Треба да ти биде покачена, над 37, и ако остане така и после датумот на добивање ( се разбира ако не добиеш) има шанси да си бремена.
еве и тука прасанјево Дали промените на градите се осеќаат две три недели по зачнувањето? Треба да добијам за два три дена до 26 најкасно...но некако не осеќам ниту најмала болка во градите,а брадавиците некако малку како да ми ја сменија бојата,на потемно,а немам ниту болки во стомахот...обично пред да ми дојде имам болки неколку дена уназад.Со дечко ми никогаш немаме секс со кондом,но обично се пазиме односно тој свршува надвор...е сега и покрај тоа неккако сумнјам или не знам моше само си замислувам
Многу ви благодарам на сите на честитките,ви посакувам на сите што сакате да си имате бебенца што поскоро да ви се оствари желбата,господ нека ги благослови вашите утроби.....
Паулина, ај одлучи се кое мислење ќе го задржиш. Овде пишуваш дека не свршува во тебе, а во друг пост Така да ако свршил во тебе а ги имаш овие симптоми јас мислам дека се работи за бременост.
честитки брзо успеа само ти советувам да си поразговараш со гинекологот дали е нормално толку брзо после киретажа да се остане бремена. со среќа имај си лесна бременост се радувам за тебе
Киретажа правев на почеток на јуни 2011, значи пред 3 месеци. Но јас бев на гинеколог и ми рече дека матката ми е супер вратена во нормала и задебелена уште пред првиот циклус. Не се препорачува веднаш забременување затоа што се сече дебел дел од ендометрумот и после следниот ембрион може да нема доволно подлога за задржување, но кај мене ендометрумот се врати во нормала веднаш (така бар ми рече докторот). Ние се пазевме овие 3 месеци, а сега не се обидувавме, туку едноставно не се пазевме. Значи "се фати" само од два пати... но, што е тука е. За жал само што сега не сум толку многу радосна како првиот пат, туку сум многу воздржана и исплашена
без грижи срц и јас бев таква мислев секој момент ќе прокрварам ама успешно излезе само позитивна мисла
Честитки и од мене со лес да си ја износиш бременоста! Воопшто немој да размислуваш на тоа што било, БИЛО - ПОМИНАЛО, сега започнува нова приказна. И ич не се замарај со тоа колку време поминало, па како ќе испадне сега, па да не е прерано.........прашања куп, но само помисли - очигледно твојот организам толку брзо си се опоравил што се припремил за нова бременост, затоа и си остана бремена! Уживај сега во секој момент и остави се останато позади тебе
zdravo luge so maz mi se obiduvame veke 6 meseci da ostanam bremena ama nikako da bide.IMAM COKOLADNA CISTA I ME LEKUVAA SO PRIMOLUT NOR I NISTO.CISTATA NE RASTE NITU SE NAMALUVA.DOSEGA NE SUM IMALA NEREDOVEN CIKLUS,SAMO OVOJ MESEC MI KASNESE 13 DENA I MISLEV DEKA SUM ZABREMENILA AMA NISTO .I SEGA NE ZNAM POVEKE STO DA PRAVAM.EPTEN SUM RAZOCARANA (((((((((((((((((((((((((] [mod-kirilica:37toxw4x][/mod-kirilica:37toxw4x]
па што ти вели докторот има ли проблеми од таа циста. затерај си ја работата ако не бива од овој доктор што одиш кај него посети друг на пример доктор митко ивановски работи во св лазар
Штом ти кажал докторот така, веројатно тој си ја знае работата, така да, со среќа нека ти е, многу ми е мило за тебе, искрено. И сосема те разбирам како ти е, зашто и јас исто се чуствувам, се плашам, ама потребно е сега позитивно да размислуваме, така да... релаксирано и опуштено уживај си во бременоста, и не мисли на тоа што би можело да се случи.....позз
Zdravo sakam da ve prasam za pomos zosto nemozam da zabremenam eve vejke 2 meseci se trudime pravam testovi no ne izleguvat nikako pozitivni nezz vo sto e problemof i se plasam.Me cudi i toa zosto spermata izleguva vednas posle seks.pliss.za pomos.
Па два месеца и не е толку многу време... Прочитај малку наназад за совети за како да се задржи спермата подолго време внатре.
И јас 4 месеци се обидувам и ништо и дури кога ми идат плодни денови искрено како измачување ми е сексот се прашувам дали ќе се фати или не.Дури чуствувам обавеза и јас многу се плашам,имам редовен циклус а еве 4 месеци по ред секс во плодни па и неплодни денови ,и ништо