Честитки за новата трудница, и кајмене првиот пат втората цртка бесе многу, многу бледа. Инаку јас денеска добив и трета менструација после спонтаниот во ноември и после оваа менструација стартуваме со нов обид за бебуле
И јас мислам дека сигурно си бремена,напрај уште еден тест на првата мокрача од сабајле ти држеме среќа и чекаме да не израдуваш,па побрзу и кај нас другите што чекаме.....поздравче
нека и е Честито на новата трудница и се ке биде во ред се надевам дека ке слуШаме само убави и радосни вести и да даде господ на сите по едно слатко бебенце само со позитивна мисла и се ке си дојде на свое место голем поздрав до сите
И јас мисламдека си бремена,и мене првиот пат кога останав бремена така ми се појавуваше на тестот...мислам дека си бремена...ЦЕСТИТКИИИИИИИ,И ДАЈ БОЖЕ СИТЕ ШТО ЧЕКАМЕ ДВЕ ЦРТИ ОВОЈ МЕСЕЦ ДА СЕ ИЗРАДУВАМЕ
вега бремена си 100%,нема друго,ти честитам од се срце и дај Боже кај сите што очекуваме да се појават овој месец.....јас утр НЕ треба да добијам........
На гинеколог мора да те види на вагинално ехо и ќе ти каже до кај ти е стасана јајцеклетката што зрее тој месец. Бар на мене така ми кажа мојот гинеколог, вика за ден два ќе прсне и тогаш обавезно имајте секс
Девојки сакам да ве прашам нешто...Мене ми касни веке 5 дена правив денеска сабајлево тест и ми показа негативно,а немам никакви симптоми за менструација обично чуствувам кога треба да ми дојде а сега ништо а и ми доцни....ниту пак имам некои симптоми на бременост единствено што многу мокрам,и понекогаш ми се гади.Што ке ми кажете вие можно ли е да сум бремена или пак имам некоја циста многу ми е страв тоа да не е.А во понеделник треба да одам на гениколог ако не ми дојде менструација,да видиме со е работата...
zagrizena123 ако до сега ти била редовна менструацијата тогас мозеби си имала покасно овулација овој месец и ако си бремена тестот ке показе за 4-5 дена. тестот мозе да биде лазно негативен.знам дека е теско и неизвесно Чекањето но издрзи.се надевам ке биде позоитивно. и јас пред да бидам свесна дека сум бремена немав симптоми за добивање но многу ме болеа брадавиците на градите. дали ти Чувствувас болни брадавици...бидејки тоа е еден од најраните симптоми. поздрав inaku mene vcera mi zavrsi i se nadevam ovoj mesec ke bide dobar, se nadevam ke se opustam ppoveke bidejki ne zivema MK, a ne sum bila MK dve godini pa nekade sredinata na mart odime za MK...pa se nadevma ke bide nesto, ako ne tuka e april
Инаку не ме болат брадавиците буквално немам никакви симптоми....единствено често мокрење но и тоа не мора да значи може и од измрзнано да е.Се надевам и јас дека ке биде позитивно ке видиме во понеделник....
Дали може некој да ми одговори: може ли да има проблеми со плодот, ако дошло до забременување, а мажот има дијагноза тератозооспермија? Ви благодарам.
Нормални вредности на спермограмот Волуменот треба да биде поголем од 2 мл. Нормалните вредности за волуменот се од 2-6 мл. Нормалната вредност на pH е од 7.2 до 8. Ејакулатот е со базична pH вредност за да ги заштити сперматозоидите од киселата средина во вагината на жената. Концентрацијата на сперматозоидите треба да биде поголема од 20 000 000 во 1 мл. Иако овие вредности по препорака на СЗО во последно време се покачени на 40 000 000, сепак и кај мажи со помалку од 20 000 000 милиони сперматозоиди во 1 мл ејакулат може да дојде до природно зачнување. Врз ова секако влијае дали се добри другите фактори, односно морфологијата, подвижноста и сл. Мажите со концентрација на сперматозоидите од 10-20 000 000 се смета дека се со намалена плодност, а оние со помалку од 5 000 000 се сметаат за неплодни. Подвижноста на сперматозоидите треба да биде поголема од 50%. Виталитетот исто така треба да биде поголем од 50%. Морфологијата: треба да има над 60% сперматозоиди со нормална градба. Ликвефакција треба да настапи за 10-30 минути. Кога спермата ќе се најде на собна температура се згустува. Времето на ликвефакцијата е времето што поминува додека спермата повторно не дојде во течна состојба. Ако времето е продолжено може да ја намали плодноста. Прусуството на леукоците треба да биде помало од 1 000 000. Зголемениот број на леукоцити укажуваат на некоја инфекција. Azoospermia Во случај на Азооспермија во ејакулатот воопшто не е присутни сперматозоиди. Задолжително се прават хормонални испитувања, а по потреба и генетски. Отсуството на сперматозоиди може да се должи на непостоење на сперматогенеза, но може да се работи и за постоење на сперматогенеза и некоја блокада. Доколку се работи за блокада, можна опција е нејзино хируршко отстранување. Сепак често пати оваквите хируршки зафати не се многу успешни. Друга алтернатива е посебна метода на ИВФ, при која со пункција се земаат сперматозоиди директно од тестисите на мажот и вонтелесно се оплодува јајце клетката на жената. Teratozoospermia Има помалку од 15% сперматозоиди со нормален облик. Necrozoospermia Во ејакулатот нема живи сперматозоиди. Polyzoospermia Кај полизооспермијата се работи за превисока концентрација на сперматозоиди, над 250 000 000 во 1 мл. Многу од овие сперматозоидите се со неправилна градба или неподвижни. Но и во случај кога се здрави сперматозоидите, спротивно на очекувањата, плодноста е намалена. Често пати успешно забременување се постигнува со инсеминација на жената, со преработена сперма. Hypospermia Волуменот на ејакулатот е помал од 2 мл. Ако волуменот е премногу мал сперматозоидите нема да можат да стасаат до грлото на матката. Hyperspermia Волуменот на ејакулатот е поголем од 6 мл. Спротивно на очекувањата и ова може да предизвика неплодност. Aspermia Во случај на аспермија воопшто нема ејакулат Се надевам ти помогнав текстов е превземен од твоебебе.
Здраво девојки. Кај мене се прегледаа и плодните денови и ми каза гиникологот дека се ми е во ред и кај мене нема да има никаков проблем за забременување,но на спермографот кај мажот ми открија повеке бактерии и сега ни казаа пак да однесеме сперма за повторно да се провери уште едншкаа,а исто и на хигиенски да се провери,па сега оваа недела пак ке провеиме,но се плашам ако не е добар резултатот дали ке се поправи и како ке се лечи.Дали некој имал ваков слуцај и знае ли што понатаму зошто сум нестрплива?
Јас треба да добијам градите ми се тврди и много ме болат,помина и овој месец до април една година како се обидуваме...............
ви ја испраќам сета среќа на сите кои се обидувате да имате бебенце, ама ке си задржам малку и за мене и јас тоа го чекам со нетрпение
Девојки, мене треба да ми дојде на 10. Имам ептен добро познати болки за добивање, но и зголемен апетит. Навечер не спијам, ама денски ми доаѓа да го преспијам цел ден. Но и многу ми се зголеми апетитот. Дајте, кажете дали може да има нешто, и плус тоа немам никаква болка во градите, дури сега почнуваат да се стврднуваат. Не знам, се плашам, не сакам и сега да не успее. Пијам фолна киселина скоро месец дена, како и Е витамин. Молам искусните да се јават за совет. Поздрав