Дали имаш се испитано? И ти и сопругот? Хормони, брисеви, гинеколошки дали се е во ред? Хсг дали имаш правено? За сопругот спермограм и спермокултира.
Проодност на канали (ХСГ) обавезно да си направиш, поготово после таа случка што си ја имала. Почнете си активно со основни прегледи, појачајте се со витамини. Спермограм сопругот. Самиот момент е многу психолошки па сигурно и тоа игра многу улога. Ќе биде. Ќе дојдете до тоа бебче, мора позитивно да се гледа. Господ ги дава најтешките борби на нај храбрите. Разгледај по форумов, има мнооогу приказни раскажани од жени кои стигнуваат до целта. Ќе биде.
zdravo dali nekoja ima ostanato bremena posle hsg? dali e stvarno toa deka sansite se pogolemi ako se e vo red? nekoja iskustvo da kazi?
Дали вашиот сопруг има правено спермограм или некоја проверка? Ние кога се обидувавме една година, и кај мене беше се' во ред. Кај сопругот се покажа дека има доста мртви сперматозоиди, му дадоја терапија на витаминска база + трибестан и по 3 месеци јас останав бремена. Испитајте каква е состојбата и кај сопругот. И плус, цело време пиев Фемибион 1 поради фолната киселина.
Хсг да направиш после спонтаниот може да се запушени јајцеводи и мутации да видиш причина за спонтам што било.. И да останеш пак бремена да може да се заштитиш.
Да јас еве останав бремена после 7 месеци пробување, месецот кога направив хсг толовски ми рече дека имало запишување на лев јајник рече два дена пауза и после односи на два дена пред тоа топол туш во делот кај јаниците .. А таму овулирав лево неколку месеци по ред како што следев...
fala tiii jas imam proodni kanali... zedov da pijam femibion, pa ke vidime zdravje, daj boze da e taka
Здраво, после хсг веднаш останав бремена само што за жал испадна вонматерична , такада ти препорачувам штом не си направила да направиш и да ги си ги дочекаш двете цртички
Здраво на сите, Сакам да го споделам мојот случај и да прашам дали некој со слично искуство може да ми даде совет или да сподели свое искуство. Во месец октомври направив прва инсеминација со кломифен и примив инекција еден ден пред процедурата. За жал, таа инсеминација беше неуспешна. Во ноември направив пауза, а во декември ја направив втората инсеминација, која се случи на 23 декември. Од 26 декември до 9 јануари користев вагинални таблети Cyclogest. Мојот редовен циклус требаше да започне на 4 јануари, но денеска е 16 јануари, а од 4 јануари досега имав само еднаш неколку капки розова крв. Немам никакви други симптоми, освен што понекогаш чувствувам болка во долниот дел од стомакот. Искрено, имам страв да направам тест бидејќи ми е многу тешко кога гледам негативен резултат. Дали на некој од вас му се случило нешто слично? Би ми значело многу ако го споделите вашето искуство и ли совет.
Аххх… Секој негативен тест ми беше психичко пореметување. Ама мене ова ми личи твоево на добро. Негде датумот како што си правела ти инсеменација, правев и јас. И мене ми беше втора. Како што требало да добиеш ти, така требаше и јас. Со сигурност дека сум еден баксуз, дека јас нема лесно да дојдам до дете, земав тестот се измочав и две црти блеснаа. Ај собери храброст и направи еден тест. Јас сум позитив дека ќе биде убав тестот.
Што убав почеток на 2025та! Со среќа и со лесно.. Утре ќе направам тест и ќе ве известам за резултатот. Се надевам дека овој пат ќе биде позитивен, бидејќи негативните тестови веќе ми се многу тешки.
Лани беше тој убав почеток. Оваа година почетокот има 4 ипол месеци веќе и е права шефица во куќа. Те чекам со две жар црвени линии.
Токму што направив тест, позитивен е.. но почнав да имам и крварење. Сега ја известив докторката и сум на пат да одам на преглед со ехо за да видиме што се случува.. Многу мие страв..
Смирено. Може е хематом некој. Смири се, тоа е најбитно. Верувам дека ти е стрес, ама обиди се да си смирена.
Бев на ехо, имаше бебенце само не се гледаше јасно бидејќи сум многу мала. Утре наутро треба да направам тест преку крв за да се види посигурно. Повторно ми препиша терапија Cyclogest. Сè уште сум изненадена, не можам да поверувам дека конечно, по 4 години обиди, сум бремена.
Имам 1 дете од 4ипол години и со сопругот сакаме уште едно. Веќе 8 месеци имаме неуспешни обиди. Од проверки само хормони имам испитано. Овој месец мислев ќе биде (имавме односи во плодни денови но еве 7 дена ми доцни а тестот е негативен). Дали треба да почнеме со испитувања јас и сопругот или рано е?? Совети ве молам