Ние почнавме од јули некаде да пробуваме, ама без некаков притисок онака. Некако несериозно си ја сфаќавме работата. Сега некако почнав многу да осеќам притисок околу мене, и почнувам да се нервирам малку и да се прашувам да не нешто не е во ред. Мислам дека е уште рано за да си ставам таков притисок и мислам дека имаме уште простор за да пробуваме и да се заангажираме малку посериозно. После ќе одам кај гинекологот, очекувам дека може ќе ми каже дека треба да превземиме некои други чекори, ама јас лично мислам дека уште има просрор и време.
Обично матичните после година праќаат на основни прегледи. Што и да, треба да е така. Ама ако си сакаш на своја рака да одиш, како што направив јас, почни си.. без притисок едно по едно. Брисеви, пап, хормони. Мажот понатаму спермограм (машки фактор е секогаш по брзо да се елиминира како причина) И доколку си во можност, следи овулација со матична, така е најточно. Ајде па за скоро да се пофалиш со еден позитивен тест.
Фала ти Мислев да набавам и од тестовите за следење овулација и да мерам базална температура. Ама некако дома не сум завртена. А и маж ми исто. И мн тешко ни иде планирање односи во плодни денови . Пијам само метилирана фолна 1000 мцг. Сега ќе разговарам со матичната дали да земам нешто плус, д витамин, б12, инозтиол .
Оно најдобро е секој втор ден.. ама ако не иде така следна најдобра опција е потвдена овулација со гинеколог и на маж му викаш те затварам деновиве и терате.
Испитај мутации за тромбоза, најбитно. И да останеш бремена да знаеш дали треба терапија, да не се стресираш со спонатни и биохемиски ако има некоја мутација. А секоја втора има така да тоа од мене. И едно хсг ако после 4-5 месеци пробување и следење фоликули плодност не бива. Да не си ја должиш работата ако ти е важно времето.
Нема влијание, тоа е хормонско и не ги намалува шансите за бременост. Дури е добар знак да знаеш дека ќе следи овулација и да бидете активни. Не се јавува кај секоја жена и не се јавува секогаш, кај мене се јавуваше повремено. Со среќа.
Бев сега пак на гинеколог и утврди уште еднаш дека овулациите ги имам. Ми даде да пијам P-Costil, два месеци интензивно рече. Утре ќе проверам и хормони, па ми дава уште два месеци да сме пробувале интензивно од 10-17 ден. После тоа ако не биде, ќе правиме спермограм, па отом потом се што треба. Некој искуство со P-Costil?
Се обидуваме за бебе и баш во овулација се случи да направм рентген снимка на стапалото. значи баш тој ден беше "ризичниот" однос. А веднаш потоа се случи да си го повредам стапалото. Што мислите ако се случи да бидам бремена би било ли штетно? Пред да му го прават рентгенот, кажав на докторката дека се обидувам за бебе и вика па стапалото е оддалечено од стомакот, треба да ги направиме рентген зошто не знаеме дали е скршена ногата. Ваше мислење?
Значи си била во овулација.Не си бремена.И процесот на забременување не настанува на истиот ден од овулција.Немаш потреба за грижи
Пролактинот ми излезе 39.02 (нормално е од 1.9-25.0) Тестостерон 0.98 (0.10-0.90) Друго се е добро Претходната вечер имав стресна ситуација, заборавив да кажам. Сега докторката ми дава dostinex да пијам по четвртинка, еднаш неделно. Не знам дали да повторам пак хормониве, ради стресот или да пијам. Ми рече нема некоја штета и да ги пиеш.
Девојкии Да ми препорачате добар гинеколог за преглед и планирање на бременост, после вонматерична бременост? Ви благодарам однапред
Да сум на твое место би ги повторила ,сепак хормонски апчиња се ,чисто да се осигурам ,или побарај мислење од ендокринолог бидејки на вредност како твојата за пролактин ми беше препишана терапија од претходната матична а немало потреба .Не би се согласила дека нема штета од хормони да пиеш освен ако нема потреба.Доколку минатиот ден ти бил стресен може и моментално да ти де покачил ,мое мислење е да си повториш нареден месец