Кажи и на другарка ти дека сперматозоидите умираат кога ќе се исуши спермата. А и тешко дека преживуваат во надворешна средина, умираат за многу кратко време. За да преживеат подолго им треба топло место ко што е вагината и таму можат да преживеат до 7 дена. А во контакт со кислород и надворешна средина мислам дека околу пола час (ама за ова незнам точно, имам читано ама не се сеќавам баш, некој постручен нека каже)
нека проба другарка ти со кондом откако ќе сврши младот нека го подврзе и потоа нека си го ишприца со шприц внатре нз колку би и помогнало но нека се обиде со срејќа
незнам како може да давате вакви совети каде што една личност сака да му го зафркни животот на друга личност. јас да сум машко и да прочитам вакви постови има да ми се згади од женскиот род и потоа машките биле вакви или онакви море од жена нема полошо и тоа од вакви жени кои насила ги заробуваат своите идни мажи и пота ќе се жалат на форумов дека не ги гледа детето и неа и ова и она. победна работа од оваа одамна немам слушнато, до сега не ни верував дека постојат вакви жени ама ете..
Девојки темава беше супер и од милина да ја читаш. Штета што се појави потреба од мислења за ваков проблем, што всушност и не е проблем туку лудост. Поглупо од тоа да сакаш да забаремениш со човек кој можеби и не сака деца, навистина нема. Ако и е само важно да остане бремена, нека бара донатор на сперма, а не така да му прави на човекот.
Што не ќе прочиташ и чуеш во денешно време . Сигурно дечкото има пари, па другарка и сака да го мажи . Ај да не ја уништуваме темава
Они се верени и како и да е ќе прават свадба во јуни. Меѓутоа, после 10 години врска (пошто толку време идеа), нормално е на 27 години да посакаш да имаш дете. А ако тој кој има 30 години сега не е спремен за дете кога ќе биде? Јас постојано ја убедувам дека тоа не е начин, дека мора и двајцата да го сакаат тоа, но не е работата дека тој не сака, туку моментално немал време Не ја обвинувам и не ја осудувам затоа што мислам дека нејзината желба е нормална, само пристапот и е погрешен, но таа е очајна. И верувам дека кога нешто силно посакуваш си спремен на се.
Ние сме во брак скоро 2 години па маж ми смета дека е рано да се мисли на деца И јас едно време мислев да останам бремена несакајќи со фината заборавено контрацептивно апче но сфатив дека детето ќе го имаме кога и двајцата ќе сакаме (а не само јас) и дека премногу го почитувам и него и нашиот брак за да направам нешто толку подло кое може да ни го расипе бракот. Во суштина што е бракот без доверба?
навистина "ciribiribela" темата беше супер, и јас прво кога ке отворев на фемина ја читав неа, се надевам дека за брзо ке заборавиме на ова, и сите ке почнеме да си ги споделуваме нашите желби за бебенце, мислам наши, значи на двајцата партнери и сите ке бидеме срекни за брзо време со по едно бебенце, а некој може и две, три...
здраво женички да ве прашам да не знаете случајно дали може да попречи ако свшам јас прво па после тоа мажот ми ?оти ние секогаш така правиме.може е глупо прашањево ама прочитав негде дека и оргазмот на жената помагал во забременувањето.
да и јас читав дека ако жената сврши прва потоа сперматозоидите останувале зиви во поголем број и со знам дали така биле поголеми шансите за машко баш ќе се растерам ако најдам ќе ти пратам линк.............evehttp://www.femina.mk/%D1%81%D0%B5%D0 ... 0%BA%D0%BE
еј абе не се замарам јас со тоа за машко или женско а прашував да не го попречува забременувањето тоа што јас прва свршувам.сепак фала многу што ми одговори имај лесна бременост
Феминки ми касни не знам колку дена зашто имам нередовна менструација, значи негде пред 1 април имав знам за 1 април ми беше2 ден така нешто е сега сме 6 мај, немам некои симптоми за бременост само што си јадам така повеќе и сакам сега да купам тест да направам да видам дали сум нема везе ако сега го правам мислам дека ако сум бремена ке показе позитивно пошто се прави од сабајле ама јас сакам сега од радозналост лелел дај боже да сум позззззз
Не мора да значи дека тестот се прави од сабајле, јас мојот го направив во 17 часот и ми излезе позитивен. Ако имаш купено направи си го Ти држам среќа.
ОООО Ништо само што ми излезе негативен највероватно ми касни од времево може и од некој стрес па сега ке чекам да добијам.о боже зошто вака се случува???баш кога сакаш да добиеш две цртки ти добиваш една.ама затоа од сега не правам тестови ако си добијам ок ако ми касни ке чекам ако треба со недели па ке се види тогаш.ајде поздрав феминки на вас ако не кажам не знам на кој поздрав и се читкаме
Ке цркнам до 15ти значи ова се најтешките денови. Шо и да праиш таму ти иде паметот лошо. Што се работи за девојката која сака да го ПРИСИЛИ свршеникот да чува дете, јас би ја советувала да седне да разговара со него. Дали тој воопшто не сака деца да има во животот или ова е само период каде шти сака да ги исполни своите амбиции. Ако одговори дека не сака никогаш да има деца подобро нека ја откаже свадбата, со различни погледи кон светот ништо нема да стори. А ако ова е само привремено, подобро нека почека за и двајцата да се израдуваат кога ке дознае дека е бремена (а не само она) и плус нека е срекна што маж и (иден) сака да обезбеди финансиски да може да издржи деца уште на самиот старт. Мислам него го разбирам, ама како може во брак да правиш нешто само за себе!? Не не. Јас не би се осмелила така. Ко прво и да останам така бремена нема воопшто да се радувам ако маж ми таа вест не ја прифати како радосна вест. Џабе е се така. Патем какво е тоа "ако не е спремен сеа на 30, коа ке е?!" На што личи тоа????? Маж ми има 34 па никогаш не сум му рекла стар си време ти е. Простаклук. У кој век живее таа? Чудо што со такво размислување не родила на 15.
знаеш што некогаш тестовите не покажуваат позитивен од голема желба то ми го има речено гениколог оди ти на ехо нека те видат не се разочарувај
здраво на сите денес од државна болница не известија дека за 2 недели ќе бидат готови резултатите од биопсијата на мажот ми и ме фаќа паника и страв каков ќе биде резултатот не сакам воопшто да помислувам на него ама се утепав во исчекување на резултатот веке 1 месец се молам само на господ се да биде во ред и да можам конечно да одам на вештачко оплодување држете ми среќа се да биде во ред па да можам и јас да ви се пофалам со најубави вести не можете да замислите само колку посакувам да ми се оствари сонот кој веке го чекам 6 години да ми се оствари да станеме и ние родители и да имаме едно слатко бебенце секој ден го читам форумот и ми е драго секој ден кога ке прочитам дека некоја феминка е бремена ајде само ке мислам со позитивни мисли дека за 2 недели ке слуснам добри вести држете ми срека поздрав до сите и на сите кои се бремени им посакувам се најдобро во наредните 9 месеци и се да биде во ред
здраво феминки.јас би скала да ве запрашам за мојава ситуација.Видете јас како последен пат менструација го сметам 22 март, меѓутоа после 17 дена на 7 април ми дојде пак и ми траеше 2 дена, а со дечко ми сакавме да си направиме бебенце,и од 22 март па се до пред 1 недела имавме незаштитени односи,и мислев дека сум останала бремена. Отидов на гинеколог таму ми кажаа дека за последна менструација ја сметале 7 април дата како последна и тоа мене ме зачуди уште повеке,па и ако не се фатило ништо тој месец од 22 до 7 можеби од 7 до 30 нешто се фатило и во заблуда сум,а докторката ми рече дека требало да ми дојде.Ве молам пишете доколку нешто знаете.Исто така деновиве ми тече една кафеава течност што многу ме загрижува.поззз