Здраво феминки, веќе некое време сме во процес на обиди за забременување и досега неуспешно. Меѓувреме направивме спермограм и резултатите може да ги видите од сликата. Навистина сум премногу емоционално скршена и ми треба ваше мислење или препорака што да правиме следно. Спермограмот е контролен, пред 4 месеци резултатите исто од Гак беа до еден параметар не идентични туку буквално исти. Што мислите??
Џока, те имам читано од претходно и неколку пати пишано дека ќе дојдњ и овој ден. Значи ти се израдував како на сестра, еве денес го видов ова, јас сум пресреќна за тебе. Ти посакувам лесна и школска бременост.
Ти благодарам мила Мене сеуште не ми се верува дека стварно сум бремена, и тоа кога најмалку очекував! Сега само ми останува да се молам да биде се како што треба.. Се плашам и да се израдувам
Како што пиша, ги виде двете цртки, сега е на ред твојата позитива и убава мисла. Овој пат ќе биде се супер.
Лелее Џокаа, честиткиииии!! Доцна гледам мила ама како што вика Финекс, и јас ти се израдував како на сестра. Те имам читано многу пати и знам дека не беше лесен твојот пат, ама ова бебенце сега е за тебе. Ќе си го гушниш и ќе бидеш најсреќна мама на цел свет. Со лесно до крај идна мамииии! ❤️
Здраво девојки ми треба ваше мислење. Една пријателка некое време пробува за бебенеце овој месец си доби менструација се нормално и беше. Откако и заврши после 4 дена забележала дека пак има крв малку повеќе од неколку капки и многу болки од едната страна на јајникот. Од сабајле правела тест позитивен целата среќна ми се јави ќе ти дојдам на кафе. И реков да се јави на матичната и да и каже, не сакам да ме свати погрешно но тие болки и крварењето ме загрижува. Некоја со вакво искуство да била бремена, а добила менструација, можноли е да е вонматерично па затоа да добила и затоа сега има позитивен тест.
Нека испита хормони исто на ГАК и нека си појде на уролог, ние со сличен спермограм на уролог ни констатираа варикоцела (што воопшто не мора да значи дека и вие ќе имате иста дијагноза). Променивме начин на исхрана, воведовме тренинг и пиеше сопругот профертил 3 месеци, имаше подобрување. Немој да се разочаруваш, кај мажите спермогенезата трае 3 месеци и понекогаш со вакви мали промени во начинот на живот се постигаат добри резултати
Ме плаши тоа што резултатот е потполно ист како и од пред 4 месеци, буквално процентите на А и Б се исти… не знам дали е тоа возможно иско сопругот меѓувреме конзумира ашваганда, јаткасти, мед исто со јаткасти, ихраната е сменета исто и сепак ништо.
Појдете на уролог, нека го прегледа и нека му даде упат да испита хормони, продлабочете ги малку испитувањата доколку сакате природно да си пробувате
Здраво на сите, јас после речисо 5 години се навраќам на тема . Кажете ми дали некоја има тука што имала проблем со забременување со второ. Не знам еве неколку месеци пробуваме ама ништо. Немам одено брзо на контрола последна се беше уредно ама речиси пред една година беше. Утре ќе закажам преглед но еве сакав со Вас да продискутирам. Фала Ви однапред
Направи си и хсг, да видиш дали ти се проодни каналите, провери си хормони. Маж ти има направено спермограм и спермокултура?
Јас после скоро 7 години се решив за второ пред 4 месеци. Пробувавме но ништо, последните неколку месеци добивав на 35-40 дена па затоа сум имала и покасна овулација со што се потврди на последниов преглед. Овој месец се решив на фоликулометрија и баш во средата на 24 ден имав фоликул од 20мм. Бевме активни па ќе видиме месецов како ќе биде дали е до тајмингот или до нешто друго...Сакав да кажам за претходните обиди биле промашени со оглед на тоа дека сум имала покасно овулација. Дали си била на следење фоликули?
Фоликометрија и хормони. Следи на матичен 2,3 месеци како растат фоликулите и бидете тогаш активни. Ако е се во ред а не се зачнува тогаш може мм да направи спермограм
Здраво девојки, дали некоја од вас пиела Кломифен за стимулација на овулација и дали пред да се почне со пиење треба да се направи и ХСГ? Се обидуваме за бебе ама неуспешно, јас имам дијагноза ПЦОС и ановулаторни циклуси, освен тоа немаме направено никакво друго испитување ни јас ни сопругот а гинекологот овој циклус треба да ми даде кломифен за стимулација. Јас читам по интернет дека пред да се даде кломифенот треба да се направат сите испитувања за да се открие точната причина зошто не доаѓа до бременост и сега тоа ме мачи
Еве ја сум со секундарен, првото зачнато природно пред 8 год. Испитај хормони, хсг, спермограм. Ова за почеток.. Се надевам нема да имате потреба од инсеминации и ивф ама ти треба: Хив, брисеви, хормони, пап... Јас со две неуспешни инсеминации, и сега ќе одам на второ мислење и уште еден спермограм да видиме дали има воопшто подобрување или си го губиме времето.