Тоа со задоволство ќе го правам, па колку сака нека боли и нека сум гола Од целиот муабет ти за едно зборче се фати, а другите разбраа што сакам да кажам. Не знам од каде толку негативна енергија кај тебе па вакво обраќање во темава, кај што сите обично доаѓаат да се утешат, да се опуштат и да дадат поддршка. Тие сестри кои се грижат за нашето здравје не се секогаш толку за фалење. Може да си гледаат турска серија додека ти да се пораѓаш во ходник или да ти се потсмеваат додека си под општа анестезија (гарант потсмев за "лепотицата" или сл.). Не верував ама и тоа го дознав. Само Господ да не чува, заеби ти сестри и специјалисти.
@Abeja А мислиш нивните „лепотици“ се посредени од твојата?! Не му ја мисли многу. Поарно да ја направиш интервенцијата со време ида го пребродиш овој „страв“.. Ти пуштам среќа...
@kukla21 Јас ич не се секирам за "лепотицата", туку целиот тој настан пред поширок аудиториум не ми дава мир. А ова со озборуваната лепотица на таа од погорниот пост, е само еден од милионите примери во нашето државно здравство, не сакам јавно да зборувам за некои работи кои ги дознав случајно, можеби од работите кои ги знам за "третманот" па затоа вака сум во хаос целата. Што помалку знае човек, толку "подобро" ама само по неговата психа. Фала за поддршката
Јас на твое место ич нема да му се секирам да ти кажам право.. Јавно здравство знаеме какво е од аспект на однос на персоналот. Познаваш ли некого од тој персонал?
И обавезно издепилирана или свежо бричена и стомак и препони внатре цела до анусот.Ако не си тогаш ке ти дадат бикче да се средиш.
да да јас од форумиве дознав дека треба целосно депилација ама кога отидов таму сестрата ме праша дали сум средена реков да, а таа ај дигни спаваката да видам кога викам јас мојава гледана цура е
Да да кажуваат, всушност давале ливче за подготовки, таму се си пишува и за депилирана и за некој сируп имало се пиел и дента пред интервенцијата дека смееш да јадеш само до пладне, после до десет вечер само вода и сокови, после десет ништо. Таа па со цел памет ти кревала спаваќа, демек ти ќе ја излажеш и недепилирана ќе отидеш Д-р Кукле ја не познавам никого толку добро за да се осеќам во сигурни раце.
да за операција ни едно влакненце не смее да има, а за прегледи јас не се депилирам целосно, мислам анусот тој дел го средувам, препони од страна да, ама цурава ја средувам онака малку , па смачено ми е вече со бикчево а од депилации по козметичари уплав имам од инфекции , кој знае може и мене ме оговара сестрата ама ич не се замарам
Да да.Јас секако се деполирам целата ама не бев убаво обрасната па отидов на операција со малце "боцки".Кога ме праша сестрата дали сум средена скроз и викам мн малце имам влакна.Ме провери и ми вима не треба да имаш влакненце еве ти бикче и од стомак до анус скроз да се средиш ако неможеш сама викни ме и така ке се тушираш.(пошто ми даде едно зелено гелче да сум се истуширла со него цело тело).Со мене една трудница што беше за серклаж сестрата ја бричеше.
Аууу - аман бе! Е зошто е тоа потребно?! Еве ако не ти се доволно пораснати за да можеш да се депилираш? Ај секаде ќе се избричиш, ама делот кај анусот?! Таму не боли депилацијата, ама непријатно би ми било бричењето... За пункција мене не ми бараа ништо вакво.. Јас бев на депилација, ама не го средив делот кај усните - значи тоа многу ме боли, а јас не поднесувам болка. Нема да умирам таму од болка. @alisijad и јас не сакам многу депилации по салони.. Во мало кај моите едно девојче отвори салон и ептен е супер. Користи ленти за еднократна употреба и восокот е онаков за една употреба. Ама па ужасно ме боли!
Ауу, што тема сте почнале. Малку оф топик, ама еве и јас да си кажам. Мене па непријатно ми е скроз тасма да им отидам на преглед. Се средувам, ама си оставам фризурка горе, на стомакот. Усните ги средувам, ама не сум секогаш тип-топ. Па, природно е бе да има малку влакна... Инаку, на депилација никогаш не сум била, што од срам, што од страв од инфекции. И така, дома сама се мачам, во хата-јога позиции. Дигам нозе на врат, огледала од сите страни. Ужас!
Мене пак страм ми е да одам со влакна, е заигрува бричот тука, таква болка таму немозам да поднесам Лелеее комедии сме, која од која
@AngelOfArh , што направи? Доби? Или сеуште сме во исчекување? @kukla21 , ти си еден чекор пред нас сите, барем за разлика од нас имаш веќе оплодена јајце клетка во себе како се чувствуваш? Има некакви промени, симптоми? Многу долго ова чекањево, ме оставате во неизвесност, а шала на страна ве мислам
Уште не сум добила, ама во моментот не мислам на добивање ич, останав без работа А ќе добијам, секоја вечер ме мачи, отоци имам, болки во стомак и пмс ужасен
Жал ми е Агелче, ајде, ќе си најдеш нова и подобра работа А да... и дај боже да не добиеш, може не е ужасен пмс
Да вчера ја примив, па што ке биде нека биде...некако уште сега тешка се осекам во долниот дел од стомакот..некако какоако мрдам мислам ке ми пукне нешто внатре...утре во 8 и 30 почнуваме со процедурата...па со господ напред...
И јас така се осеќам,јас почнувам вечер со работа (ноќна смена) а кога доби последно? некако како исто да ни одат работиве,дај Боже следниот пат да не ни дојде,сите да се радуваме
На 25 мај ама провоцирано со прималут нор, зашто ми се нередовни циклусите...а како мислиш со работа.. мене ми забранија односи да имам од кога ке ја примам инекцијата..заради поквалитетна сперма кога ке правиме инсеминација