Кој е тој гинеколог баш ме интересира. Прво не можел фоликул да види, после не можел да види дали е помината овулација според ендометриумот, па дури и ти рекол дека кломифенот го забавувал растот на фоликулите и ја закаснувал менструацијата, што не е точно. Кломифенот го стимулира растот на фоликулите, обично и овулацијата би била порано од обично, со тоа и порано ќе ти дојде од обично. Мене секогаш ми касни од 10-15 дена а со кломифенот добив само со еден ден доцнење. Побарај си мислење и од друг гинеколог и почни со фоликулометрија барем од 11 ден. Не велам дека не е стручен твојот гинеколог, а и секој организам е различен и различно реагира и на кломифенот ама некако ми е нејасно како ти велел дека му е чудно.
е па немој така тука има жени на твоја возраст што немаат ни едно дете, што да помислат они сега? Нивната мака е далеку поголема затоа што се борат за прво дете, не се лути ама мислете малце што ке пишете
Пап,хормони,тироида,брисеви,проодност,уринокултура за мене.За мм исто се и се е во граници на нормала.Последен пат пред половина месец го повторив пак брисот од вагина и беше чист.Објаснувањето на гинекологот е не се опуштате и најверојатно ги уткате плодните денови, работете на психата.Ти до кај си, знам дека си во постапка за инфитро?
Мислам дека објаснив дека намерате и целта не беше некој да се навреди. Уште еднаш се извинувам на сите што се најдоа навредени
Денес ќе видам до каде сум. Па ако ги уткате деновите, зошто не пробаш да одиш на фолкулиметрија? Ќе те следи докторот и ќе знае да ти предочи кога точно е овулацијата.
Кукла таман на празник. недела убав ден. ете сите ти пуштаме среќа и во исчекување ќе бидеме заедно со тебе а да ви кажам јас паметната имав закажано денес на гинеколог. ама не сакав да се мачам и пред 2 дена направив тест кој, секако, беше негативен.денес одам цела наоружана со зборови да барам апчиња за регулирање на циклус оти не можам да се трпам веќе. и докторката ми вика ај да те видам. легнувам на кревет таа ме гледа и ќути...јас веќе направив тежок филм дека умирам. кога конечно прозборе ми вика бев со намера да те праќам да испиташ хормони, ама сега не сакам да ти дадам лажна надеж, но гледам некоја точка, а и ендометриумот е задебелен и не е како за пред менструација. дојди за 10 дена во меѓувреме однесувај се внимателно не кревај тешко, избегнувај жешко и зрачење итн. и сега јас сум зачудена и максимално збунета. ми се зафркна цел викенд ќе останам без сон
страв ми е да правам тест девојченца. а и вака никако не сум. не ме карајте што размислувам негативно, но сите симптоми за менструација ги имам: јадам како луда, стомаков ми е подуен и како во секој момент да треба да ми дојди. оф бееее...е сега ми е ептен тешко! а што убаво не се надевав после негативниот тест. отиде паметов сега сакам што ве имам вас, само вие знаете и секако, што и да е бременост или менструација први ќе дознаете
@BirMelek fakt e deka i ti sakas da napravis test ama strav ti e...normalno.ajde pocekaj den-dva max i napravi,bi trebalo da pokaze dokolku neli se duplira betata.ili trk vadi krv,odma ke znaes na sto si, a i nie site sto sme vo iscekuvanje za tebe
@BirMelek јас би те советувала да се опуштиш. Ако си, убаво ке му направиш на точкичето, а ако не си, нека дојдете тетката побрзо па ди почнеш нов циклус на водење љубов. јас сакам да ве поздравам сите на темава. Ве читам некое време. Инаку ние еве втор месец се обидуваме. Се пазевме со години, и мислевме од прв пат ке биде кога ке сакаме, ама не било баш така. Немам баш редовен циклус, ми доага во период од 28 најрано, до 34дена најдоцна. најчесто 32 ден. Денес ми е 32.....уште ја нема тетката... Ве гушкам сите
Ах да можев да бирам. Мал е нашиот град и овен овој нема други гинеколози. И така ќе си вртам јас во круг. Во право си за се, но ехото му е од втората светска војна и трет месец да сум трудна дали ќе види. За во Скопје скапо ми е да одам, само за патарини и бензин давам цело богатсво,а не па да одам по приватни клиники каде само за добар ден ке ме брикнат 2000ден мин. Еднаш бев во Сиситина, пап, ехо и консултација 5000ден... За хормони уште еднаш бев исто толку. Треба месецов да не платам сметки и да не јадам за да си го дозволам тоа. Ке си инвестирам месецов во апаратче за следење овулација, може поубаво ќе види тоа одколку ехото на дотичниов