Не а? Фин е во принцип. Мене не ми се виде некој лепотан или незнам што, ама ми остави впечаток дека сакаше да остави фраерски ефект кај сестрите Изгледа им е од помлада генерација а тоа е на цена И мене така ми кажа кога се жалев за спекулѕмот - ова е како на овичен преглед. Е не е исто - таму не боли! Се согласувам со @butterflysk дека до фатот е.. Овој нема баш некој добар фат
Да,ми кажа дека матка е добта и двата канали се проодни.па може да е и до тоа,и до фатот е,зависи како работи.богами ние жените сме прави херои !!!
Сега не знам,ако можам утре или од понеделник ќе одам кај докторкава да ми каже што натака.др. Бојаџиев ми рече да пробам со кломифен,ама рече со мојата докторка да се договорам.Па овој месец можеби ќе бидам без терапија,па во новата година ќе видиме како ќе тераме,а може да прашам и за инсеминација !
За кломифен задолжително под лекарски надзор - мора да ти ги следи фоликулите. Прво не можеш да си ја одредиш дозата сама, а второ може некоја циста да се појави. Ајде сега вака олабавена може ќе биде А вие колку време се обидувате?
Штом се проодни каналите значи нема пречка да се случи бременоста, се е во ред...е сега треба да се почне со инсеминации. Не одложувај со инсеминации. Почни си со време. Со среќа!
Знам ,јас имам лани пиено една доза кломифен и примив и Прегнил инекција,тоа беше пред пола година ,може и повеќе,и одев на фоликулометрии.Сега ќе се договорам за наредниот месец,дека сега нели касно е за кломифен,па ќе видиме.а за бебе пробуваме скоро 3 год. Ама многу време потрошив чекајќи за да превземам нешто(што од оправдани причини,што од страв,што заради пари)....ама било што било,сега веќе не се откажувам
Па ќе се видам со докторкава да разговараме за инсеминација,па ќе видиме од кога ќе биде(ама да се надеваме дека би биднало и без тоа ) фала многу,ќе ми треба среќа имајте си убав ден !!!
Докторката ти е матичниот гинеколог? Да не ме сфатиш грешно, ама јас би се ориентирала кон некој специјалист за стерилитет. Сепак 3 години не се малку. Ова е мое видување, не значи дека е точно.
Многу сум тажна мојата среќа траеше кратко.Денеска бев на гинеколог.Бременоста не се совпаѓа со неделите.Плодот е многу мал.Јас сум 8 недели и 3 дена а плодот одговара со 6.Цел ден си плачам.Зошто Господ прво даде па после ти ја зема сета радост..
Докторкава е обичен гинеколог.и јас размислував да отидам кај некој доктор од систина,некој специјалист,ама тоа ќе видам после нова година.овој месец така малку да одморам од се и после со нови сили во нови победи
Леле немој да плачеш,така требало да биде.а зошто не побараш и друго мислење? Јас не сум била трудна,немам искуство,ама често читаме овде дека и докториве знаат да згрешат.ако можеш побарај си уште едно мислење и само храбро,понекогаш Господ не става пред големо искушение,мораме да издржиме.ние сме овде со тебе,ја имаш нашата поддршка !
Доколку не си запознаена со клиникава,може да видиш и тука https://www.facebook.com/NEWBORNCLINIC -центар за плодност
Мила ти даде ли некаква поконкретна информација. Точна големина на ќесата, на плодот, на цистата со која се храни плодот, срцева реакција?
Ete gledas deka ne boli i nema od sto da se plasis?super flower30 stom pomina i taa rabota,sega opusteno,da si go guskas mm
Јас пред некој ден ја најдов случајно бидејки на групер имаше ваучери баш конкретно за клиникава,решив да ја споделам со вас.Можам само да кажам за еден од докторите кој што работи таму,дека мене лично многу ми има помогнато.Има на нивната официјална страна се што ве интересира и за секој доктор посебно
Помина и тоа,сега малку овој месец ќе се посветам на маж ми,богами малку мора поопуштено,а не само да бројам плодни денови и да викам сега може,сега не може Сум заборавила, ти овој месец правеше ХСГ ?