Дајбоже тебе да ти помогне, што да ти кажам друго, ние не мора да веруваме па ич па. Глеј сеа нека направи што побргу спермограм. Мм нешто потспомна демек не можам сега, после, другата недела и му реков дека додека не направи секс нема пошто мора да апстинираме за спермограмот, на него му е проблем што мора во wc во Авицена да го направи, друго ништо не му е проблем. Јас сум се напнала дека малце имаше минатиот пат, не се сеќавам точно колку мл, ама малце беше па да види колку може повеќе да извади, ама он вика дека е од тоа што е под притисок во wc-то, не дека не сака или не може. Пусто не им верувам во државна ич, ама ако нема друго и таму ќе идеме
Rakce зар дедово уште гледа мн стар е мајка ми има идено кај него уште пред 30 години и уште тогаш бил стар..зима ли по 500 ден како порано?
Zenicki, SPIMEN ne mozam nikade da go najdam, vo mojot grad ima preku 20 apteki i vo niedna go nema. Kako zamena zedov SPERMOTREND,mi rekoa istiot lek bil. Kazete mi dali e mozebi poefikasen(deka e i poskap),spermotrendot?
Ангел а далеку ли сте од дома во однос на Авицена? Нека си остави примерок дома, па после да однесете?
ninicka мене тогаш ми зеде ама тоа одамна беше сега не знам може сменето е , а за спермограм чим ви рекол направете таму ние кога потидовме првиот пат имавме тазе правено и затоа не ни рече. Иначе ангел на хистологија на клиника прават добри спермограми и си има посебна соба .
Мм пиеше спермотренд - скапи се да, ама се ефикасни. Кај нас имаше доста напредок споредено пред да се користат. Се надевам ќе ви помогнат. АКо ги купиш рефус во Зегин се поефтини.
Па не е далеку ама не е ни на 5 минути. Ако нема друго чаре ќе иде на Хистологија. Проблем е што често треба да чека во Авицена, и да стигне за 10 минути може да треба да бара паркинг, па треба да чека ред, речиси секогаш има ред, да поминат и тие 10 минути и кога ќе го остави на шалтер доволно е да поминат уште 5 минути додека го земат и ете проблем. Ќе видиме ако не може да се направи нешто ќе идеме во државна.
ракче како гледа на белег? На белег на телото? А некој ако нема белег? Ако не ти е тешко да т замолам да ми пишеш каде се наоѓа човеков, кои денови кое време работи , за моја колешка е. Она мислела дека дедово е над 90 години и повеќе не работи .
Мајка ми кога била бремена со мене имала цисти, арно ама кога после 10 години прв пат отиде на гинеколог, не се чудете медицинските лица најмалку внимаваат на своето здравје, и рекоа дека нема веќе ништо. Сепак мислам дека прво медицински треба да се испиташ и да се докаже дека имаш циста, а не дедо на белег да ти каже дека имаш циста. Чаеви, природни лекови, тоа најлесна работа, ама да не е нешто поозбилно.
Ракче, нека не те плашат со глупости. Ако имаше циста сигурно некој ќе ја видеше. А за мажот ти, тоа се случува ако имал заушки како дете. Тоа може да доведе до висока температура и стерилитет. Инаку таман работа ако мажите остануваа стерилни од висока температура, ќе немаше кој дете да направи. Не верувај на тоа со цистите, денес со ехо може многу лесно да се види тоа, а ти си поминала на еден куп доктори. Немојте да верувате слепо на бајачи.
ММ има прележано заушки како мал, па добар е спермограмот не мора да значи ама во секој случај да се провери треба, инаку јас и предложив на ракче да си направи хсг и така нема правено ќе се види ако има нешто во матката.
јас више ништо природно не пијам пиј ова пиј она ништо не ми помогна, а ако не сум бремена овој месец мислам циклусот ми се поремети од чаевите на некој може помагаат природниве работи ама ете мојов организам изгледа апченца си сака повише
Да, затоа реков од заушки МОЖЕ да дојде до стерилитет, но не дека тоа се случува секогаш. Ама сакав да и кажам дека тоа со висока температура, сите како мали кревале температура, не е нешто страшно.
Јас имав циста на грло од матка. Беше мала 1цм мислам но дури и од голо око видлива за гинекологог, ехото само потврдуваше дијагноза. Фо фазата за обиди за бременост првен направив пап, брисеви, витамини преглед дали постои видливи пречки за да настане или да се задржи бременост и тука веднаш ми кажаа дека е најдобро да ја отстранам пред евентуална бременост. Поради опасност од прокрварување кое би му наштетил на плодот. Зафатот беше хистероскопија. Под наркоза околу пола час, потоа уште кратко во соба за освестување. со камерата зирнаа и внатре за да видат од внатрешната страна на матката дали е се во ред. Од мое искуство цистата е најчесто и со голо око видлива, а при преглед сигурно би се детектирала.
Неколку пати имам кажано, многу внимателно со чаевите, не се толку многу едноставни сите тие мешавини. На крај излегуваат други работи и после си ја лупаме главата. Јас земав маточина, па од страв уште не ја пијам, не е така едноставно. Јас не се нафаќам една брусница да ја комбинирам а камоли нешто друго.
абе дедово е многу стар над 90 години има баш сега ја прашав мајка ми, сигурно не се изјаснил добро со температурата од висока тем. не се останува стерилен, инаку и јас имам слушано дека многу помагал имам и читано една женичка на форумиве како и кажал така останала бремена и родила ако ја најдам ќе ја постирам. Ама сепак лекар си е лекар прво на тоа се иде па после се друго.