Мене па денес мајка ми ме растажи. Ми се јави да се слушнеме, и таква расположена ми соопшти дека керката на нејзината најдобра другарка (од забавиште и е другарка, а керка и правеше свадба пред 3 месеца), е трудна. Срце не и даде да каже, па ајде и вие, а ја осетив Баш ме растажи.....
Кај мене ни мајка ми ни свекрва ми спомнаа некогаш, сега веќе викаат дека сите сакале да прашаат, да дадат совет, да понудат финансии ако ни треба за испитувања, ама среќа нивна се воздржале, иначе уште толку ќе ме разочараа.
Скоро па 2 години, 2 години точно откако стапивме во брак а некој месец подоцна, пред Нова Година поточно почнавме со обидите.
ангел може да ми кажеш кои поточно влошки од тианде со име? И како ги најде по набавна цена, прашувам за другарка ми да проба и она
Влошките кои ги користев ги опишав погоре, 24 часовни, па Зелена енергија и на крај Нефертитна свежина, врати се наназад ќе видиш. Инаку по набавна ги добив преку другарка, а може да се зачлени и да си ги зима и она по набавна цена, не верувам дека некој ќе и ги даде така од дистрибутерите, освен и она ако не најде другарка така
Abeja извини јас дури сега гледам, упат зимам од матичниот гинеколог. Еве сега баш наредна среда ќе одам да ги испитам пак
Девојчиња да прашам, мене вчера требаше да ми дојде ама еве ни денес ништо, си добивам редовно дури и ден два порано имам розев исцедок, со што знам дека сигурно ќе добијам.Направив и тест излезе негативен, е сега ме интересира пошто пред 20 дена правев проодност на канали дали може поради тоа да ми касни.
Ти благодарам многу на одговорот кукла.Сакам да прашам уште нешто, после колку дена од ризичниот однос тестот би покажал точно, мене утре ми е 11 ден, и ако не ми дојде утре сакам да го повтотрам, ама да не е рано пак ќе се разочарам,уффф пуста надеж моја
@biserka' Clear blue тестот можеш да направиш 5 дена од можно зачнување. Значи не од однос, од зачнување, а тоа може да се случи и неколку дена од однос.
За правење може и одма де да го направи. Ама ај реално колку време треба за телото да создаде бета за да се покаже. Дури и за преку крв колку и да е индивидуално треба 10 дена.
И јас не верувам во тоа 5 дена после односот дек акажува, и мислам тоа им е маркетиншки трик. Значи, идеално (и често невозможно) е дека баш во ист ден и овулација и оплодување и се останато се десило... остај што јајце клетката и спермата да се сретнат може да фати и 3-4 дена... ама ете теоретски, нека се се десило магично во истиот ден... оплодената јајце клетка патува 7-10 (кај некои и до 12) дена да стигне до матката и да се вгнезди таму. Дури после 10тиот ден минимум може да почне по малку хормон да произведе, и тоа пак минимално. А дека оплодувањето многу ретко може да се случи да се деси истиот ден како односот... тоа е факт!!! Значи затоа просек даваат 14 дена... секако тоа е просек. Тој тест по 5 дена не ни знам што открива, не ми е јасно
поминаа 16 дена откако правевме инсмеинација, а циклус треба да добијам на кај 25...незнам дали да правам тест или да поцека до 25 дали ке ми дојде....се плашам бидејки последниот пат беше успешна па неуспешна....од знаци имам болка во градите подуеност и желба за секс
Ако има некој слободно време да ми ги напише комплет хормоните што се испитуваат на 3 ден. И кај е најдобро да ги испитувам, на биохемија или гинекологија? Дали ги испитуваат тироидните хормони на гинекологија?
Според мене подобро на гинекологија, ги испитуваат тироидните хормони освен ft3 тој не. Хормоните се следниве: FSH,LH, PROLAKTIN, ESTRADIOL,TESTOSTERON, TSH, FT4, FT3, DHEA-S, ANDROSTENDION, CORTISOL, можеш и PROGESTERON ма да јас лично не го сметам тој за нешто битен.
Јас бев сабајле на гинекологија за хормони,и гледам вратија многу девојки немале реагенси за нешто,и мене ми рекоа другата недела да дојдам ама и објаснив дека ми е 3 дена,аа па добро ме боцнаа ама другата недела.Иначе со електронскиве картици поголем проблем направија него со плави картончињата.Идеш во лабараторија,таа заокружува,па идеш во Call centar да ти извадат осигуруванје а се чека 15-20 мин па плакаш на друг шалтер па идеш на боцкање.АААА се напнав ќе играат хормоните