Ќе си побараш упат од матичен за овие хормони, плус дополнително ако има потреба за прогестеронот. Се прават на 2,3 ден од циклус така да ако успееш денес да земеш упат барај за биохемија на клиника, таму работат секој ден. Партнерот нека направи еден спермограм, тој може на државно со упат или по приватниве клиники и лабаратории.
Со сопругот се обидуваме за бебе неколку месеци, но безуспешно. Ова се резултатите и после ги повторив пак пролактинот и тсх. Со првите резултати докторката ми рече дека ќе треба да пијам терапија за пролактин и тироидната. На второто испитување вредностите се намалени. Кое е Вашето мислење за резултатите?
Јас од четврток треба да почнам со летрозол. Малку се исплашив читајќи искрено, оти е лек за карцином што се користи и читав дека како несакани ефекти има косопаст. Искуства некој со леков имате?
Душо, моја препорака е да не читаш, од се' уплав ќе фатиш. Нема да имаш косопад, сепак е кратка употребата. Јас немав никакви посебни симптоми или нус-појави. Мисли си на резултатот и со среќа.
Zdravo dali ima praveno nekoj inseminacija vo Sistina kaj doktor Aleksandar Bojadziev i dali znaete kolku cini?
Добри ти се резултатите, само за ТСХ за тироидна види следи неколку месеци како се движи, доктори велат идеално било под 2.5 за бременост.И јас имам варијации на тироидна па еве барам сеа консултации со ендокринолог ако најдам некој добар. Предходниот ендокринолог ми кажа дека е ок околу 3 да биде пред бременост но ако настане бременост обавезно пак анализи во случај да се покачи многу.
Здраво, ми треба Препорака за добар ендокринолог (за второ мислење), некој што е добар за средување репродуктивни хормони. Ако некој има позитивно искуство со таков ве молам пишете ми.
Здраво сакам да прашам за државна болница во кој одел каде се прави HSG ни упат ми дадоа само часот и датата во телефон ги запишав
здраво сакам да прашам која е постапката после 12 месеци неуспешен обид за бременост со уреден спермограм и хормони ?
3Д, 4Д на матка, ХСГ за проверка на проодност на јајцеводи и консултација со доктор за репродуктивна медицина за што понатаму
ХСГ кога ќе правиш на датумот е исто горе на трети спрат каде што си била за да те запишат и датум да ти кажат, не даваат упат, само број дава сестрата и зема твој број, еден ден пред тој датум ќе ти се јави за да ти каже во колку часот да си таму, и антибиотик кој да почнеш да пиеш од ноќта пред денот. Со лесно