Здраво мила, најпрво многу ми е жал што поминуваш низ ова. И нашата приказна е слична, имав два missed абортуси, откако ќе слушневме срцева акција негде во 8ма недела, плодчињата прекинуваа да се развиваат. Иако бев покриена со клексани и аспирин, имав и 3 спонтан т.е blighted ovum. Јас имам и намалена оваријална резерва, па откако се случи и 3тиот спонтан почнавме со ивф…Имав 3 неуспешни ивф, од кој последниот пат беше биохемиска. Со терапија бев целосно покриена, клексан, аспирин, прогестерон, декортин..интралипидни и што ли уште не. Додека чекав и се подготвував за 4тото ивф, останав природно бремена и сега си имам најубава принцезичка од година дена. Додека го одевме патот, едноставно неможев да се помирам и задоволам од одговорите што ги добивав од докторите. Премногу истражував, читав научни истражувања, најразлични искуства, што се не пробав од суплементи и лекарства, до испитувања… Во прилог ти споделувам прирачник од ESHRE (кое е најголемо здружение за хумана репродукција и ембриологија во Европа), кај што се разработува темата повторувачки спонтани абортуси, кои испитувања и кои чекори да се превземат во различни случаеви според нивни истражувања и сознанија: https://www.eshre.eu/-/media/siteco...pdate-2022_-Final-Version-January-2023_v2.pdf Истражувајќи дојдов до сознание дека во единствената клиника која е специјализирана за повторувачки спонтани абортуси во UK, моментално спроведуваат трајл и на жените со над 3 спонтани, кај кои неможат да најдат што е проблемот им даваат ситаглиптин, кој пред се е лек за дијабет, но се покажал дека влијае позитивно врз зголемувањето на стем клетките во матката, а со тоа и ја подобрува имплантацијата и го намалува воспалението, т.е ја подобрува целокупната средина на матката и ги зголемува шансите за успешни резултати. Мислам дека сеуште овој лек е во трајл фаза, но кога читав пред две години имаше доста успешни резултати. Се консултирав со докторот што ни го водеше ивф процесот и се договоривме да пробаме без големи очекувања. При тоа да напоменам јас немам никакви проблеми со дијабет. Требаше да го примам минимум 3 месеци пред трансфер (требаше од почеток да го поминуваме цел ивф циклус), но јас после месец ипол останав природно бремена. Незнам дали е случајност или навистина овој лек ми помогна, но тоа беше единственото нешто што го сменивме. Во прилог неколку линкови доколку сакаш да прочиташ нешто повеќе во врска со ова истражување: https://www.theguardian.com/society...lp-women-who-have-repeated-miscarriages-study https://jivfww.scholasticahq.com/ar...d-prp-a-case-report-of-a-successful-pregnancy https://www.isrctn.com/ISRCTN67932311 https://www.tommys.org/research/res...omen-who-have-suffered-recurrent-miscarriages Стискам палци и стварно се надевам дека брзо ќе најдете што функционира во вашиот случај и за брзо ќе го гушкате вашето бебе и ќе ги оставите сите овие предизвици позади вас. Доколку те интересира нешто дополнително, или чисто ти треба муабет за поддршка, слободно пиши ми лп.
Здраво на сите. Имам хашимото и пцос. На последните резултати тсх ми беше 3.8, антителата значително ми се намалени и т3 е сосем ок. Е сега бидејќи планирам бременост (имам 27 години), еве 2 месеца пробуваме (сега овој месец конкретно се фокусираме на плодни денови) ама јас цело време имам во глава дека ќе биде тежок процесов поради моите состојби. Читав дека треба тсх да ми 1 до кај 2.5 за да нема проблеми така да пијам сега еутирокс 50мг. Исто така пијам Picositol. Ќе ве замолам за совет.
Покриена си со терапија за хашимото не се секирај, за некое време провери го пак тсх. За пцос ќе ти каже матичниот што треба, ќе следите како растат фоликулите и дали треба нешто плус да примаш. Најбитно е да си релаксирана и опуштена, ќе си биде
Драги феминки денес имам домашен позитивен тест и позитивна бета 79. Инаку втора бременост ми е правата ми беше пред 5год со иуи. А сега оваа бременост се спремав за 4та иуи но цикусот изостана и направив тест позитивен. Пресреќна и збунета сум искрено не се надевав посебно на природна бременост. Инаку немаме некој проблем освен што спермограмот малку ни беше слаб, затоа почнав со иуи од ноември. А природно 3ипол години веќе активно правевме бебе но не успеваше. Не се разочарувајте од секој неуспех, ја знам таа болка но кога дедо боже ќе каже да тоа е тоа, нема секогаш кога ние сакаме но верувајте чуда се случуваат. Инаку имам пишано пред 2м правев и хсг може и тоа нешто потпомогна иако резултатите беа одлични. Најмногу од се сакам сите на форумот да сте летово со надуени мешиња Последен цикус ми беше на 13.03 инаку ми доаѓа на 32дена, само се плашам да не бета ми е ниска 79. проверена денес на 17.04
Сосема нормална појава на подолги циклуси е и овулацијата да варира, јас исти случај, сум имала овулација и на 18ти и на 20ти и на 22ри и на 24 ден. Со последна овулација на 13.03, а денес е 17.04 и со бета 80 не се секирај, ќе биде добро, речиси сигурна сум.
Дај боже мила да е во ред, се слушнав и со матичниот рече дека е нормално, понеделник пак ке проверам
Здраво девојки, подолго ве пратам на темава. Имав missed abortion минатата година и по неколку месеци обиди добив позитивен тест. Проблемот е што во рана бременост (10дена по овулација) имав операција и рентген на колено и плуќа. Тогаш сеуште не ми каснеше циклус а и стануваше збор за итна и неизбежна операција. Генерално гинеколозите сметаат дека е рано и зрачењето е мало ама сепак сум многу загрижена Има ли некој стручен на таа тема или со слично искуство. Извинете ако сум off toppic ама не најдов соодветна активна тема
10 дена по овулација, уште не се имплантирал плодот, или само што почнал, така да немаш никаква причина за грижа. Ако сега сѐ е супер на ехо, опушти се.
Само што направив тест, сеуште е рано за ехо Имав и операција на ногата 13-14 дена после овулација, примав против болки венски кетонал, сега и клексани примам. Ме чека и физикална и долг опоравак. Многу лош тајминг ама ете се случи Фала на охрабрувањето
Веќе 4ти месец откако се "мачиме" за бебенце. Знам, не е многу и ве молам не ме напаѓајте, но за мене е цела вечност. Некој да ми кажеше дека е толку тешко да го добиеш тоа што толку многу го сакаш немаше да верувам. Се плашам дека можеби нема никогаш да се случе тоа, од друга страна знам дека не треба да изгубам надеж. Со здравје и двајцата океј, со здрави навики, нема алкохол, нема цигари само јас имам Хашимото за кое не пијам терапија сеуше и ТСХ 3ка. Секој месец истата дата и истата болка. Денес е денот кога треба да (не)добијам. А јас штом отворив очи веднаш имав болки за добивање. Што следно и од каде да се почне со испитување? И како точно се прават тестовите за овулација? Бидејќи не можам многу да ги разберам со цртите. Благодарам
Па ако не си добила направи тест. Исти се симптомите и за бременост. Меснтруални тегоби се нормални во цела бременост, поготово во прв триместар.
Следете овулација на ехо кај матичната такс сигурно ќе погодите, после можеш да провериш хормони. Сопругот после неколку месеци ако не бидне може да направи спермограм и спермокултура
Кога си во овулација цртата треба да е еднакво црвена или појака од контролната.Инаку секогаш постојат две линии,важен е интензитетот на бојата,почни најубаво да се тестираш од 8 9 ден на циклус.4 месеци воопшто не се многу,и вреди за тоа што сакаш да го добиеш.Ако си над 30 може да почнеш со основни испитувања.Спермограм едно од поважните проодност на јајцеводи.
Денес ми е 10ти ден од циклус докторката рече немало овулација ни од десен ни од лев за два дена треба да одам пак можеби ке требало да се стимулира
Здраво сакам да прашам после спонтано породување во првата недела во 6 месец IVF, поради сериозна бактерија кои детални испитувања во ги имаат предложено пред планирање на следна бременост?
Не знам прв пат одам на следење она рече нема овулација И веројатно ке треба да правам хормонален статус мада што пред 5 6 месеци имав правено и рече дека е добар