А тоа за да бидам смирена тешка работа, кога треба да одам лабарсториии доктори секогаш имам анксиозност.
Здраво жени, соборки, кралици. Веќе 11 месеци сакам да седнам и да Ви пишам на сите. Ви должам затоа што многу ми има помогнато овој форум и сите Вие. Мојата приказна, мојата борба и мака е следна: Многу ин витра, Њу Борн, Плодност, Систина. (По неколку постапки и со ваучер и скроз на приватно) Од докторите сум презадоволна, Влатко од Њуборн душа од човек, даде се од себе. Таше од Плодност исто. Гледаше и да ме заштеди да си правам испитувања и државно да не плаќам многу пари. Ивановски во Систина најпозитивниот човек на свет, пристап феноменален. Со сите контактирав и на вибер, немам замерки никакви, ми беа на располагање. И кратки протоколи и долги. Сите ин витра неуспешни. Или не ми се оплодуваа во лабораторија, или не се имплантираа. Скроз неуспешни и од ниту едно немав две цртки или позитивна бета, ама затоа за чудо, додека правев пауза од едно до друго ин витро останував два три пати природно, но за жал брзо прокрварував. во суштина, поминував низ голгота. некоја специјална дијагноза немавме ни јас ни сопругот (а тоа е најтешко) Знаете како ми велеа докторите? -Најлесно е кога знаеме што е проблем, терапија е, се средува и ќе те направиме мајка. Вака се борев со невидлив непријател. Во ова патешествие отстранив сомнителен лев канал, лапаро хистеро ( два пати септум), сите можни испитувања за двајцата, хормони ок, кариотип, и да не ги набројувам (БУКВАЛНО СЕ ШТО ПРОЧИТАВ ТУКА) Од премногу инекции и агресивни стимулации на крај дојдов до Антимилериан (резерва на јајце клетки) 0.2 ☹️ Тоа ме уништи психички. И после се ова направив малку пауза да си ја смирам психата колку и тоа да звучи тешко и невозможно ама тоа е многу важен фактор. Не се откажав. Отидов на ГАК кај Проф. Тофоски. Му раскажав се. Ми рече ќе ме направи мајка. Многу самоуверено. Јас му поверував. Ме прегледа и ми рече дека имам убав фоликул и дека тоа е моето бебе. Ми рече да направиме инсеминација чисто како опција плус ама и да имаме односи. Не сакав инсеминација затоа што правев и пред ваучерите, ама ајде да не го одбијам се согласив. Никаква терапија, никакви инекции ни хормони. Дури ни витамини. Инаку со веќе 38 години, и многу неуспеси, многу солзи и многу разочарувања. Направив инсеминација на клиника, еден убав јануарски ден лани. Слава. Свети Јован. (Случајно се погоди, тогаш беше зрел фоликулот) или можеби не е случајно, така требало да биде. Ми рече Проф. Тофоски те чекам за десетина дена, почеток за февруари да ти земам крв и да ти дадам позитивна бета. Пак му поверував. Сега додека ви го пишувам ова солзи ми течат, со еден мал Јован до мене што има 11 месеци и е едно прекрасно здраво бебе, и за кое секој ден сум благодарна што го имам. Сакам на сите пто ја видите битката да ви кажам: Никогаш не се откажувајте. Ќе дојде моментот баш кога најмалку се надевате. Се надевам дека со ова ќе дадам надеж на некого, и ја праќам цела среќа на светот и во Универзумот и од Бог да ве снајде моето. Ве сакам сите ❤️
Здраво, месецов ни е 11ти неуспешен обид за втора бременост. Досега немав ниту еден позитивен тест и веќе се наближува една година обиди па би сакала да зспочнам со испитувања. Кој е следен чекор, дали знаете конкретно некој кој доктор кај кого би било најдобро да се упатам во оваа ситуација кој што знае и ќе ми каже што и кога да испитувам.
Започни кај матичен најпрво, ехо брисеви хормони, па доколку се е уредно закажи преглед кај специјалист за фертилност. Од искуство, кај матичните и не може многу да добиеш помош, но за тие базични испитувања се ок.
Здраво. Ова кај мене изгледа ќе излезе некој прикриен ПЦОС (ако воопшто постои таква варијанта, зошто некои трудови викаат дека постои такво нешто, а некои не). На 17 години ми беше поставена дијагноза ПЦОС и пиев терапија Диане. Подоцна, сега кога се занимавам со сите овие испитувања, резултатите не одат во прилог на тоа. Освен анти милеров хормон што ми е 8.11 (до 7.37 е граница за мене), друго се е океј. Сооднос меѓу ФСХ и ЛХ добар. Инсулин добар. Бев на консултација кај проф Тофовски, имам доминантен фоликул од 22-23 мм и примив амп. Овитреле (искуство?). Некако преоптимистичен беше дека за 15 дена ќе имам бебе (а јас веќе од што не знам што да направам, секаде гледам плацебо ефект). Дај Боже и се надевам дека до тука ќе биде.
Тироидната жлезда и тироидните хормони се важни за бременоста, но што ако е направена тироидектомија? Има некоја такво искуство? Не се осудувам да одам на операција, ќе барам други решенија.
Па за 36часа од инекцијата ќе се ослободат јајце клетките.Инекцијата сама по себе не дава некои нус појави барем кај мене.Освен болна овулација.Со среќа
Dali nekoja moze da mi dade kontakt od takva baba koja podvrzuva i ja vraka matkata vo pravilna polozba
Здраво. Испитано скоро се сите резултати во ред, имав високо тсх го вратив во нормала. Направени две инсемнации една на државно една во new born и двете неуспешни. По препорака на владимир е да направам хистероскопија да не има некоја преграда во матка. Што мислите вие дали имате такви искуства.. се размислувам д анаправам кај него или да одам на државно
Мене ме прати во Чаир пред да правиме инвитро, и испадна дека сум имала перграда. Мада и тоа не помогна кај мене, и третото инвитро неуспешно во мај.
Здраво, дали на некоја и помогнало внесувањето на мио иноситол? Ми препорачаа еени ќесички прашок PCOSTIL, затоа што се обидувам за бебе 10 месеци и неуспешно за жал. Инаку имам ИР и си пијам метформин, сите хормони се испитани и се е во ред, дури имам редовна овулација и циклуси точно на 30 дена
А на 3D ехо се гледаше ли нешто? Кај мене на 3D не се гледа ништо на хсг пишува субсептум ама никој не ме упатил на хистероскопија да проверам, воопшто не го третираат тоа ни Владимир ни матичната
Субсептумот не бил индикација за хистероскопија. И кај мене има минимален, тоа го видоа гинеколозите на хсг-то, а рентгенологот не го ни исперцепирал. И двајцата гинеколози ми рекоа дека тоа не треба да претставува никаков проблем. Здравје, ако не бидне може да се направи хистероскопија, но не е апсолутна индикација. Мене така ми кажаа.
И кај мене не го третираат воопшто ниту Трајковски го спомна ниту матичната ниту па на 3Д кога ме гледаше спомна такво нешто и не знам веќе што да правам, оставам да им верувам и да не си доделувам сама дијагнози
Здраво на сите! Сакам да испитам Антимилеров хормон. Ме интересира каде сте го испитувале и колку ве чинело? Дали во Скопје на Клиника може, како оди постапката дали матичната ми дава упат? Како да знам точно дали има реагенс или како и да оди тоа? За колку време резултат? Прв пат испитувам многу ќе ми е од помош некој да сподели. Благодарам однапред
Матичен да ти даде упат до ГАК, па докторот од ГАК треба да ти даде упат за нивната лабораторија да ти испитаат
Од матичен гинеколог побарај упат за на клиничка биохемија, таму може да испиташ. Ако матичниот ти даде за на ГАК, ќе те вратат зошто бараат од нивен лекар упат. Резултатот е одма истиот ден. Не е многу пари, мислам дека беше околу 300 ден, не сум сигурна. Повеќе од 500 денари не е.