Девојки помош ве молам. Последен циклус на 27ми јули. Незаштитени односи имавме пред циклусот од 20ти до 27ми јули и кога заврши циклусот од 3ти до 15ти август. Правев два теста досега. Првиот на 13ти август негативен и вториот на 21ви исто негативен. Да нагласам ги правев навечер двата со селф клиар. Скроз ли е исклучена шансата за бебе?☹ Ова ни беше прв месец обид.
Zdravo, mozebi ne e za tuka prasanjeto.. Dali znaete dr.Tase vo Plodnost dali pravi histeroskopija i ako imate praveno vo Plodnost i kaj nego dali ste zadovolni?
Јас имам правено ама одамна...2018, и тој ми ја правеше, тогаш беше околу 42000 ден....а сега не знам, на видеата ми излегува дека син му голем дел од операциите ги прави.
Здраво, јас пред две години правев хистероскопија и иако ме водеше Кристинка, син му на Таше ми ја правеше хистерскопијата, тој беше потпишан на документот.
Се јавив, термин дури 31 август.. ми рече матичната да ја повторам бетата за една недела,секако ако не добијам во меѓувреме.. можно било да сум имала покасно овулација.. Ти благодарам ❣️
Девојки имам прашање за тие што имаат правено брис и биопсија на ендометриум. Кој ден од циклус сте ги правеле испитувањата? Пред овулација, после овулација?
Тука најмногу ве има и овде да прашам добар трансфузиолог на приватно, кај Нино сум ама на одмор е дури на 9 септември почнува а тие денови пак јас не сум во МК а сакам овие денови да одам.
Здраво девојки, се обидуваме за бебенце еве веќе 13ти месец. Наскоро треба да правам и HSG, a хормоните ми се еден месец нормални еден месец катастрофа, зборувам за Prolactin и TSH највеќе кои варираат еден месец ми е Prolactin 9 потоа пп два месеци 38, а TSH ми е еден месец 1.7 друг месец 3.5... непредвидливо. А за FSH пред 4 месеци беше 9 а сега резултатот покажа 15. Испитувам утре и AMH поради оваа причина. Дали сето ова може да е од стрес или од тироидната? Како се справувате со анксиозноста на природен начин и дали има потреба да посетам ендокринолог?
За ТСХ кога ќе испитуваш мора да си смирена и наспана. Ако тие денови си била под стрес или со малку сон може да ти биде покачен. Земај по две бразилски на ден, пиј магнезиум бисглицинат, омега 3 6 9 и Д витамин. Ќе го доведиш во ред без терапија, не ти е нешто висок, и колку можеш безглутенска исхрана, здраво да се храниш. За пролактин не знам, консултирај се секако со стручно лице ама само за ТСХ не се ставај веднаш на терапија, можеш да го намалиш. Испитај другите хормони на тироидна и консултирај се со ендокринолог, доколку не се драстично високи обиди се сама.
Другите хормони од тироидната се Ок, али TSH варира а од тоа и пролактинот претпоставувм, што можеби е и од стрес. А за бразилски ореви по две јадам од месец Март уште кога го добив првиот резултат, заедно со магнезиум бисглицинат, Д3 (и други витамини пренатални), но сеуште не е стабилна, инаку јас сум баш за тоа ако може на природен начин да биде. Фала на одговорот во секој случај!
Не, пролактинот реагира на стресот. За тироидната ќе одиш на ендокринолог. Пролактинот е стрес хормон, а тироидната ќе мора да те видат, плус и антитела да испиташ. Ми бил горе доле пролактинот, тироидната не мрдала.
Пролактинот ми варирал 36 па 13 па 38 пак и тн. Имам испитано антитела плус Т3 и Т4 и се било вред, значи никогаш не надминува 4.1 ТSH (до 5 се смета за ок генерално за постари) а сепак не е стабилен колку што е идеалното за бременост под 2.5. Изгледа ќе закажам следно за ендокринолог.
Да, затоа и ти викам зашто за бременост е идеално до 2.5 па и 2 е добро. Дури и за небремени без ралика на границата 5, ќе ти кажат дека е многу.
TSH е многу сензитивен. Јас не знаев ( никој и не ми ни кажа додуша додека го испитував во МК ) дека пред земање крв, мораш 15 мин да седиш, да се смириш, да немаш никакви физички активности пред тоа, убаво да си наспана и одморена. Мора барем неколку циклуси ( под исти услови на земање примерок ) да варира резултатот за да укаже на некој проблем.
Здраво девојки, дали има некоја која после отстранување на септум истанала трудна и за колку време.. На нас докторот ни спомна инсеминација, а пробуваме само два месеци, некој со слично искуство?
Мал период пробувате, пред операцијата имате пробувано за бебе? Ако има некоја друга причина за инсеминација како машки фактор или намалена резерва на јајце клетки па да се брза со инсеменација. Најчесто што имам читано 6 - 12 месеци најпрво природен обид потоа предлагаат такви работи. Побарајте второ мислење.