Циклусот зависи одреден период ми е редовен одреден не, сега добив после 52 дена што е многу. Хормони кога испитував само пролактинот ми беше повисок од што треба, другите ми беа во ред. Следниот пат кога ќе одам на гинеколог ќе му кажам дека планирам да забременам па да видам дали ќе ми даде терапија. Можеби е рано за терапија, ама морам да се консултирам со него.
асиана ти си мој случај. и јас исто така. а колку пати го испита пролактинот? мене само првиот пат ми беше покачен (од страв) после наредните испитувања беше нормален. јас мислам со гинекологот ќе најдете решение може да ти ја стимулира овулацијата, може да те прати на ехо да види кога имаш овулација и ред други работи...среќно!
Еве ме на рапорт. Има повеќе фоликули, докторот пак со коментар како реагкрам на мн малку терапија. Кое фајде, кога нема успех?! Во петок пак на ехо и вика од прилика на 17 ден ќе ме фати овулација.. Тоа е.. Ќе почекам, кешки да биде
Ke bid Ke bide kukla,ke bide...mora da bide,pri kraj sme do uspehot A koj den ti e denes i kolku ti bese endometriumot? Ptegnil ke primis ili ke ti kaze togas? Ajde srekno
Првиот пат ми беше висок и гинекологот рече дека може да се покачи од стрес и ми даде повторно да го испитам при што беше нормален. После една година пак кога го испитав , повторно беше над границата и ми даде таблети Бромергон, за намалување на пролактинот. Сега најверојатно ќе морам да правам повторно испитување на хормонален статус
ако правилно си примала бромергон сега би требало да ти е нормален пролактинот. и не заборавај - без стрес и нервози пред испитување било какви хормони!
Во петок сум пак на мерење фоликули. Дури тогаш ќе знам кога стоп инекција и кога ќе биде иуи. Сигурно ќе биде стоп инекција, не верувам дека нема да ми даде. Сигурно викендот ќе треба да ја примам. Дај боже либра. Дај боже! Кај мене и кај сите што имаме мака! Некако овој пат го доживувам како одмор меѓу две инсеминации. Толку сум опуштена во ова минатата поготово ептен се потресов. За оваа дури и мислам дсли воопшто тест ќе правам..
Здраво идни мамички. Добивам некад на 31 ден.но еве ми доцни 10дена. Минатиот месец првев пап и уредн е. Правев микробиолошки испитивања и тоа е се супер. Се обидуваме за бебче околу 2 или 3 месеци и еве срга ја нема. На тест ми полажа негатовно минатата недела и денед не издржав и беб на гинеколог. Но ми кажаа дека нема бременост. Чиста матка нормални јајници. Дали е рано уште има ли надеж? Иначе требаше да добијам некаде 16.17 март. Досега ми има само 2 пати каснето пред 4 години ама не повеќр од 6 дена. Некоја утеха или искуство? Поздрав
Само така опуштенооо.. и јас не се потресувам за инсеминациите, дека знам ако не биде тоа одиме на ифв па тогаш има многу поголема надеж. Само некако сега како некоја нестрпливост се појавува кај мене.. едвај чекам да се случи тоа чудо. Малку ме растажува кога ке ме прашаат дали има нешто ново, или кога ке приметам дека ме зјапаат во стомак, дури не ми се оди ни по гости ради таа тема, но што е тука е.. позитивна сум, знам дека штом тргнавме по патот ке стигнеме до посакуваната цел.
Мојот единствен одговор за доцнењето овој месец кај мене ми беше поврзан со атмосферскиот притисок и ненормалната клима за крај на Март, друго нема. Никогаш не ми доцнело, никогаш без причина, а ми доцнеше 4 дена Нов месец, нова надеж.
Така е ангел, нов месец нова надеж Иде полет, некако убаво ми е на душичево. Сигурно оваа пролет нешто убаво ќе се случи
На мм му излезе топ спермограмот Спермокултурата е стерилна, а морфологијата од 6% нормални сега се 80%. Баш сега се чудиме од каде толкава разлика. Пиеше спермотренд, јадеме матичен млеч, чат пат селен и цинк.. гоџи бери исто.. Ајде супер е! Убаво рековме сабајле нова надеж
кукла планетите работат за тебе овој месец. сега настапи оптимистички и пушти го мозокот, а ние ти пуштаме среќа... иначе јас сабајлево ја испитав бетата и е помала од еден - нормално не ќе ми се посреќи така лесно....