Ima aplikacija premom mislam se vikashe, si gi slikash testovite i si kachivash tamu, i ti kazuva dali se sluchila ovulacija ili ne
Да ја имам ама не се поклопува тоа со ехо... Ќе видам и утре како ќе е на ехо. Ама секако и тоа со тестовите ќе го земам во предвид. Па ќе видиме исход.
Здраво ,правев испитување за хормони и пролактинот и LH хормонот се покачени,лани во ноември имав спонтан до спонтаниот имав циклус на 1 месец,и хормоните тироидна се беше во ред кога останав после спонтаниот добив еднаш и еве повеќе од 3 месеци сеуште немам циклус хормониве ги испитав кога немав циклус бидејќи немаше опција да проверам што е со циклусот и сега покачени се тие .Го правев во Германија испитувањето бидејќи тука живеам ама во Мк ќе одам следна недела и ќе правам повторно испитувања како да се средат хормоните и да се нормализира циклус а не да ми доцни со месеци ,да се изрегулира за повторно да останам бремена ?
Пролактин е стрес хормон, колку ти беше покачен? Обично ЛХ кога е поголем од ФСХ, укажува на полицистилни јајници. На ехо што викаат? Ако не е многу покачен пролактинот, можно е да било од стрес, ако е многу ќе треба дополнителни испитувања.
Девојки некоја има ли искуство кај Др.Гуржанова ,денес бев на последната фоликулометрија (дежурна е она ,инаку сум кај Хаџи-Лега)ми делуваше тотално незаинтересирано ,ме прегледа за 2 минути и толку несигурна беше и за стоп инекцијата дали да ми ја даде и кога да ми ја даде.Средата имав фоликули 12,14 и 16 мм ,денеска сабота 20 мм .Воопшто не ни обрна никакво внимание,ве молам искуства од кај нејзе,многу сум изреволтирана .Тек вторник инсеминацијата
Јас имам правено инсемимација кај сите доктори од таму и горе доле со сите сум го имала тоа искуство, кај докторката два пати. Од друга страна кај нејзе сум веќе 3 години, и освен благодарности и пофалби не знам што друго би додала. Пробај да не го мислиш, мислам дека повеќето гледаат процедурално на инсеминацијата, ти посакувам само среќа
Естрогенот и тестостеронот се благо под нормална граница, другото е добро. Околу тоа треба да разговараш со гинеколог. Што ти кажаа?
Поздрав драги мои ❣️ Јас веќе 11 месеци ве следам тивкоо... Еве ја мојата приказна,за денес да имам ваков позитивен тест... Имам една ќерка сега ќе наполни 6 години родена со царки рез,и веќе 11 месеци пробуваме за втора бременост. Почнавме со испитувањата после 6 месеци,и после сите испитувања на ХСГ ми излегоа и двете туби непроодни! Пред 2 месеци направив лапараскопија и хистерослопија кај професорот Глигор Тофоски во ГАК,едната туба извадена од хидросалпинкс,а десната непроодна,контрастот не пробии и во операција... 35 години,со АМХ 0.35,пред две недели во контрола професорот Тофоски,ми рече нема шанси за природна бременост! Директно на Ин Витро,таман ги собирав сите документи за во вторник да ги доставам во фондот,и оп еве вечера со еден ден доцнење на менс позитивен тест. . Тоа што на сите храбри жени овде сакам да ви кажам никогаш да не се предадете или да изгубите надеж! Кога и науката и сите доктори ми кажаа нема шанси НЕ,ГОСПОД кажа ДА.. Така да чуда се случуваат,само имајтр надеж во Господ,и никогаш не се предајте...бидете секогаш упрорни...
Искрено матичната некако тотално незаинтересирано ги погледна резултатите ми рече добри се, па дури одкако јас и спомнв за тсх ми рече да покачен е треба да биде околу 2 закажи си на ендокринолог. Јас колку што разбрав според овие резултати и инсулинот ми е висок што укажува на инсулинска резистенција. Веќе 6 месеци се обидуваме за втора бременост, породена сум пред година и 9 месеци со царски рез, тогаш останав бремена од прв обид буквално од еден однос и го кажав тоа и и спомнав дали да испитам проодност на јајцеводиили нешто друго дали да испитам ми речее нее бе чекај до една година па после. Дури малку и како да ме исмејуваше искрено..
Ако не си во мало место промени ја матичната. Не смее така да ти се обраќа, без разлика дали ти е прво или десетто зачнување. Околу резултатите побарај си и второ мислење.
@ele.na Естрогенот ти е во нормални граници како за втор ден на циклус. Тука референтните вредности се за средина на циклус. Исто и тестостеронот ти е нормален како за жена, тука референтнава е за мажи.
Ве молам за совет. Останав бремена, во 6та недела имаше плодот срцев реакција, во 7ма за жал немаше и беше заостанат во развојот како за 6та недела. Што треба да направам испитувања за недај боже повторно да не ми се случи. Ви благодарам
Здраво, Ве читам и ако може да ми кажете дали мислите на глукоза во серум, пратив документи за инвитро ми вратија од фондот да се регулира глулоза два дена едно по друго испитував глукоза ми беше 6.5 потоа на трет ден 5.3 и ми одобрија ваучер имав трансфер но неуспешно беше па сакам сега нешто да променам во исхраната ако може за диетата збор два или да одам кај нутриционист
Здраво девојки.. Да си ја кажам мојата приказна па може некоја од вас ќе ми помогне/упати што да правам понатака. Пред две години прв пат останав бремена по природен пат. За жал, во 6та недела прокрварев и имав спонтан.. испитав сама на своја рака генетски мутации и тромбофилија. Резултатите од тромбофилија беа добри, а од генетски мутации имав хетерозигот на фактор VIII, хетерозигот во MTRR А66G, хомозигот во MTHFR C677T и PAI-1 - 5G/4G. Бев кај др.Јани ми рече наредна бременост одма да почнам со клексани и метилирана фолна и б12. Лани, втора бременост исто по природен пат. Почнав одма со клексни и суплементите. Ми се случува истото во 7ма недела, кафеав исцедок па црвена крв и кога одам на лекар јас веќе сум “исчистена” и нема потреба од киретажа.. После втор спонтан испитувам хормони, пап тест, брисеви, се ОК. Правам ХСГ, проодност на канали супер ама ми најдоа т форма на матка. Гинеколог ми предложи хистероскопија, ја направив пред пола година отприлика, ми рече дека сега матката е добра, супер поминала интервенцијата. Во меѓувреме правиме кариотип со сопругот кој искача супер, сопругот прави спермограм и спермпкултура и тоа е се добро. Сега пред 7недели јас пак забременувам и се беше добро се до денес, кога јас прокрварувам со грутки крв на бришење со хартија. Одма бевме кај матичниот и ми кажа дека за жал, ова ќе биде спонтан исто, плодот не е добар, јас денес бев 7.6 г.н и уште нема срцева акција и плодот е многу мал.. И сега јас веќе не знам што да кажам што да правам? Да напоменам дека сите три пати до сега јас ниеднаш не слушнав срцева акција, баш кога треба да се случи тоа мене ми се случува спонтан. Дали можеби некоја од вас имала слично искуство како моево, што да правиме со сопругот? Денес гинекологот можи рече да одиме следно со ин витро дека така шансите се големи да износам бременост. Дали некоја што имала спонтани, после ин витро имала успешна бременост? Не можам да сфатам зошто ова се случува, ете мислев т формата на матката била проблем ама не било така. Извинете извинете на огромниов пост ама не знам што да правам, претешко ми е. Било каков совет ќе ми биде добредојден
Слична приказна имавме и ние со спонтани за кои не се знаеше причината. Исто и јас имам хетерозиготни мутации, др. Јани иста терапија ми препиша ама никако не успеваше природна бременост повеќе од 7 недели Се останато беше во ред, исто и со кариотипот и на крај со консултации со доктор направивме ivf со претходна pgt анализа на ембриончињата, еве терам скоро 20та недела без никаков проблем
кај кој доктор бевте? Иначе и мојава матична прееска ми ја кажа оваа постапка со pgt анализа ама јас јја заборавив како се викаше. Фала ти најмногу на одговорот! Ти посакувам лесна и успешна бременост од срце ❤️
Уште од самиот почеток пред скоро 3 години сме кај др.Тања во newborn, имаш моја топла препорака за нејзе. Ти благодарам, посакувам што поскоро да се враќа само со убаво и кај тебе
Здраво, слично беше и кај мене. Имав три спонтани абортуси преку природен пат. И јас имам генетски мутации на тромбофилија, заради кои примав по два клексани од 0,4 на ден, плус еден аспирин од 100. Потоа правев неколку ИВФ кои беа неуспешни. Финално одговорот го најдовме во Чешка, односно детално имунолошко испитување каде се испостави дека имам покачен TNF Alpha (tumor necrosis factor) и покачени НК клетки (natural killer cells). Заради оваа дијагноза примав еден месец пред ИВФ декортин од 5мг, после трансфер декортин од 10мг за цело прво тромесечје, и пред трансфер и на секои 2 недели интралипидна инфузија до трето тромесечје. Мојата препорака е да направиш детални имунолошки испитувања. Кај мене се испостави дека ради овие изместувања плодот не може да се развива, и телото го напаѓа, сите спонтани ми беа на сличен начин, плод кој што споро се развива и без срцева акција