А инаку, не ти кажав. И мене на моменти како за во тоалет ми е.... И на моменти како бубрег да ме фаќа.... Ајде дај боже од убавата болка да е кај двете!
Oд твоја уста во божји уши, инаку најубаво е од изостанување на циклусот поточно после 35тиот ден да се направи тестот бидејќи до таа граница и од други фактори може да доцни циклусот а јас ете на 25тиот и нема епа нема јас и по природа сум така брзоплета особа абе не можам да се стрпам затоа ти се восхитувам на трпението
Верувај, не ќе да сум некоја со многу трпение... Само што се подсмирив малкуцка, и гледам да сум порелаксирана! За сечие добро ! Па многу е рано на 25 ден. Нормално дека нема да покаже! Почекај уште малку па... можеби ќе биде се ОК!
девојки да прашам нешто..сабајлево ми се јави жолт исцедок, можи ли од кандида да е? Бидејки моментално ја лечам неа бактерија не би требало бидејки пред месец дена правев операција и пиев антибиотици и пред и после тоа за превенција од инфекција Вчера имавме секс 3 пати па мм ме зеза дека од спермата е исцедокот шала на страна се загрижив малце од што можи да е
Aко свршил во тебе исцедокот најверојатно е сперма, многу често ми се случува наутро и мене да ми дотече
Здраво девојки, и ние од скоро се зафативме со работа па сакав да ве прашам дали е нормално по ејакулацијата, дел од спермата да истече надвор? Исто и јас после тоа лежам и се обидувам да не се движам.... сепак не може цела сперма да остане внатре , нели???
Нормално дека не може! А и не ти треба цела! Ти треба само еден сперматозоид кој не ни можеш да го видиш! Ако сака да фати, ќе фати! Ич не секирај се! А да лежиш е добро зошто сум прочитала дека побрзо забременуваат жените што лежат после однос, и тоа во голем процент! СРЕЌНО!!!
Е ако де... можеш да го имаш и повеќе пати! А тоа што е жолтеникаво, спермата е таква... Бојата зависи од многу фактори... од храната, можеби пуши итн, итн! Без гајле...
не е пушач и прво истече онака прозирна спермата вечерта тоа, а сабајлево жолт густ ко секрет од нос исцедок да не сме на раат значи
Некако премногу се оптеретуваш! Немај гајле... ти велам (од искуство) и мене така ми се случува.... А ако е кандида тогаш ќе те чешка и пецка долу... А башка кандидата е најнеопасна во сите бактерии што можат да опстанат во тој дел! Затоа уживај си и само напред!
да знам дека не е опасна, ме пецкаше вчера ама се намачкав канестен и ми помина тоа од многу антибиотици ми се јави, ама негде читав дека жолт исцедок е знак за бактерија и затоа се испаничив, Фала ти многу мила
Денеска е убав ден за мене Имаме подобрување во спермограмот, претходниот ни беше со 1мл. ејакулат, вк.количина од 27мил/мл и 15% подвижни. Денес имавме 2,1 мл.ејакулат, 38,4 милиони во мл., вкупно 80мил./мл но прогресивно подвижни 25% и споро подвижни 10%, . Спермограмот го правевме во авицена, е сега во графата кај што им ги пишува референтните вредности во делот за подвижност им пишува дека за нормално се смета >32% вкупно брзи и бавно подвижни. Како што знам јас за нормално се смета >50%. Исто така има и зголемено присустство на леукоцити 3,6 од нормално до 2
SpangeBob, ти посакувам срека! Камо да е така како сто викас и да се израдуваме сите месецов! Јас имам усте доста време до потенцијалниот ден, ама и како сто ви казав скроз сум релаксирана....на моменти си мислам дали е нормално и ова moevo не мислење и не замарање ајде на арно нека е! SpangeBob, ти усте колку имас до недобивање? Ајдееее едвај Чекам некој да пријави II
Eden kup raboti pie: Vit.c, selen, cink, vitamini od A-Z, Spimen, i BIOASTIN. Povremeno pie maski caj od Herba Stojanovi, maticen mlec kapsuli i ponekogas kasnuva od indiskite orevcinja i bademi. Sega ke dodademe i Tribestan, a se mislam dali da kupam od edni medari, 1kg polukristaliziran med pomesan so 10 gr.mlec, i polen.. 45eur.
Се надевам дека ова шо ќе ви го напишам ќе ви доеси на сите вас по едно малечко ( можеби и поќе). Ние се обидувавме неколку месеци немојте да сте напнати и да мислите на то дека мора баш таа вечер да фати , то шо ќе биди таа вечер другиот ден не мислете на то многу поубо ќе ви биди. Првите два месеци и јас бев опседната со то и само се нервирав оти неможам да останам бремена се опуштив и престанав да мислам. Откако ќе свршеше не станвав одма лежев на страна така и по малце истеква од спермата. Однеоси имавме два до три пати неделно.
У душо, дај боже сите по две цртки во еден ден да пријавиме! Туку од денот на посакуваното недобивање поминаа 2 дена! Значи денес веќе 30ти ден од менс (ми доаѓа на 28 секогаш). Само нешто ми е чудно, утрово ме рабуди чудна болка во стомакот, во абдомен поточно! Како што опишував претходно: грчевие некои... што знам! И сега гледам да не мислам, иако веќе на некој начин ми доцни. Сепак ми е `фуфки` малку за да направам тест! Ама да бидам искрена, многу сме биле вредни месецов!
Фала мацо!!! Денес малку и страв ме гони!!! Ама така, се правам дека не го забележувам - стравот Тоа е. Како што сака Господ, така ќе биде!