Ako e od sistina uste podobro. Jas im zvonam koga mi treba. Na kraj na den oni site gi ostavaat mobilnite Ili sekako imaat dezuren ginekolog prasaj go nego. Jas koga bev na pregled kaj Lazarevski mi bese 3 den od ciklus i bese pladne (skoro 12h) i ne bese voljen da gi pravam tuku mi kaza sledniot ciklus..
zalam bokace, barem znaes na sto si... oslobodi go umot i mislite, pesaci ili vozi velosiped, svari si cajce od ajducka treva i jadi aronija, mislam deka ke ti dojde poskoro.
само хормонска терапија ке ми помогне во моментов .. и овој месец ми отиде залудно само нервози и солзи ништо друго не добив .. Ке почнам да собирам пари и кога ке добијам ке одам на доктор да започнам процедура за инсиминација доста беше чекање напор ми стана веке ова залудно талкање .. толку пари имам дадено за гиниколози , хормонски терапии , бајачи ... до сега 3 инсиминации ке направев ама се е залудно од ништо нема ефект
Здраво девојки, Ве следам постојано иако не сум многу активна тука на форумот Утрово правев тест за прв пат, и веднаш се појавија двете цртки дали е можно тестот да лаже или доколку има бременост покажува секогаш точно ? Искрено не можам да си поверувам дека и мене ми дојде денот кој ќе ми го промени животот Премногу се израдував, но сепак ќе чекам додека проверам на доктор за сигурно ... Поздрав до вас и ви посакувам што поскоро да си се радувате
Видете каков ке биде резултатот од спермограмот, а ти кога ке добиеш на 3 ден провери хормони.Зопто мислиш дека ке ти треба хормонска терапија, имаш имано проблеми со хормони? Имаш ли примано хормони до сега? За инсеминација незнам дали знаеш дека шансите за позитивен резултат биле 10%-20%, ако правиш подобро на државно барем да не си дадеш куп пари, како што имам читано по форумиве околу 500 евра им излегувало на девојките на приватно.
Затоа што имам полицистични јајници пијам хормони доколку не добија имам пиено примолут нор , циклопрогинова , дабрестон .. нешто не можам да направам освен да чекам до понеделник Другите хормони во главно се во нормала на раница но јајниците прават проблем
Случајно ја сретнав статијава на интернет, па да ја споделам со вас. Се надевам дека ќе помогне на некоја. Со среќа на сите, што побргу да си ги видите 2те цртки. Spoiler СМОКВИ ВО МАСЛИНОВО МАСЛО – ЛЕК ЗА НЕПЛОДНОСТ Маслиновото масло во комбинација со смокви е чудесна комбинација во аптеката на природата и претставува народен лек одамна познат главно во приморските региони. Искуството покажува дека комбинацијата од смокви и маслиново масло помага во лечење главно на: неплодност, хемороиди, цревни заболувања, анемија, запек, високиот холестерол,бронхитис,астма.Смокви во маслиново масло се најдобар лек за бактериите во желудникот, и за чир. Во принцип, смоквата е многу лековита во комбинација со маслиново масло за разни стомачни заболувања. Подготовка на лекот: Во едно литро маслиново масло во стаклена тегла се потопуваат 40 суви смокви.Се остава да отстои 40 дена. После тоа, секој ден на празен стомак јадеме по една смоква пред секое јадење. Ако не можете на овој начин да ги јадете смоквите тогаш пијте по една лажица маслиново масло а после тоа јадете по една сува смоква. Лекот го има истиот ефект. Овој рецепт е безбеден и ги ублажува симптомите се додека трајно не се отстранат.Сувите смокви содржат многу повеќе енергија, протеини, масти, шеќери и минерали од свежите плодови. Не заборавајте да ги чува на ладно, и темно место. Сувите смокви се одличен извор на минерали како што се калциум, бакар, калиум, манган, железо, селен и цинк. Во 100gr суви смокви има 640mg калиум, 162mg калциум, 2,03 mg железо. Калиум е важна компонента на клетката и телесните течности што помага за контрола на отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Бакарот е од суштинско значење за производство на црвени крвни зрнца. Железото е неопходно за формирање на црвени крвни зрнца во крвта. Маслиновото масло содржи мононезаситени масти, поздрав тип на масти кои може да го намали ризикот од срцеви заболувања и намалување на вкупниот лош холестерол во крвта. Маслиновото масло содржи витамини А, Д, К и Е, кои помагаат организмот да се бори против слободните радикали и оксидацијата на клетките.
Мене Лазаревски ми кажа шансите ни се 50-60%. Јас му реков дека ако се толку мали колку што викаш ти да одиме одма на ивф. Вика нема да има потреба. Туууу 10-20% е малку...
лажно негативн може ама лажно позитивен неможе. е сега се да биде во ред со плодчето да добие срцева реакција. ајде со среќа
Се согласувам Sweet.Woman! Ајде нека биде така. Нека ти се насмевне среќата тебе, а и на сите нас. Имаш ли некои симптоми?
можеби дека пладне веке било затоа така рекол зашто од сабајле се зима за хормони крв. Инаку имам читано на други форуми и на 4 ден девојки испитувале. Јас бев сабајлево ме боцнаа крварењето сеуште ми е оскудно крварењето па да видиме како ке искочи. Секако за хормоните што највеке ми требаат ( инсулин тест0стерон и пролактинот ) не треба 3 ден , пошто во тоа референтните вредности има само една вредности не е по фази..па што биди нека биди Бокаче за карање си стварно, јас потполно те сфакам како ти е и јас минувам низ истото ама многу брзаш ептен на 20 години инсеминации ова она, чекај малце ептен си млада, има и други стимулации не мора тоа, како си тргнала ке побараш и инвитро уште малце не ми се лути најдобронамерно ти го кажувам тоа , опушти се малку, прошетај со мажето, незнам дали студираш, ако студираш посвети се на факултетот се ке се среди, имаш време на претек. Јас на твои години грижа ми беше само каква пудра ке купам и да положам испити а она плачела се нервирала , за котек си Ајде глава горе развредри се, и лека полека се ке биди
Фала многу девојки Па изминативе две три недели осеќав малку гадење, но ни еднаш не повратив, а исто и во долниот дел на стомакот одвреме на време имав како пецкање т.е. тегоби како пред добивање менструација, а и градите малку ме болеа но ништо посебно.. Инаку имам редовна и точна менструација па откако ми задоцни два дена знаев дека тоа е тоа, но чекав уште една недела додека направам тест, затоа што не очекував дека толку брзо ќе биде
Супер за тебе чим е така. Јас треба да проверам уште еднаш, ФСХ, ЛХ и естрадиол за да може да ми даде терапија.
каква терапија? ке правиш ништо инсеминација или? Ние од нареден циклус трба да почниме со кломифен во комбинација со метформин, дали нешто друго ке ми дади појма немам
Планираме инсеминација, да. Ама и моите хормони не беа сјајни - укажуваат на ПЦОС, а бидејќи немам полицистични , значи немам редовна овулација Сакаше да биде сигурен па ми кажа пак да проверам за да не се клукам безвезе со хормони. Едвај чекам да почнеме.
Девојки, ви посакувам срека на сите, мојата ситуација се искомплицира ептен, така да од здравствени прицини јас морам да паузирам... Барем едно 4-5 недели додека да оздравам целосно. Ве поздравувам, ви посакувам на сите позитивни тестови во најбрзо време.
Здраво девојки! Нова сум на форумов, но постојано ве читам. Со мм скоро веќе една година се пазевме и конечно решивме да пробаме за бебче. Последната менструација ми беше на 11.08, односи имавме на 23.08 и тогаш мм сврши во мене. Тој е сигурен дека сме направиле бебче, но јас не верувам дека ке фати од прв пат иако односот ни беше баш во плодни денови. Деновиве чуствувам некоја болка во јајниците. Инаку од пред 3-4 месеци почнав да чуствувам болки во препоните и јајниците за време на плодни денови, нешто што до тогаш не ми се случило. Неможам да издржам уште една недела за да видиме дали ке дојде вештерката или ќе се радуваме на нов член.
Дај боже да се израдувате, инаку имаш тест кој се прави после 8 дена од односот, значи можеш утре, селф клеар од зегин.