Најголем. Не за џабе ја викаат диригент на хормоните. Во право е Таше. Консултирај ендокринолог за терапија. Ти посакувам успех што побрзо
Може и мутации да испиташ, и пробај со следење фоликули неколку месеци и да видиш како е ендометриум и фоликули дали растат прскаат како што треба. Тсх мн е високо? или над 2 е
Ми рекоа тоа е за од кога ке останам бремена треба да примам клексано. Сега за сега пијам само метилирана фолна
Мене пред процес на ивф трансфузиолог ми препиша метилирана фолна, метилиран б12, кардиопирин, пиев и други суммплементи препишани од ивф доктор, а за клексани трансфузиолог ми пиша 15 дена пред ет.
Кај кој трансфузиолог одиш? Мене резултатите ми ги гледаше таше о мојата матична. Мислев од кога ке останам бремена да посетаж, но убаво бо било и сега. Благодарам за советите ❤️
Кај др. Јани бев, трансфузиолозите се стручни за тоа. Па подобро пред бременост, ќе бидеш покриена со терапија.
Јас земав од општ матичен со шифра I83. Следи термин и кога ќе има јави се на матичен да ти закаже, можеш и со приоритетен, ама ќе чекаш да поминат прво тие со термини.
Во ред , ти благодарам. Ке зборувам со матичниот. Гледав за кај јани нема термин во следниве 3 месеци
И јас кога барав немаше, па за среќа се ослободи еден термин и се јавив на општиот матичен да ми закаже.
За ТСХ е најдобро да се консултираш со ендокринолог. Како шо разбрав си од Струмица па Битола и Костурски ти се подалеку. Источна Северна нема приватен ендокринолог, знам дека во Штип во државната има, па можи матичен да те закажи. Јас одам во Скопје во Срце кај проф. Бранкица, ама ми кажаја дека била добра и д-р Стефанка во Ремедика.
Да не си ги даваш парите за вакви суплементи ништо не помага за висок тсх само еуторикс терапија препишана од ендокринолог исто пролактин како ти се движи обично висок тсх дава и повисок пролактин но и не мора да значи.