Јас уште денес ќе го направам лекот ќе може ли и мм да јаде од колачињата? Затоа што тој си апнува благо и мислам дека нема да може да им одолее Само не пишува по колку се јадат на ден???
Жени дали некој можи да ми објасни како се мери базална температура за да се следи овулација. Мајка ми ме отече таа така правела за да остани бремена со мене Не сме ние нешто посебно запнати ама не се ни пазиме. лани во Февруар имав спонтан и од тогаш сум во хаос па ај да проверам дали имам воопшто овулација
bremenost/bazalna-temperatura-za-polesno-utvrduvanje-na-plodnite-denovi-t5022/?hilit=%D0%B1%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0%20%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0
Секое утро пред да станеш од кревет и пред да направиш било какво движење, освен да ја пружиш раката за да го земеш топломерот и го ставаш во устата т.е. под јазикот. Јас користам дигитален и кога титне го вадам, а со живин незнам дали треба и како треба. Јас толку знам, почнав минатиот месец да мерам а овој месец се откажав затоа што имам многу обврски и многу нервози, и немам време за ништо
Здраво. Вака, имавме со дечко ми односи и сврши неколку пати во мене минатиот месец и тоа во плодни денови. Последната моја менструација беше на 03.03.2014 и денес е 3 јас сеуште немам добиено. Направив 4 теста за бременост и на сите 4 ми се појави бледо розева линија на 2 беше малку појака на 2 послаба но сепак се појави. Имам редовни менструации ми иде на 28 или 29 ден а денес ми е 32 ми доцни 3-4 дена. Појдов на гиниколог ми рече дека сеуште е рано за да се види дали сум бремена. Ми рече дека од моите плодни денови до денес имаат поминато само 17 дена и дека во матката не гледа бременост и ми рече да појдам другата недела во петок. Но јас сум нестрплива многу сакам да знам па би ве замолила доколку некој има некое вакво искуство да ми каже. Благодарам однапред.
Искрено мислам дека си бремена бледа линија на 4ри теста е позитивно и то многу...Обично гинекологот неможи да види толку рано, некој можат додуша зависи од апаратурата. Да честитаме или?
Девојки како сте ми? Еве мена веќе поЧна да ме фаќа нервоза знаЧи периодот пред добивање ме убива Треба да (не)ми дојде на 7ми ама кој има стрпление да Чека? Сега малку ќе ве изгњавам ама кој е упатен нека помага. Бев спомнала некаде дека овој месец поЧнав да мерам БТ направив и графикон ама нисто не разбирам ,барав и на fertili frend и пак нисто абе ќутук сум За да не должам многу ке ви ја написам темп. сто ја измерив од 10 до 20 ден каде отприлика би требало да е овулацијата,јас бев сигурна дека овулирам некаде од 12 до 14 ден барем така ми кажа докторот кога бев останата бремена пред абортусот дека се заЧнало на 12ти а и тогас имам секрет ама сега несто не сум сигурна па видете вие. Последен пат имав на 11ти добивам на 28 дена и за време на менз.темп. ми бесе 35,6 после 36, за на 10ти ден од мензис да рипне на 36,5 (11ти ден 36) ( 12ти ден36,5) ( 13 ден 36.1)( 14 ден 36.3 )(15 ден 36,1)(16ти ден 36,4) (17ти ден 36,5) (18 ден 37) (19 ден 36,4)(20 ден 36,4) денес ми е 24 ден утрово измерив 36,9 сто мислите вие дали и кога имав овулација? Извинете однапред ветувам дека ке ми биде последен пат сто ве давам со такви долги постови а по се изгледа прв и последен пат сто се замарам со мерење темп.
Јас конкретно не верувам во плодни-неплодни денови, секоја жена е посебен случај, и кај една жена не е секој месец истo. И мене докторката ми има речено дека овулација ми е 12,13 и 14-ти ден, ама не ми се верува баш, дека и првиот и вториот пат ми беше речено дека сум имала доцна овулација, покасно било зачнато. Кога ќе сака - тогаш ќе се зачне, тоа неможе да се знае 100% точно. Има дури случај кога сред циклус забременила, дека само тогаш се опуштиле демек неможело да се забремени со добиено, ама не било така, и сега си имаат близначиња
Monella, ти сигурно си овулирала на 18-ти ден, највисока базална температура имаш тогаш, но не мора да значи. Продолжи да мериш и наредниве денови, без разлика што треба да добиеш, мери и за време на циклус кога веќе си почнала. Но не се опседнувајте со тие мерења, ако е се во ред со тебе и маж ти, ако имаш добри фоликули, слободно водете љубов секој ден, еднаш би требало да фати, дај Боже кај сите да фати. И точно дека секој организам е различен и плодните денови може да варираат, па да не живееме математички туку да се опуштиме. И јас на 17-ден имав мали фоликули, ќе мерам и на 24-ти ден, ако треба и на 31 ден, зашто мене секогаш ми касни најмалку 5 дена а оди до 15 дена, освен ако не ми прескокне месецот. Така што јас сум уверена дека имам задоцнета овулација, затоа сега ќе мерам фоликули до крај за да се уверам до кога ќе растат одн.дали ќе дојде до овулација.
Markiza, значи најважно е да имаш непрекинат сон од 3-4 саати и веднаш штом ти ѕвони алармот да го земеш топломерот и да го ставиш под јазик, ( значи несмеес да стануваш, да мрдаш ништо). Јас мерев со живин некаде пишува дека треба да го држиш во уста до 1 минута. Исто така имаш сајт за базална температура каде внесуваш секој ден на fertility friend многу е добро, ти покажува и овулација кога ти била. Пробај па прашувај ако нешто не ти е јасно
Monela, прво дали ги венсуваше темепературите на fertility friend. Јас станав експерт за БТ верувај. Заеш дека мора одма да мериш кога ќе се разбудиш, зошто ако станеш па мериш не е точно и во исто време секој ден мора да мериш. По ова што го гледам кога ќе падне најниско, а утредента пораснала тогаш поминала овулацијата. Е сега кај тебе овулација може да ти биде 9/10 ден сто е рано, или пак 11/12 ама па после 13 ден не треба да е ниска. Незнам, јас мерев еден месец ама после се оптоварив и неможев да спијам и престанав овој месец. Ај пробај да го ставиш графиконот од fertility friend ако немаш регистрирај се внеси ги температурите и ке ти покаже. Поз па прашувај за др ќе ти казам што знам. А ова на 24 ден 36.9 е топ. Дај боже само така нагоре да продолжи БТ
монела и јас мислам дека си оваулирала на 17ти кон 18ти...јас едно време се запнав да мерам бт, ама многи ми идеше тешко. нели треба се во исто време, а мене тоа многу ретко ми успеваше се успивав, па смени различни за на работа, а за сабота и недела ич да не кажувам јас лично мислам дека е многу заморно да се мери бт...па грфикони па чуда, плус докторката баш ми кажа дека мора да се мери барем три месеци за да се види како се одвива оваулацијата, па тек после тоа да се фати некоја шема. јас мислев дека ми е кон 14от ден со оглед на тоа кога добивам, ама ете, минатит месец кога бев на ехо, 3 дена ми беше пред добивање и докторката ми вика: имаш убав фоликул од левава страна, работете на случајов деновиве. јас се зачудив искрено...ама не ми сметаше да работам на случајот сакам да ти кажам и да им порачам на сите други...немој да ме сватите погрешно ве молам, ама мислам дека, барем јас еве за мене ќе кажам, колку помалку се замарам со тоа, толку ми е поубаво и повеќе уживам во сексот... нема веќе кревање нозе, па перници под кукови, па лежи, не мрдај...како кип да сум, а не жив човек! мене сето тоа ми дојде преку глава и баталив и базални теператури и перници и немрдање и се! ако ми се лежи,ок, ако не ќе си станам и чао! порано, датумот пред да добијам кога ќе почнев да мислам...па дали се фатило нешто, или не, па леле ќе ми касни ли...или нема, триста прашања. се тоа ми влијаеше да сум пренервозна и да се истурам врз цел невин свет околу мене... сега веќе не правам така и ми е супер опуштена сум 100 %. се сложувам со ецапереца дека многу мислење не е добро. сите тие податоци, плодни, неплодни денови и се останато мене лично ми е ту мач! сега си терам полека, смирено и најдобронамерно ви порачувам на сите така да си терате ако можете. пријателки во исчекување, ви пуштам среќа и се надевам на II за сите нас! имајте убава вечер.
ХОРМОНИ; ТИРОИДНА И ХСГ СНИМАЊЕ обавезнооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооо!!!!!!! После тоа ќе видите што ќе покажат резултатите и ќе си терате Еве конкретно кај мене пролактинот ненормален бил, ама претходната докторка ништо не ми кажа, се сеќавам рече дека само малку покачен ми бил, и ние веслај на суво, џабе било, едвај после 10 месеци забременив втор пат и пак ништо, вонматерична. Десната туба може ми била полузапушена и со вонматеричната ми е или скроз запушена или оштетена, чекам чаре за понатаму. Пишувам ова веќе по незнам кој пат, ама ретко кој ме слуша Ќе биде се еден ден, само главите горе, молете се на Господ и на Богородичка, гледајте розево насекаде околу вас и водете си љубов како пијани. Ќе видите дека ќе дојдат така се повеќе и повеќе бебиња! Ве сакам сите и СРЕЌНИЧКООООО
Сабајлево добив ,2 месеци пробубваме кога му кажав се малку разочара малку ,тој мисли плуни залепи е Да ми каже некој како да израчунам кога ми се плодни денови ?
Девојче ја 3години пробувам, па усте нисто, а ти само после два месеци и толку разочарана! несмеес да се предавас, тука знаес колку многу девојки има како мене сто со месеци чекаат! опусти се и не мисли на бебе, и не очекувај од прва да биде, а ако биде тогас навистина имас среќа! некаде околу средината од циклусот, кога ке осетис да ти се дува стомакот тогас пробувајте, и не секој ден, подобро секој втор ден! ти посакувам побргу две цртки, поздрав
Знам таман работа да се откажам нити па да се разочарам тутку он мисли дека оди одма ,знам дека не е лесно , дај Боже што побргу на тебе и на другите феминки да ви се појават две цртки , кога е пишано тогаш ке биде .
Moni24 немој да се загрижувас усте од сега па 2 месеца не се нисто,замисли да треба недај боже да Чекас неколку месеци или години како нас (не ти го посакувам) ама Чувај живци ке ти требат ако не за друго за бебусот кога ке дојде За плодни денови гледај кога имас бел растеглив исцедок и болка во стомакот ама и тоа не е 100% сигурно затоа имајте преку ден така нема да ги прескокнес. Да си кажам за мене еве 2 дена пред добивање симптоми немам некои посебни се е обиЧно како пред мензис ама апетит сто имам овие десетина дена нон стоп јадам Како и да е овој месец ресив да не купувам тест како сто правев претходните месеци,секогас ги правев пред датата за добивање само се разоЧарував а богами и пари безвеза си тросев Сега останува само да Чекам или да добијам или да закасни па да купам тест тек тогас