Девојки, вчера околу 18 часот правев тест и излезе втора линија ама беше бледа , што значи дека тестот позитивен Правев муабет со сестра ми ( таа е гинеколог) ми рече дека се раб за рана бременост, така и си мислев затоа што го правев тестот 1 ден пред датата за добивање. На сите ви посакувам да ја доживеете оваа радост и да држите во раце најубави ангелчиња Поздрав до сите
честитки енамена нека е господ со вас да ти продолжи бременоста во најдобар ред позз..........................да ве известам за мене мојата бременост заврши со спонтан и сега одиме понатаму
Честитки Енамена ти посакувам лесна и убава бременост ќе видиш колку брзо поминува најубавиот период на една жена,затоа уживај си поздравче
Sweet Woman Мила знам дека не ти е лесно низ тоа да поминуваш ама мораш да бидеш храбра и имаш верба дека се ќе се среди само направи испитувања подетални,мора да има некоја причина што се случува тоа ретко скоро никогаш спонтаниот може да е без причина освен ако не бил во ред плодот да не навлегуваме во тоа оди храбро напред и биди јака кај е Господ никој не е
Многу ми е зал Sweet.woman, морас да бидес силна, ако не овојпат ќе успеес следниот пат, ајде со тебе сме
Жал ми е Sweet.Women. Биди јака. Господ пак ќе ти ја овозможи таа радост, но овој пат со среќен крај. Со среќа на сите! Од се
Јас сум песимист за месецов, не верувам дека сум останала, ама месецов па секако ни е во план идење на лекар, редовна контрола. Утре ќе правам комплетна анализа на крвта, ако успеам мм и него ќе го легнам на кревет, се плаши од боцкање, мајка ми ќе ми прави комплетна анализа. Инаку јас се бунтував, се бунтував против антибиотик ама месецов се разболев многу, по 4 пат од Септември навака бронхит и ми препишаа антибиотик Амоксиклав, си го пијам како попче, ич не ме бива, се мачам со кашлање со носот, со крајници, катастрофа, после 4 дена конечно да се наспијам синоќа кај мајка Ја знаете онаа старата, Болна, болна, однеси ја кај мајка одма оздравува, е така и јас, дојдовме кај моите на гости одма поарна се осеќам Јас според календарчево на 12ти треба да добијам, ќе видиме, овој пат не се трескам од земја Енамена честитки со лесно да си ја износиш бременоста. Слатко, не се нервирај, ќе биде, таков е животов, падни стани
ви благодарам на сите на подршката многу ми значи се надевам декаи овој пат како и минатиот ќе биде дека немам никаков проблем како што рече докторот се случува и никој неможе да објасни од што едностано така сакал господ. ама сепак сум му благодарна на господ ме спаси од киретажа си поминав така. ми зема брисеви сега ќе видиме од што дали имало нешто проблем.
Жал ми е sweet.woman и јас го пребродив истото. Мораш да се соочиш. Ама еве поминаа неколку месеци и се надевам на позитивни резултати овој месец! Ве молам за поддршка!!!
Нема потреба од разочарување, ако сака да биде ќе биде. Еве јас на пример, првиот месец почнавме да се обидуваме ама некаде пред да добијам, значи касно и не се фати. Вториот месец не ни имавме односи само еднаш или два пати мислам беше ама кога ми заврши, после не ни имавме односи. Сега во мај месец имавме активно некогаш секој ден, некогаш на два дена , ама без акробации нити со нозете во вис стоев, нити сум лежела после однос, одма станував, значи поголем дел од спермата истекуваше( знаете како иде тоа). Плус , колку и да се убедував самата дека не се оптеретувам дали ќе се фати или не, колку и да не си признавав самата на себе дека се оптеретувам, и тука писував дека не се оптеретувам , ама потсвесно мислев на тоа. Се будев со таа помисла, легнував со таа помила, висев по форуми , читав за бременост, зачнување по цели денови и ете се фати. Значи кога сака да биде ке биде...... неможе со сила против реченото.... Сега во среда закажав за на гинеколог па се надевам дека се ќе биде во ред. ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ЗА ЧЕСТИТКИТЕ и се надевам дека и вие ќе се израдувате наскоро... Поздрав
честитки и уживај во бременоста. За останатите само напред со позитивни мисли,нема откажување и резултатот наскоро да ви биде позитивен. Господ да ви даде на сите да имате бебенце и да почудтвувате убавината на мајка
Во право сте биле со опуштањето. Си добив работа подпишав договор и се фокусирав на тоа.Не бевме ни толку активни ама ете се погодило..И оп утрово ( во 3 наутро ) после 40 дена од циклус направив тест и излезе бледа линија по калкулации сум 5 и пол недели. Е сега пошто имав еден спонтан малку сум во паника, се надевам ќе биде се во ред... Сега е 5 наутро нема спиење.
Само со позитивна мисла и се ќе биде во ред, впрочем и самата кажа дека си се опуштила па забременила.
AngelofArh, ништо од мене добив вчера и тоа два дена пред датумот. И се утепав од плачење така што денес сум тотално деформирана во очите па викам ааааа лергија ме фатила некоја од сонцето. овој месец бев опуштена ама не целосно. Е сега имам време неделава да се средам и да одиме понатаму со позитивни мисли. Поздравче и чекам барем кај тебе две линии
Sweet woman, и јас имав еден спонтан еве сега се обидуваме па сега не сака да фати, а тогаш од прва фати. Незнам дали ти е прв или втор? Мене нисто не ми направија само пап и брисеви и излезе дека немам ништо, а други испитувања и не прават после прв. Знам дека ти е тешко ама направи повеќе испитувања, јас едно време се филмав од ова ми било од она па на крајот си викам господ како ни пишал така. Биди јака мене ме тешат штом еднаш фатило ќе биде. А ако тие втор спонатн барај се што може, сите испитувања да ти ги направат. биди јака и господ како што е никој не е. Само да се надеваме на убаво со позитивни мислиии. Поздравче