Мн е тажно што во мк на форум повеке ке научиш од кај гениколог. Па бркај термин таму па ваму па немало државно па плакај приватно па прв пат не си донел се што требало па си плакаш консултации за мислење па втор па трет.... ви посакувам трпение и среќа на сите ❤️
Здраво, Каде можат да се испитат? Инаку имам правено едно ивф (неуспешно) направени се сите тестирања пред ивф и се е во ред со двајцата.
Можеш државно на институт на имунологија и хумана генетика или во ману. Приватно по лаб, во авицена е 2900.
Се видов со д-р Трајковски во Њу Борн. Прв пат некој да ме слушне, охрабри, разбере. Се почувствував видено, се разбира дека и "не прекори" за тоа што беше апсолутно во право. Само топла препорака. Не зборува премногу, ама тоа што ќе го каже е доволно. Нема претпоставки, само конкретни работи. Пристапот непосреден, упорен да види тоа што сака да види.
Да, ми спомена, ама не изречно се уште, сака да допровери некои работи. Ништо не морав ни да му раскажам, се си констатираше од тоа што му приложив извештаи и што ме прегледа. Ќе видиме сега, малце ќе почекаме.
Да така беше и кај мене. Мене ми е дијагностицирана ендометриоза уште во 2016 година од матичниот. Кај него бев минатата година во март и без да му кажам дека имам ендометриоза тој сам виде и според резултатите од хормони и се останато заклучи дека треба операција. А кај сите други претходно што сум била од кога ми е дијагностицирана ми викале немаш ништо…
Немам јас ендометриоза. Кај мене се појави од некоја причина затнат јајцевод, но не од ендометриоза. Имам правено тумормаркери и хормоните се ок, не укажуваат на тоа. Ме погледна и на ехо, се е ок. Не исклучи дека нема да треба, но не беше ниту дециден, зошто не морав ништо да му кажувам што претпоставувам, тој истото ми го кажа што јас мислев. Ќе видиме сега што му падна на памет, не сакав да подпрашувам, ама му верувам ептен. Ама и генерално, типот на карактер и пристап ни одговара, да не зборувам пред време, а имаме високи очекувања.
Си била кај најдобриот. Опушти се, верувај му и слушај ја секоја негова препорака. После секоја средба со него ќе се осеќаш дека конечно правиш нешто правилно. За мене како кажа така излезе на крај Не ти ја знам ситуацијата само оваа последно го прочитав. Ти посакувам среќа, упорност и позитивна мисла.
За маж жи плативме хормони на проватно 6600 бидејки неможе да отсуствува постојано од работа а не сме од ск. За мене сакам да искористам државно дали упатот треба да ми гласи за клиничка биохемија? И дали е таму за antimilerian?
Да, ќе и кажеш на матичната за клиничка биохемија. На упатот, ако добро се сеќавам, може ќе пишува Медицинска биохемија, да не се збуниш. Има амх на клиничка, ако донеле реагенси. Пред некој период немаше реагенси.
Бевме на прегледи во плодност со цел да видиме што понатака бидејки 2 години немаме никаков успех со сопругот. После сите напраени испитувања ни рекоа дека не сме ниту за инсеменација а најмалцр инвитро. Мојот tsh високо таше рече среди си ја тируидната и ке останеш бремена. Дали некој го имал истиот пробчем? И дали tsh може да прај толку голем проблем
Таше нема понашање никакво, незнам искрено не си трошите време таму. Ако мисли дека тоа е проблем а све е друго океј зошто ви истрошил две години и пари. Извини вака... многу ме иритираат такви луѓе.
Ај едно глупо прашање. Може да си скептик за се, ама кога е за вакво нешто, ќе поверуваш и во неверојатното. Дали мислите дека акупунктура или биоинформатика може да помогне во процесов? Има ли некој искуство?
Јас испитував и на Клиничка биохемија и на гак, за амх даваат директно за на Клиничка, за гак мора од гинекологот од таму упат.
Јас имав повисоко тсх околу 3 до 3.8. Доктор од Плодност ми кажа да го средам тоа и потоа требаше да правиме и проодност на јајцеводи. Отидов кај д-р Костурски, ми препиша терапија и на третиот месец од терапијата останав бремена баш тој месец кога се спремав за хсг Ние пробувавме една година и пет месеци. Не губи надеж, ти праќам од мојата среќа и наскоро да не израдуваш со две цртки
Hormoni i kaj dvajcata . Na mazot spermogram spermo kultura i bris.Kaj mene proodnost na kanali napraeno e kaj tolovski toa.