Фала ви девојки,и јас така имам читано,ама вчера зборевме со пријателката и она ми вика не чекај ,направи ги тие испитувања! Јас овој месец (а може и наредниот) нема да можам да одам кај специјалист,па си викав во меѓувреме да ги направам,ама ќе видиме...
Стигна на мм спермограмот, бројки се е супер, НО! подвижноста е слаба, а во забелешка не пишува ништо. 60% неподвижни, не е многу тоа? Брзо подвижни само 5%, споро подвижни 30% и подвижни во место 5%. Вика има незначителен степен на аглутинација, сега ќе гугламе Подвижноста со храна колку што знам се решава, риба, јатки, мед, сокови цедени и ќе ги опраиме.
Се самоцитирам за да кажам што значело ова, степен на слепување. Не е страшно, во принцип мислам дека со исхраната ќе средиме бидејќи пишува незначителен степен и плус тоа подвижноста ќе ја попраиме со тоа и за инсеминација ќе бидеме спремни барем. А бројките му се одлични, освен подвижноста.
Ангел, а дијагнозата на крајот која е?? Мене еднаш докторкатами напомена дека најбитно е која е крајната дијагноза Едит. Јас мислев утре на работа да одам, ама ќе одам во среда. Имам некои гасови и добро ми годи лежењето.
Нема дијагноза никаква, само незначителен степен на аглутинација, иначе напишано е дека е во добра состојба. Ме чуди како со волку неподвижни сперматозоиди не му напишале ништо, изгледа тие подвижните многу јаки биле
Чудно.. кај мм на крајот пишува конечна дијагноза. Ги има сите параметри со бројки и % ама на крај има дијагноза. Може има неподвижни доста, ама ако има добра конентрација ништо не е. Морфологијата добра ли е?
Морфологијата е 80% нормална градба. Сите бројки се супер освен подвижноста. Вака пишува во дијагнозата: Во донесениот материјал за анализа-ејакулат со комплетна ликвефакција, без присуство на мукозни нишки, не се забележува олигозооспермија, ниту астеноспермија, (постои незначителен степен на аглутинација на сперматозоидите). Ејакулатот е со нормоволемија и со нормален вискозитет. Не се забележува зголемено присуство на леукодцити.
Ааааа не, денес ќе чистам, кај нас на југ денес е чист Понеделник, се чисти, ако денес те фати лежачката цела година ќе те држи, затоа ја како ќе се вратам од работа, ќе опашам марамата, скутникот и метлата(правосмукалката) во раце
Јас забегав, скроз отидов со паметов.. Читам по странски сајтови и заклучив дека имам шанси за близнаци има доста што ова го потврдуваат.. Во САД има доктори што не прават иуи со повеќе од 3 фоликули заради ризик од повеќекратна бременост. Забегав еј.. почнав и мм да го филмам дека ќе имаме близначиња... Забегана сум скроз.. Ама овој пат се чувствувам поинаку од минатите пати За две недели има да има висока бета потпис: забегана
Охохо, кукла, ајде дај боже близначињаааа! Што убаво така, со еден удар, дупла/тродупла добивка. Денес бев кај докторот со резултатите од ХСГ. Задоволен е, вели нема тука некој фактор што би кочел нешто. Ми рече да работиме овој месец по дома, зашто имал доста пациентки кои забременувале веднаш по ХСГ. Па, здравје, кога ќе добијам да му се јавам. Планира да ме стимулира со FSH и да одиме со инсеминација, сепак, иако јас бев спремна за инвитро. Кукле, изгледа некој протокол сличен на твојот планира докторов. А, ти зошто лежиш? Дека близначиња?
Aнгел кај го правевте спермограмот? Обично секаде има крајна дијагноза на крај, во секој случај не е страшно си витамини ќе се реши аа па близначиња ќе бидат кукле ами како јас сум и за тројkа не дека нема шанси За две недели сакаме частенка
@Proxima мене прв пат сега ми даде инекции докторот. Мислам не љуби многу стимулација. А и јас го изненадив, На 10 ден веќе со зрели фоликули. Инаку лежам малку овој пат.. да си дадам повеќе шанси за успех. На работа ми е крш, а знаеме стресот колку неповолен е Затоа јас избегавам да читам странски сајтови и форуми, за да не се филмам ама колку и да се - 1,2,3 сите се добредојдени едит. десперејт 3 дена славје ако треба - не бегам од тоа
Здраво девојки, од поодамна ве читам, али тек сега решив да се зачленам. Веке една година одкога пробуваме за детенце, но сеуште нема никаков резултат. Пред неколку месеци ги направив основните испитувања : хормони, хсг, спермограм. Резултатот од овие испитивања беше добар освен соодносот на хормоните фсх и лх т.е 11,1 и 3,5, тоа не упати да го проверам и антимилеров-иот хормон кој покажа мала резерва на јајце клетки или ниско ниво. Следено беше закажување на специјалист , отидов кај Ивановски во Систина кој како совет ме упати да направам хистероскопија бидејки имав налик на полипче, 2 инсеминации на природен циклус и на крај инвитро. Моментално завршив со хистероскопијата и првата неуспешна инсеминација. Сега чекам уште една инсеминација .... Инаку инсеминациите решив на гак да ги истерам , а нормално инвитрото ке го тераме во систина. Девојки дали имате да ми дадете некој совет.....
Девојчиња јас дојдов да ви се пофалам, втора инсеминација успешна, денес видов две цртки на тестот. (не примав прегнил инекција затоа направив тест преку тест) Искрено не ми се верува се немам ни израдувано како што треба. Утре сакам да направам тест преку крв за потврда. Се одалечив малку од темиве ме депримираа но еве се враќам со убави вести и само се надевам се ќе биде во ред.