A vo drzavna dali gi pravat tie koagulaciski testovi u homocistein?posto prvo mi rekoa tie da gi napravam pa posle genetski ako ima potreba ?
Поздрав мила, И јас треба да направам лапараскопија и хистероскопија,кај кој доктор го направивте ве молам? ❣️
Здраво, Не живеам во Мк, овде кај што сум правев операција ама препорака дека треба да се оперирам добив од др. Трајковски, Њуборн така што да бев во Мк кај него ќе правев сигурно. Среќно!
Две недели од прв ден добиено или од последен? Ми изгледа како да зајакнува линијата провери и вечер и утре.
Oбично се рачуна од прв ден добиено. Знае да варира, да биде и рана и доцна овулацијата, од различни фактори. Можно е да ти е рано, а може и ќе се затемни цртката тестирај се вечер, и утре сабајле пак. Во меѓувреме бидете си активни. Среќно!
Фала ти многу мила ❣️ Ми даде трошка надеж дека после лапараскопијата може да останам природно бремена! Јас имам една ќерка 6 години(родена со царски рез),сега се обидуваме за второ дете,10 месеци ама ништо,јас мислев како со ќерката ќе немам проблем,сега после сите испитувања(хормони перфект,брисеви се уредно) бо ХСГ и двете туби излегоа непроодни (според лекарите причината е царскиот рез)! Јас многу се надевам дека ќе се реши нешто преку лапараскопијата,да не влегувам во водите на ИФВ,дека имам едно фибрпаденома на града(и се плашам од хормонска терапија) Фала ти многу на одговорот!❣️
Здраво, мажот ми ќе прави операција за варикоцела во државна болница. Денес го информираа дека операцијата ќе се изведе со спинална анестезија, а не со општа, како што претходно му беше кажано. Дали некој има искуство со лапароскопска операција за варикоцела под спинална анестезија? Какво беше искуството за време на операцијата, дали се чувствува болка, притисок?
Здраво девојки. Совет за резултатите, пиев цел месец Еутирокс,и сега едниот хормон анти тереог. ми е уште повеќе покачен.
Јас антитела измерив само еднаш, видоа дека се покачени дијагностицираа хашимото и ми кажаа дека од тогаш испитувам само Tsh и FT4 (во бременост tsh и ft3). Еутирокс не е лек, не лечи, тоа е синтетички хормон кој тироидната не го произведува затоа што полека ја уништуваат антителата. Во случај на хашимото и хипотиреоза го пиеш до крај на живот, а се боцкаш повремено за да види доктор дали да ти корегира (зголеми) доза. Јас почнав со 50ка пред 10 години, сега сум на доза 125мг. Еден период пробав да следам AIP начин на исхрана ( автоимун протокол, го има на нет) и се чуствував многу добро, скоро без симптом (еутирокс не прекинав да пијам, со тоа не си играв играчки). Денес имаме фала богу и доста нутриционисти па покрај поддршката со еутирокс, можеш да пробаш да си ги намалиш симптомите и со убава храна. Но мој совет ништо немој на своја рака, поготово не експериментирај со 'природни' препарати на база на јод. Те изгњавив, извини