3 месеци е релативно краток период ама и јас сум како тебе, сакам одма и сега. Ние пробуваме активно 4-5 месеци, а претходните 5-6 не се замарав баш многу. Направив пап, брисеви, испитав мутации сама на своја рака, цела крвна слика со хормони, хомоцистеин, б12, витамин Д, АХМ, феритин, се што може да се испита хахаха. И сопругот спремограм. Од суплементи пијам метилирана фолна, вит Д 2000 И.Е и омега Пред скоро 2 недели имав биохемиска, ама гледам да си најдам светла точка, дека сепак ете може да биде работата Од мое искуство, јас би ти кажала да направиш вакви основни испитувања, јас откако ги направив некако ми дојде како олеснување и ми се тргна тој психички товар да мислам дали има нешто што не е океј и баш тогаш "фати"
Ти благодарам многу за одговорот. Доколку и овој месец биде неуспешно ќе инсистирам и јас да направам испитувања.
Здраво, со партнерот веќе 6 месеци се обидуваме за второ бебенце но неуспешно. Првиот пат кога решивме да пробаме од прва останав бремена од 1 однос. Породена сум пред година и 8 месеци со итен царски рез. Знам дека медицински гледано сеуште е рано, до 1 година е во граници на нормала ама не сакам да го губам времето и би сакала на своја рака да почнам со испитувања. Дали можете да ме упатите од каде да почнам и што е најбитно да се испита како за старт, кои хормони? Исто така тука на форумов доста пати прочитав дека после царски рез се појвува проблем со проодноста на јајцеводите па сега и тоа ме мачи, дали и за тоа да закажам преглед..
Летрозол дали може приватно или само на рецепт е? Тие што инате правено инсемнација колку денови сте биле стимулирани?
5 дена, по 2 или по 1 дневно. Јас со рецепт ги имам земано. Многу се подобри од кломифен, не тенчат ендометриум.
Позитивно. Рамномерно растење на водечки фолекули, без цисти, без тенок ендометриум. Постигната близначка бременост.
Здраво девојки. Да прашам, доколку се одлучам првото инвитро да е со природен циклус (Амх 0.686 пред 2год,сега немам испитано), дали доколку би било неуспешно, при повторно поднесување на документи до комисија во ФЗОМ за втор ваучер, би ми барале повторно да испитам АМХ?
Здраво девојки Дали некоја знае да ги протолкува резултативе што ги праќам подолу? Меѓудругото имам инсулинска, полицистични не ми се потврдени од ниеден гинеколог досега. Пијам еутирокс поради хипотироидизам после првиот пораѓај. Моментално на терапија три дена од 50 и четири дена од 25 еутирокс. Циклусот ми е секогаш различен некогаш 30 дена, 34 , 36 дена секогаш е различно.
Овие се репродуктивни хормони. На 3 ден од циклус ти се правени? Сите се добри, во рамки на референтни вредности.
Да, направени се на трет ден од циклус. Некако во однос на референтни вредности мислев да не се ниски и да не има проблем да нема овулација
Консултирај се со гинеколог ама сосема во ред се резултатите. За овулација пробај да следиш со тестови, или мерење фоликули кај матичен гинеколог, да фатите за сигурно.
Според ова имаш полицистични јајници. ЛХ ти е повисоко од ФСХ, а треба да е обратно, што и укажува на полицистични, на ехо не се гледа?
Здраво, ако може некој што има искуство малку да ми ги објасни резултативе додека дојдам до термин кај матичната. Правени се на втор ден од циклус. По 5 месеци неуспешни обиди за втора бременост решив да почнам со испитување па за почеток ова е се што испитав.
Искрено не знам, матичната ми кажа дека идеше викенд ако добијам во четврток во петок да отидам за боцкање дека сабота и недела не работат. И така испадна добив во четврток сабајле а во петок сабајле бев за боцкање.