еве и јас се придружувам кон темата и на сите им посакувам срека! и јас веке некое време сакам да останам трудна претходниот месец ми каснеше 3 дена но немаше ништо овој месец ми касни 8дена веке купив и тест, денес имав и некои симптони како повракање но ке чекам усте неколку дена па ке видиме се надевам дека ке се израдувам
Јас да ви кажам само,во понеделник одам на гинеколог. Веќе 12 дена ми доцни, а тест немам направено од вторникот и ќе чекам да видам ехото што ќе каже. Стискајте палчиња
Alal da ti e kako izdrzuvas da ne napravis test Ajde pustame srekja da se mavnes od ovaa tema, da se preselis kaj trudnite
Ауу многу сте неактивни сите да не сте удрени на работа викендов Скоро 24 часа без ниеден пост Мене мажето на службен пат ми е па тепам досада на форумов. Се острам за да почнам работа од среда кога ќе дојде, плодни денови ми се и прв месец со кломифен. Нека е со среќа
и јас да се пријавам - ми доцни (ако можи така да речам со оглед на тоа дека ми е нередовна). нели ви кажав дека пак следев овулација и според неа требаше да добијам на 9-ти мај, уште ја нема. не направив тест. не си барам симптоми кои секогаш се покажувале како лажни. само што цело време ме мачи како да ќе ми дојди градите не можам ни да ги допрам нека не доаѓа барем уште 10 дена, одам до грција за продолжениов викенд
Јас утре одам на гинеколог да видам што е работа, не се надевам последниот тест ми е негативен,претпоследниот малку имаше втора бледа,но не се избои цел,пола е бела позадината пола е розева......ми доцни 22денс
Јас решив да пробам со влошки едни со треви од Тианде, ем за еширихијава, а пишува дека одзатнувала канали и го зајакнува имунолошкиот систем на карличните органи. Се ќе пробам па и тоа
Нејќам да си давам надеж ама неколку жени досега со овие влошки успеале цисти водени да излечат, да им пукнат, да ги снема, една останала бремена со 4 месечна терапија со влошките. Да видам да пробам па после ќе кажам. Инаку пробав неколку и има неверојатна разлика од обичните влошки што ги користиме, како од аспект на непотење, убаво чувство и чувство дека буквално ти работи нешто внатре, како да ти ги смирува сите движења во матката и јајниците во критичните периоди. Најмногу од се ми се допаѓа тоа што внатре се гледаат билките, се гледа дека не е превара, а и мирисаат како рај но не на парфем туку на тревки. @kukla21 ќе ти оставам линк провери си, јас веќе нарачав па ќе видиме како ќе се покажат кај мене https://www.facebook.com/permalink....03893750&id=1389941377964706&substory_index=0
Па зависи, тие што ќе ги земам јас се околи 150-160 денари една, се ставаат 10 и траат по 24 часа, значи 1500-1600 денари ќе ме фатат тие и плус ќе си земам секојдневни кои иако не ги користам мислам дека ќе ми помогнат, тие се околи 400 денари, плус ќе земам за циклус едно пакетче и тие се тука некаде околу 400 денари, и плус ќе земам уште едни секојдневни и за циклус друг вид кои се од повеќе видови билки, ама тие ќе видам понатака ако евентуално има потреба, дајбоже да нема Се на се околу 3000 денари ќе ме фати. Толку се одприлика влошките, околу 400 денари, освен овие што се со тревите 150-160 денари за парче.
бев на презентација за тие влошки ама не ги купив тогаш. купив пилинг за стапала тоа ме интересираше пред 2 години не мислев на бебе инаку убави им се сите производи, баш убави, а за влошкиве конкретно и тогаш кажаа убави работи. мислам околу 200 денари беа или повеќе не знам. ај ако проба некоја ќе кажете.
Ќе ви кажам откако ќе ги искористам месецов Ми даде пријателкава да пробам и од тоа што пробав имам супер мислење, ама мора да користам подолго за да видам ефект
јас ги имам користено влошкиве уште пред година ипол кога другарка ми се зачлени во тианде и она многу ми ги фалеше ама мене не ми помогнаа
Добро влошкиве не се еднаш да ставиш еден месец и толку, се користат подолг временски период, ете една после 4 месеци пукнала водена циста и останала бремена, девојка која ја познавам значи од ФБ групите, не ми е блиска нешто. На пријателкава што ми ги даде да пробам познаничка куртулила од операција Цин 3, со овие што се влошките со треви. Абе се пробав па и ова ќе пробам, што да речам.
знам слушав и јас на многу им помогнале јас ги користев 2 ипол месеца за бактерии и инфекции немаше ефект кај мене ама не значи кај други дека нема , од мака човек се ќе проба
И ние се подмрднавме од таа една линија. Чекам да ми дојде, па одам на хистероскопија( после толку години видоа септум на матката) приватно, па здравје боже ако не биде уште овој месец (филм ) че одам на проодност на канали