно по природен пат или веднаш да почнам да размислувам на алтернативите, какви се вашите искуства и совети дали можеби нешто можам да пијам за зголемување на шансите пример некој чај и слично и какви се најосновните испитувања што најпрво се прават ако претпоставиме дека нема некој проблем освен возраста. Многу ќе ми значи некој од искуство да ми каже а секако време е да се позанимавам со ова поактивно од сега додека сеуште се надевам не е доцна а знам дека има мн што родиле на 35+ но сепак незнам како успеале..
Не се грижи, чим еднаш си зачнала и си ја истерала бременоста до крај пак ќе биде. 35 и не е некоја страшна бројка таман работа. Јас за мене еве ќе си кажам првпат пробав да останам бремена на 35 години иако долги години пред тоа во врска а потоа и неколку години во брак никогаш не пробавме за бебе- теравме друг живот во странство а за бебе не сакавме ни двајцата. Откако пробавме првпат на мои 35 год за неколку месеци 6-7 отприлика останав бремена (сеа сум 17 недела)без да имаме прередовен секс, без да се пратат плодни денови- значи ништо. A месецот и кога останав бремена имавме дали 3 или 4 пати само односи а плус ставав и вагиналети зашто имав кандида и неможев да имам односи баш.Значи ако сака и треба ќе се случи. Е сеа јас си го знам моето здравје и немам никакви проблеми хормоните ми се и секогаш ми биле во ред, имам огромна резерва со јајце клетки, алтрални фоликули и се тоа поврзано да дојде до бременост и затоа не се замаравме многу. Затоа најпрво направи си брисеви да исклучиш некоја инфекција, испитај хормони и тироида, направи вагинален преглед да се исклучат полипи или миоми, а мажот спермограм па пробувајте 6 месеци а може и до година. Па после ако не дојде бременост се знае треба следно да се испита проодност на канали.Тоа вака за почеток , но најважно без стресови и стегање дека сега мора да биде. Поздрав и со лесно
Се тестираше за да знаеш дека тоа пред 8 дена овулација ти било? Може сега ти е овулација. Душо, пред скоро 2 месеци жена роди на 61 година. Така да опуштено и воопшто да не мислиш дека 35 години е нешто премногу за да забремениш. Воопшто не е многу. Баш напротив има многу што и покасно забремениле па ене здрави живи деца си родиле.
Здраво, ми требаат совети како да успеам да останам бремена. Имам веќе едно дете кое има 3 години и решив да одам на второ уште летоска, но еве вече 6/7 месеци со редовни односи и пратење плодни денови не успевам никако, хормони испитани, брисеви направени. Првиот пат останав бремена за 2 месеци од кога пробував а и еднаш пред тоа исто така само тогаш имав спонтан. Осеќам притисок дека веќе ќе сум стара за уште едно дете или дека ќе имаат голема разлика во возраст децата почнува искрено вече психички да ме мачи затоа што сакам ако може да останам бремена природно, било какви интерменции и хормонални терапии не ми се опција бидејќи сметам дека ќе ми влијаат многу повеќе негативно, психички не сум баш многу силна, се борам со анксиозност итн. Дали имате можеби препорака што уште треба да испитам или некоја терапија на природна база, суплементи што ви помогнале за да останете бремени?
Еве нека се приклучат по искусните членки, обично после прв пораѓај можно е да се запушени каналите, па сите спомнуваат ХСГ да се направи, чисто да се тргне тоа како причина. Спермограм сопругот да направи исто, по лесно е да се одфрли машкиот фактор. Можеш хормони да провериш. А витамини неизнбежни се, фолна, ц,д, цинк, магнезиум. Јас и сопругот пиеме мака, он пие ашваганда плус преку еден ден. Инаку инсеминација не е воопшто лош начин да дојдеш до целта. Напротив, можеби ќе ви се убрза процесот.