Во Систина кариотип за двајца беше 12 000 на почеток на година, и резултатите за недела дена мислам стасаа.
После 2 години обид за бременост (за второ дете) конечно видов 2 цртки еден месец пред тоа пиев два вида на чаеви од германија (ми ги препорача гинекологот). Дали е од нив или така баш се погоди, не знам но ете бидна. Ако некоја членка сака да проба нека пише, ќе ви ги кажам имињата и како се пијат. Ви посакувам на сите да ја дочекате оваа радост.
Zdravo. Dali nekoj ima isterano bremenost so mala matka( t shape uters), septum-pregrada do 9ti bez problem?Ve molam da spodelite iskustvo.
Сестра ми има преграда и сите доктори и кажаа дека мора да ја отстрани ако сака да забремени. Два пати има спонтан, и двата пати и рекоа дека е до преградата. Последно беше кај Кижевски во Жан Митрев, таму и ќе ја отстранува сега во септемрви.
Не знаев дека има типови. Кажи ми како ти го отстранија? И после колку време одмараш од обиди? Сакам да и покажам искуства.
Мене на отпусно писмо така ми пишуваше тип 2. Првиот пат отидов на дијагностичка хистероскопија во Ремедика поради многу дебел ендометриумот. Тогаш виделе дека има септум и демек го тргнаа. Па после две три години на хсг видоа дека пак има септум и отидов на ГАК и таму убаво ме средија. После една менструација може да се почне со обиди. Септумот може да направи проблем бебето да нема место да расте. 2013 кога се породив во 24 недела не ни знаев за преградата , па еве пак ми се случи предвремено породување после толкууу години , што значи цервиксот е проблем. Сестра ми со преграда ја износела цела бременост со внука ми , не ни знаела само што внука ми како растела така била повеќе свиткана и се роди 2800 и 47 долга во 38 недела царски.
Нејзе два пати спонтан и се случува. Има и тромбофилија но Јани и рекол не е до тоа. Сега ќе прави операција па ќе видиме. Се надевам ќе биде добро овој пат.
Нека пие метилиран б12 и метилирана фолна и витамин Д. Ако не пие во моментов нека почне и во текот на бременоста кога ќе остане трудна.
Витамините нека си ги пие и пред да се отстрани септумот. Хистероскопија воопшто не е страшна , се на се 20 минути е цела процедура со целосна анестезија. После менструални грчеви се осеќаат и минимално крварење.
Здраво на сите.. се обидуваме за трети бебе..молам за мислење.. Последна менс на 17.07, редовна ми е и ми доаѓа баш на ист ден и следниот месец.. На 08.08, 09.08, 12.08, и 15.08 имавме односи.. е сега прашањево ми е дали е можно да се фатило, иако мислам дека плодни денови беа поминати ама сепак мене ми доцни месецов, шо не е случај кај мене.. На 13.08 чисто од радозналост напрајв тест за овулација, ќе прикачам слика Исто така и вчера и денес напрајв еве се И вечерва тест за бременост исто така кој јас мислам е скроз негативен Од симптоми имам темп 36.9, 37.2 варира.. ми се спие многу, менструални болки и градиве ме болат.. ве молам за мислење и благодарам унапред ❤️
Првиот тест за овулација ти е направен или пред овулација или ден после овулација скоро да е позитивен иако малку фали да е ист интензитетот на линиите.Другите се негативни и тој за бременост.За два дена повтори го тестот или извади бета.
Ова е после некој сат од првиот.. Фала ти на брзиот одговор И јас исто мислев да проверам преку крв ако не добијам во меѓувреме.. ти благодарам❤️