Диши! Прво, ти посакувам лесна и школска бременост. Галете меше. Второ, доколку си во паника, следи си преку бета преку 1 ден. Ама вети ни дека ќе пробаш да се опуштиш. Ќе биде се во ред.
Ти благодарам мила Кога не можев со години да останам трудна, му се молев на Господ само да ми даде уште еднаш да искусам бременост и ќе се радувам на секоја работа и нема да имам лоши мисли… и првиот ден кога се појави втората линија си реков, ок Џока, Господ ти ја исполни желбата, сега е твој ред да го исполниш ветувањето и да се радуваш макар и само на позитивен тест, и секое следно milestone во бременоста… и обидував така да терам, ама еве пак почнаа бубачките.
Сакала само да биде претпазлива да се следи детално ситуацијата. Мислам немала лоша намера, ама стрес сега не ти треба relax уживај верувај дека е се во ред и мене ми беше така дури јас и крварев. И јас имам правено лапаро/хистеро и од таа причина се плашев да не е вонматерична. На 4000 бета се виде ќесата во матката сега сум 8ми месец. Ти немаш крв тоа е супер, минимални болки се нормални. Одмарај не кревај тешко прашај ја дали заради крварењето што си го имала треба прогестеронска поддршка.
Да, и матичната ми рече утре да сум проверила бета хцг повторно да се види дали правилно се дуплира.. Ти благодарам многу
Да, на прогестеронска поддршка сум, дабростон, утрогестан и пролутекс (пролутексот по препорака на ивф докторот). Само три дена имав кафеаво на бришење, сега немам ништо. Дај Боже да е се ок. Ми е жал ако залудно сме се радувале со сопругот.. ама ајде ваљда не сум до толку баксуз
Првиот тест е од завчера, на средина од вчера, и најдоле од денес… некако слабо прогресира линијата..
Не се води по тестовите, различно сконцентрирана е мокрачата, тие само покажуваат дали си или не си бремена. Води се по бетата од крвта сега.
Таман си е линијата и освен да чекаш, не можеш ништо да направиш. Радувајте се на позитивниот тест, радоста никогаш не е за џабе, факт е дека имаш позитивен тест после многу години и тоа е причина за радост. Повеќе од тоа не можеш, можеш да се чуваш, релаксираш и чекаш да дојде термин кога ќе се види нешто. Првата бременост ја детектирав премногу рано кога ама баш ништо не се гледаше и исто ми рекоа дека се плашат дека е вонматерична. Не можев ништо освен да мирувам и чекам две недели да се види нешто. И не беше вонматерична, еве го 4 години е и го молам да се избања
Џока, испитај мутации за тромбоза, ако немаш испитано. Таман си на почеток да знаеш ако треба да се заштитиш и од таа страна. Честиткии и лесна бременост ❤️
Ве молам некој да ми ги објасни резултатите дур чекам доктор. Зашто е естрадиол толку висок ? А и другите не се добри . Може со ова да се остане бремена ?
Одамна те читав Џока, баш ми е мило што успеа, честитки за ехо може ти е рано ама бета провери си бар уште еднаш да видиш како расте и нај важното биди позитивна, верувај сега дека тоа е тоа вистинското и ќе видиш дека така и ќе испадне ти кажувам од лично искуство
jas koga bev 3+2 ili 3+3 beshe 24 bhcg. Ako dobro vidov kaj tebe vo 4ta e 400 Ti posakuvam se najdobro <3
Edvaj.... site so svoja maka, na rabota nasmeana a srcevo na parcinja mi e, imam 27 god i sobiram dokumenti za ivf
Не се разочарувај, ти си и далеку помлада, имаш и доволно време. Без грижи. Ќе имаш и време за се и телото ти е помладо. Ќе биде ок, те уверувам.