Женчиња - сум добила подарок од ДМ - Шампон за права коса. хихихихих Незнам кога последен пат нешто ми се паднало и ми се посреќило. Може некој добар знак е
Jas odluciv da gi ispitam kanalite posle Nova God za ovoj mesec da odmoram malku psihicki,no denes bev na kontrola kaj maticniot i bidejki sum na sredina na ciklus doktorot mi veli imas izliv na folikul vcera ili denes e puknat.Ko za maler vcera nemavme odnosi, posledno imavme vo sredata, a denes duri vecer ke imame i ne znam dali ke ja nacekame jajce kletkata. Doktorot veli ima 24 casa no ne znam koga puknala. I mi dade utrogestan od utre da stavam vaginalno. Nemam iskustvo so niv, dali da gi stavam pred odnos ili posle i dali treba da se stavat podlaboko? se izvinuvam za latinicata od tel pisuvam
Мила спермата останува во нашето тело и до 5 дена. Побрзи се машките сперматозоиди кои и побргу изумираат, но женските се побавни и им треба подолго да стасаат до јајце клетката и преживуваат подолго. Иако е од среда, шансите се добри. Ајде вечер пак милување и стискаме палци.
Кога и да го ставиш ќе имаш остатоци од него и на гаќичките и на тм. Долго време останува белото од него.
Не се секирај воопшто, никој не може точно да знае кога прснала јајце клетката т.е во колку часот .... имајте си односи и два три дена после овулација нема никаков проблем, а за утрогестанот исклучиво после односи се става и на самото упатство мислам пиши дека се става длабоко во вагината значи колку што можиш со прстот доволно е.... и онака само мал дел од него му е потребен на организмот, се што е вишок ќе си истечи.
http://grouper.mk/skopje/deal/new-born-clinic-tandem-paket-plodnost Случајно видов, па ако ви треба мислам дека е добар попуствов, иако многу не се разбирам во ова.
Фала да си жива ки здрава и ти Да кломифенот само го пиев и тоа дека сакав трудна да останам побрзо не дека неможев онака не ми се чекаше па со кломифенот само убрзав и ми помогна многу зашто природно без кломифен од стресовите и нервозите не ми се зацврстувасе во матката плодот а кломифенот го пиев еден месец и останав одма ама еден неписмен доктор на веќе останата трудна јас ми стави прегнил и до вечерта све се истера од мене ,а другиот месец си отидов кај д-ор Коруновски и од прва се фати без проблеми ,мздравје сега овој месец сакам пак кломифенчето да си го земам за друштво на синчето да му дадеме хахаххахах ајде ајде што побрзо да се испразни темава сите на трудничката да се префрлиме
Јас незнам што да кажам.Девети ден од инсеминацијата ми е(а 22ри ден од циклус) а ми се јавија како грчеви некои ко да ке ми иде.Нели е рано за да ми дојде ако не успеала инсеминацијата?
Фала ви женски за одговорите, од денес почнувам со утрогестанот па ако се фатило нешто сношти случајно- супер, ако не продолжуваме понатаму. Инаку вчера заприметив имав многу течен проѕирен исцедок,а денес е веќе погуст и побел. Со среќа на сите месецов, што побрзо да се радуваме и да се селиме од тука во поубави теми
Додека ставаш кринон гел (прогестерон) нема да добиеш. Имав и јас како болки, тапи, чудни, баш деновиве..
А како утврди дека не ти се зацврстува плодот т.е нема имплантација? Исто и за првото пиење кломифен, како знаеше дека има оплодување, а дека докторот ја попречил имплантацијата? Кломифенот се користи за поттикнување овулација, незнам како имплантацијата е поврзана со него?
Идев на ден-два на контроли за мерење фоликули и кога имав оплодени клетки пред да се зацврстат во матката ми се исфрлаа и затоа се решив за кломифенот првиот месец кога со помош на кломифенот сум останала еден неписмен гинеколог на прегледот наместо да ми каже дека сум била останата бремена тој ми стави инекција прегнил и до вечерта искрварив со јаки болки и десет дена крварев потоа ми кажаа дека всушност сум го исфрлила и по вториот пат успешно беше со асален гинеколог и никад не би си го сменила
Прашањето на @kukla21 беше како знаеш дека имало оплодени јајце клетки - на ехо се гледа фоликул, но пред тест за бременост никој не може да види дали јајце клетката се оплодила (не се гледа ни дали имало јајце клетка во фоликулот воопшто, затоа и на инвитро специјално гледаат кога ги вадат, а дури следниот ден знаат дали се оплодиле - и сето тоа во лабораторија под надзор).
кога бев на вагинално ехо ми се видоа до сега три пати по ред од кој еднаш имав 3 оплодени јајце клетки кои не продолжија да растат во матката т.е не се зацврстија а на ехото јасно се гледа кога во матката има нешто ,потоа другиот месец имав две исто така па пак се исфрлија и на крајот со кломифенот се решивме па првиот месец со кломифенот имало оплодување али од арниот гинеколог си крварев обилно 10 дена ,а потоа сменив гинеколог и мерев фолекули на два дена и се фатија 2 ама во матката едното почна да расте а другото така си остана и на пораѓајот се исфрли
Јас колку што сватив ти си имала проблем со енодметриум а кломифен е за поттикнување на растот на фоликулите. Пред да ти го дадат ти веќе си имала успешно созреани јајце клетки без негово користење...не било тоа прблемот кај тебе. Можеби јас погрешно сватив, нелогично ми е.
не во ред ми беше све туку јас имав премногу стресови и општо таква сум јас многу нервозна и се ттооа од нервозите ми се дешаваше ,а кломифенот само ми помогна да се средам малку ,откако се видоа тие оплодени клетки во матката користев утрогестан два месеца вагинално и не смеев да станувам од кревет освен до веце али откако се ујача ништо повеќе не пиев освен фолнакиселина и многу многу овошје имав ептен лесна бременост и пораѓај како песна
Значи освен во специјални услови и со микроскопи кои се користат за ин витро, доктор на ехо не може да види оплодена јајце клетка, ниту пак процес на имплантација (тоа што ти го викаш прицврстување на матката). Кломифенот само помага да има еден или повеќе фоликули кои подоцна ќе се оплодат и прикачат на ѕидот на матката (ендометриум). За да има имплантација меѓу другото битна е дебелината на ендомметриумот. Јас незнам кој ти утврди толку рано дека имало оплодување, а не пак имплантација?? Па жените кои имаат позитивен тест за бременост чекаат до 6 недела да може да се види нешто на ехо, а не па 3 дена од оплодување. Овие стоп инекции (прегнил) се хцг хормон. Тој се зема од мокрача на бремени жени. Прочитај во упатството. Тој се користи за прскање на фоликулите, а природно се лачи после имплантација. Значи не може да даде сигнал на телото да ја испушти бластоцистата (или како и да се вика оплодената ј. Клетка во таа фаза). или јас нешто не разбирам или твојот доктор има опрема кои другиве ја немаат.