Здраво девојки, се сум пишала оддамна ама ве следам постојано Сакам да ве прашам...во поселдно време ПОСТОЈАНО, ама мислам постојано ми се спие. Сабајле станувам и наспана сум ама уште ми се спие(знам како звучи ова ама вистина е ) Покрај тоа често ми мириса се, на некои места дури и ми треба да излезам за да земам воздух, дури и дома Исто така вчера и денес повратив, а често имам нагони за повреќање. Ама и предходно ми било слично вака па се прашувам време ли е за да се купам тест за бременост. Имав добиено на 22.2.2011 и обично ми иде на секои 35 дена и треба да ми дојде за 8 дена. Прашањето ми е што друго може да биде, ако не е бременост, дали е можно да е некој стомачен вирус или food poisoning (извинете не ми текнива на мк. како е зборот кога сум јадела нешто лошо и расипано ) Ох, и ако направам тест утре на пр. дали ќе покаже точно или да чекам да видам дали ќе ми доцни. Да ви кажам најверојатно ги знам овие работи ама сега дека се работи за мене и мн сум возбудена од можноста да имам бебче па ништо не ми текнува
беше на доктор? затоа што може да е spotting (пак јас со мојот англиски извинете ама навистина не ми текнуваат зборовиве на мк.) и сепак да си бремена. Ако било само на улошката и ако не било обилно како вообичаено би требало да одиш на гинеколог затоа што може да имаш "добиено" а да бидеш бремена
добро утро на сите дојде и тој ден денеска мојот сопруг ке прави биопсија на тестисите и да ви каЖам искрено по малку ме фака страв каков ке биде резултатот цела нок не спиев од мисли знам дека не треба така да мислам но дај боже господ да ни помогне на овој ден и да ни крене напред да може да правиме бебе поздрав до сите
nana2112 ти ја пуштам цела срека на светот и од срце ти посакувам се да биде во ред не се секирај душичке господ има предодредено за сите нас по нешто а за тебе сигурно едно мало бебле позз и само опустено и ке биде
Се уште не ми ги препиша, ми кажа кога ке ми дојде ако сакам да отидам да ми ги препише и да ми каже терапија. поздрав
Нана стискам палци за вас и ти ја пуштам цела моја среќа, за се да биде во ред. Ајдe, ајде наскоро ДАЈ БОЖЕ на мекици да не викаш
здраво сакам да ве прашам дали ви се има случено измеѓу циклус одприлика кога би требало да се плодните денови да ви потече како бледо кафено малце и црвенкаво како кога завршува менструацијата мене барем така ми е кога ми завршува.гинеколог ми рече дека тоа може да е од овулацијата но не ми е растегливо тоа нели во овулација треба да тече растеглива слуз?ме интересира дали се има случено кај некоја од вас ако се има пишете.ми се има случено така во повеке месеци но не секогаш и ми трае 2-3 дена
Јас не сум имала такво нешто до сега, но познавам пријателка која МНОГУ ЧЕСТО кога и се плодни денови ( овулација ) и се појавува таков исцедок. Знаеш како, дека се случува такво нешто кај некои - ДА, мене на пример ме растура едниот јајник кога сум во овулација, значи индивидуално е кај секого. Мислам дека е најдобро да идеш на гинеколог и докторот нека утврди дали тоа се должи на овулацијата или НЕ ДАЈ БОЖЕ некоја бактерија е во прашање. поздравче
Никој не е посреќен од мене утрово, сосема неочекувано земав да направам тест (мислејќи дека кога ќе видам дека не сум бремена побрзо ќе добијам) на тестчето се појавија 2 линии!!!! Сега сум збунета, среќна, малку исплашена....му кажав на мажето по телефон неможев да чекам морав да споделам со некого а баш сакав да му го видам изразот на лицето кога ја слушна веста! Споделувам и со вас за да ви дадам поддршка да се трудите, нас ни требаше скоро една година за двеве цртички
драга божица нека ти е честито и нека ти е со срека да го имаш најубавото бебенце и баш ми е мило кога ја прочитав радосната вест и благодарам што ја сподали со на нас оваа прекрасна вест се надевам веке дека една по една ке објавуваме само радосни вести поздрав голем до сите
Здраво Сакам да прашам има ли некој искуство од Св Лазар мене ми препорачаа таму да одиме на преглед за мажот ми ама јас се мислам и за Систина,па нез знам која да ја изберам.
Честитки Божица ти посакувам да си уживаш во твојата бременост и твојата среќа да не зарази сите нас,поздравче
Зависи што сакаш да испита маж ти,ние за спермограм и спермокултура бевме во Микролаб,тоа е позади Рамсторе,па сега не знам што испитувате,поздрав
]здраво сакам да ве прашам дали ви се има случено измеѓу циклус одприлика кога би требало да се плодните денови да ви потече како бледо кафено малце и црвенкаво како кога завршува менструацијата мене барем така ми е кога ми завршува.гинеколог ми рече дека тоа може да е од овулацијата но не ми е растегливо тоа нели во овулација треба да тече растеглива слуз?ме интересира дали се има случено кај некоја од вас ако се има пишете.ми се има случено така во повеке месеци но не секогаш и ми трае 2-3 дена[/quote] Јас не сум имала такво нешто до сега, но познавам пријателка која МНОГУ ЧЕСТО кога и се плодни денови ( овулација ) и се појавува таков исцедок. Знаеш како, дека се случува такво нешто кај некои - ДА, мене на пример ме растура едниот јајник кога сум во овулација, значи индивидуално е кај секого. Мислам дека е најдобро да идеш на гинеколог и докторот нека утврди дали тоа се должи на овулацијата или НЕ ДАЈ БОЖЕ некоја бактерија е во прашање. поздравче [/quote] фала ти за одговорот имам правено тестови нема присуство на бактерија значи да не се нервирам може да е и нормална појава штом се јавува и кај други жени.јас си мислев да не е недостаток на овулација и затоа прашав.а се обидуваме со мажот ми за бебуле
можам да замислам колку си среќна сега нека е со убаво натаму ти посакувам се најубаво и ајде и ние кои чекаме да ти се придружиме поскоро..позз
Божица баш сум среќна за тебе!!!! Со срека нека ви е и тебе и не мажето твое и да имаш најлесна бременост!!! Инаку вчера сретнав една комшика и она ми кажа дека е бремена, ме израдува! Дај Боже Господ на сите да им даде колку што си сакаат дечиња!!! Дај Боже на сите форумџики, кои чекаат, да им се појават 2 цртички месецов и да си бидат најсреќни!!!