Др Владимир не советуваше да аплицираме за ивф поради ниско АМХ. Еден спонтан во 8недела ,пред 5год.и од тогаш во место стоиме. Освен ниско АМХ, не гледа друга пречка, и веќе не знам што да мислам
Многу време сте чекале навистина, разбирам зошто сега ти се брза. Идете на ивф секако штом 5г не си остварила бременост, претпоставувам со активни обиди. Дилемата беше дали да одиш на приватно веднаш или да чекаш ваучер. За да направиш уште две инсеминации и да аплицираш и добиеш ваучер, ќе те фати уште најмалку 5 месеци - дали ви се чека треба вие да си одлучите. Битно сега не стоиш во место и така си поблиску до целта. Ти посакувам среќа
Правевме муабет ако се сеќаваш..ја еве сеа останав бремена природно, по 3 4 месеци обиди. Не успеа бременоста, тоа е друго, ама не губи надеж и за природно. Ја и под стрес бев тој период, ќерка во скок, хаос беше па кога сакало, биднало. Така да, батали ти ова амх, милион примери има и со бетер пониско па успеале и природно. Не е пресудно за останување бремена и др фактори се битни. И инсеминација да пробаш, ништо страшно, може од прва ќе успееш. А за ивф, имаш време да мислиш, патот е тежок, посебно психички ама ако ти е единствен спас, верувај и те како ќе го одиш, зошто желбата за дете е поголема од се друго. Прво "потроши" ги сите др опции па здравје ќе мислиш на тоа како последен избор.
Здраво девојки Септември одиме на втора инсеминација.Работам во мини маркет,каде што има физичка работа,и претежно тешка,бидејки сме по една на смена.За првата матичната ми даде боледување 2 недели,додека докт што ја правеше инсеминацијата ми рече дека можам да идам на работа. Дали и за втората да останам,или да идам на работа ,со намеера да не кревам мн тешки работи?
Здраво женски, дали овој тест за овулација е позитивен? Знам беше дека втората цртка треба да биде иста или потемна. За второ дете се работи, но сум заборавила
Здраво на сите! Веќе година дена се обидуваме со сопругот за бебче, но за жал безуспешно. Имам нередовен циклус. Е сега пред некој ден ми се случи две утра по ред да повраќам, ама не класично повраќање туку само како киселина, имам зголемени и цврсти гради, болка во јајниците и долниот дел од грбот, завчера имав светло жолт ваѓинален исцедок, а вчера тестот ми покажа негативен. Можно ли е да е рана бременост и уште да не покажува тестот? еве го тестот
Здраво девојки, Дали може да ми кажите дали е нормално спермата да истекува од мене и после 20мин лежење?
Добро штом си извадила, јас првиот пат кога правев за 1во две имав бес ниедно боледување, само слободен ден.
само да ве поздравам. Има некоја што е во исчекување? Јас уште четири дена до циклус, симтоми ама баш ништо. Баш се погоди да одиме на одмор кога треба да ми дојде Но колективен одмор, немаш избор. Белки нема да дојде ич Ќе биде убаво изненадување.
Здраво девојки, што мислите кои вагиналети се подобри Utrogestan или Cyclogest? Штотуку добив позитивен тест правевме инсеминација и ги користев Cyclogest, дали да набавам повторно од нив или да сменам на утрогестан? Предходно имам користено Утрогестан но небеа успешни инсеминациите