Имам другарка што многу патува, стално е во движење и вклучена во некоја хуманитарна акција, а долго е во брак и еднаш дури и мајка ми се дрзна да каже: убаво што е активна секаде, шета, се вклучува во јавни настани итн ама барем да си родеше едно дете, вака сама ќе остане... А другаркава со неколку спонтани абортуси во изминатиов период што мајка ми не ги знае. Така добро сум и одржала лекција дека не треба да се интересира за туѓите животи и одлуки што после тоа ни мене не се осудуваше да ме праша зошто чекам.
Здраво сакам да прашам дали некоја од вас има точкасто крварење на гаките на 20 ден од циклус? Тоа неколку пати ми се има случувано на 20 или 21 ден од циклус не знам од што причината?
Аха, да, на сликата после убаво видов посветла е... За второ детенце се работи ама пак како од почеток
Здраво пишав и во вонтелесно ама немам одговори сеуште, дали овде ќе најдам одговор од некоја членка? Ваучерот треба да се заврши со трансфер во рокот од 6 месеци или само е битно да се отпочне постапката во тие 6 месеци? Некој со искуство да е откажан свеж трансфер и да се прави трансферот по истекот на рокот на ваучерот?
Дали некоја има искуство со фолиномел? Читав многу добри рецензии и на српски форуми.. Јас нарачав па ќе видиме.. Кај нас за сега нема конкреетен проблем, до сега се е добро ОСВЕН што ми беше покачен пролактинот за што пиев достинекс, кортизолот исто ми висок и изразен дефицит на витамин д за што пијам многу високи дози.. И се тоа ми викаат не влијае директно ама посредно може да влијае на квалитетот на јајцеклетките и да има послаба овулација.. Ќе пробам месецов со фолиномел ама некако веќе немам сили ни да мерам базална, да следам денови, исцеок.. месецов пауза од се тоа..
Гледам појако е земи го и пиј ама Следи фоликули, преку 1 ден идев да ги следам.. и после потврдував овуација со два теста кога ќе ми кажеше е 20 мм или 21 мм фоликулот и топол туш пред однос напред, позади кичмата, односи преку 2 дена, три недели пред да забременам пиев Пентоксифилин со вит Е, а скоро два месеци елова по две кесички, година дена метил б12 1000ка, метил фолат 1000ка, д 3 - 4000iu.
Ако не биде месецов, од септември ќе одам на мерење, некако уморна ми е душава иако можеби е рано да кажам уморна со оглед на тоа што 9 месеци се обидуваме ама ми треба овој месец да се ресетирам а секако ќе одиме и на одмор.. Фала ти на советот, ќе пробам со фолиномел, метил фолат и метил б12 веќе пијам како и д3 од 4000 единици според доделена терапија бидејќи многу низок ми беше витамин д. Исто пријам и аспирин секој втор ден заради мутации
Ива јас пијам фолиномел. Многу убаво ми делува, нема штетни состојки пробај си. Приметив дека и циклусот ми се среди последниве 2 месеци од кога го пијам, точно на 30ти ден добивам, а пред тоа поради различни хормонски апчиња (дабростон, кломифен, естрофем) се случуваше да ми доцни и по неколку дена. И да, спијам по убаво! Само опуштено на одморче сега, мозок на пасење и уживајте.
Зошто на фолиномелот пишува додека се пие да не се конзумира свинско месо? Секако не треба да се претерува ама не ја разбирам поврзаноста.. Свинското месо влијае на плодност?
За да има поголемо дејство фолиномелот треба по малце мрсни работи да се конзумираат, свинско и сувомеснато се спомнати. At this point, исхрана, суплементи, активност... Мислам дека свесни сме за животот што го водиме за да дојдеме до тој позитивен тест. You good!
Здраво на сите, ве молам за препорака за добар и посветен гинеколог. Ми треба некој што ќе ме води со испитувања или препораки. Имав миссед абортус во 8ма недела, излезе дека имам мутиции, после 8 месеци од тогаш уште немаме позитивен тест. Спермограмот излезе задоволителен, но во план ни е да направиме и Catsper. Сето тоа ние си го одлучивме, матичната не е баш заинтересирана и немам никаква поддршка од неа. Благодарам
Од мое лично позитивно искуство Билјана од Ложанковски. Засега ме води добро и се сме направиле што сум побарала. Инаку самоиницијатвно биле многу од работите што сум ги побарала ама за се се сложила. Инаку ХСГ - проодност на канали дали имаш направено?