Стискам палци и ти ја пуштам целата среќа н тебе да се израдуваш со убави вести.Пиши обавезно.Инаку можно ли е луѓе да немам прогестерон сега прочитав дека тој е клучен ако дојдеѓдо бременост.Како може да нема..ке има ли друг месец ако сега нема???леле почнав да се секирам
@thebabylover кога ќе настане бременост во јајникот останува жолто тело од каде што излегла јајце клетката и тоа во првите недели лачи прогестерон за поддршка на бременоста. Ако е низок прогестеронот има вагиналети и таблети прогестеронски. Не се нервирај, можно е овој месец да било случај да нема овулација, наредниот ќе следиш како ќе биде.
Многу напнав само уште ова ме итересира сега видов дека 11,12 ден од циклусот ми се паѓа сабота и недела тогаш гинекологот не работи? значи може ли 10 и 13ден да види дали има овулација
Можеш да одиш во понеделник на 13 ден, таман ќе е ако имаш овулација 14-15 ден. Не е правило секогаш да е на тие денови овулацијата, зависи колку обично ти трае циклусот. Ако има фоликул ќе се види и порано дури е помал, па можеш и на 2 дена на мерење да одиш, да се види дали расти фоликулот и дали се случува овулацијата.
Девојчиња ви реков напнати сте и затоа не добивате. Ете беше на гинеколог, правеше тест, телото се ослободи и си добила. Сум поминала низ тоа. Убаво ти кажа Кристина, кога фоликулот ја ослободува ј.клетка останува како жолто тело и лачи прогестерон. И не бери гајле, тоа се регулира во бременост. Ајде, само лабаво.
само кутри два месеци имам уште еден месец пиење уроваксом и пак да правам уринокултура. по 3 стерилни резултати се сметала за излечена. ти ми рече дека пиеш фуролин така? што пиеше пред него? прашвам заради флексидот оти тој е јак многу ако сакаш да го земаш
Можеш и на 10 ден да отидеш, па според големината на фоликулите или ќе ти каже кога ти е овулација или ќе ти закаже пак за мерење. А дали имало овулација ќе провериш преку крв на 21 ден од менструација, со упат од гинекологот. Освен ако ти касни па претпоставуваш дека овулираш после 21 ден.
за операцииве што прашувавте, за хистероскопија ти ставаат маска зашто анестезијата е ептен лајт, кога се прави и лапароскопија те интубираат т.е ти ставаат цефка во устата зашто анестезијата е подлабока. И стварно не се плашете од она што мора да се направи, зашто само време да си губите туфкајќи се, лесно се минува за ден два сте ко нови и не се секирајте будни си одите во сала јас не сакав да ме носат во количка и пешки си отидов си легнав таму и тогаш ме заспаа почна да ми се врти знам и после следно на интензивна се разбудив
Што помалку знае човек и помалку време има да мисли толку подобро. Мене кога ми рекоа за хистероскопија закажав уште за другата недела и како изгубен германец отидов таму без да знам како точно се изведува процедурата само за побрзо да го тргнам од дневен ред. Инаку овој вака рекол, оној така...сами си ствараме нервози. Без страв. Секој зафат е чекор поблиску до целта.
не е страшно верувај, само малце ќе те боли грлото и ко суво ќе ти е, ако правиш само хистеро со маска ќе си, како и да е смогни сили и знај дека за бебче го правиш сето тоа
Јас имам 2 прашања: 1. Во врска со проверката на проодност. Порано како мала кога ме снимаа за р'бетот, ми ставаа на стомакот (за да не ми ги озрачи јајниците) појас. Кога снимав заб, поради страв да не сум трудна (надежта последна умира), побарав да ми стават како панцир долг за исто да не ме зрачат. Е сега, како те снимаат дирекно на матката+јајниците на ренген? Нели е штетно тоа ама ич не ми е јасно. Од кога го направивив црни мисли да ми шетаат низ глава-како порано не ми текна на ова за да ја прашам матичната. 2. Во врска со фолкеули+кломифен. Го испив што го испив кломифенот. И одам денес на 12ден од циклус и си викам сеа кога ќе се вратам дома кога ќе се фатам на работа си мислев ќе вријам од фолекули. Но, ни еден неможеа да видат. Вика може е уште мал или да е скриен да не се гледа. Ќе одам за 2 дена пак со надеж дека ќе има нешто. Имала ли некоја слично искуство со кломифен да нема фолекули? Дајте ми надеж ќе пукнам се нервирам цел ден. Да си земам мониор за овулација што викате? Колку пари беше да не оди случајно со рецепта Претпосавувам ако има овулација значи имало и фолекул. Поправете ме ако грешам.
Јас овој месец сум така, требаше да правам инсеминација, но ништо овој месец. Пиев кломифен од 50мг, но овој пат не реагирав добро на нив, имам два фоликула од 13мм и уште неколку помали. Следен циклус одиме со зголемена доза на кломифен. Инаку и јас имам микроскопче, не оди на рецепта, а го платив 1300 денари. Моментално ми покажува папрати ама мали, не такви големи како што треба да бидат кога си во овулација. Можеш да си земеш, па колку толку да се орентираш кога ти се плодни денови.
Здраво драги пријателки, Ве читам најредовно но не пишувам скоро ич.На истата мака како Вас сум и јас скоро две ипол години се мачам за второ детенце.Денеска ми е денот за( не)добивање.Направив шур чек и се појави една цртка, има ли надеж дека е рано или кај овој тест нема утка.Симптоми никакви ни за добивање ни за бременост.Инаку добивам редовно на 25,26 дена последна имав на 26 април.Поздрав и убав ден и сите да се израдувате што поскоро.
Очичка, не му ја мисли толку за ХСГ-то. Секоја интервенција со себе носи ризик, ама па ако беше толку страшно, немаше да се прави, не само кај нас, туку на глобално ниво. Е сега за фоликулот, малку чудно да не можел гинекологот ништо да види. Па на ехо се гледаат и антралните фоликули со големина и број, а не овие што веќе се спремаат за оплодување.. Малку ми е чудно. А колкава ти беше дозата на кломифен?