Фала ти многу за помошта незнаеш колку ми олесна си викам дали да се радувам или тестов не важи,ама ја има цртата нели,не ми се причинува бледа но ја има и башка сиптомиве ПОзз и фала уште еднаш
ajde belki ке се израдуваш.... пиши за точни резултати, и мојата последна менструација беше на 21 април, но е се осмелувам да направам тест, ке почекам да видам дали ке добијам викендот, ако не добијам до понеделник, може да правам тест.. со срека
ајде ти држиме среќа да биде, нека ти е со среќа да се зголемува семејството на фемина со нови бремениости и бебчиња со среќа
Здраво на сите денеска до мене стигна една лоша вест морав и овде да се искажам бидејќи многу иод нервоза уште малку ќе ми се слоши .Д енеска се слушнав со еден од докторите од ФЗО и ми рекоа дека сега наново сите документи треба да ги обновам.Одново анализи да правам се да испитам бидејќи не требало да бидат докуметите постари од 6 месеци.А кај нас започнаа веќе 7 месеци ,сега се нервирам пак ќе има одење за Скопје на гинекологија .Леле колку се нервирам мислам дека веќе неможам да издржам срцето ќе ми пукне и пред се сум сама го нема мојот сопруг , мојата најоглема поткрепа да биде до мене бидејќи ми треба сега најмногу на светот да го гушнам и да се . Многу ми е тешко таман се радував дека ќе ја намалам седиментацијата ,моора нешто да ме сопне што му згрешивме на ГОСПОД та вака да не казнува веќе нема сили за ништо начисто се разочарав само си . Се радувам за секоја што ќе се пофали дека е бремена,а во себе си велам кога и јас ќе ја споделам мојата најголема желба дека конечно сум бремена и јас да се радувам како вас .
^ нана2112 неколку пати те имам прочитано низ темиве за семејство и се помислив да ти пишам, да ти подадам една рака колку позитивна ми изгледаше. Си реков оваа жена толку време се бори да си добие едно бебче, а остава толку оптимистички коментари и е полна секогаш со надеж. Прекрасна мајка ќе бидеш еден ден да си знаеш И преубаво е тоа што сеуште се држите во љубовтта со твојот сопруг и упорно се трудите да бидете родители и вие на некое мало срценце. До сега не се откажа, не се откажувај ни сега Крени главата горе, не се разочарувај, зарем сакаш во животот кога ќе го добиеш тоа мало парче од тебе, од вас, да знае дека во еден момент и ти си се откажала? Напротив, ќе му/и раскажуваш со колку љубов и сила и оптимизам си се борела за тој/таа да е сега на овој свет секогаш има решение, верувај во тоа, па и сите можни обиди да станете родители по природен пат да потонат во вода, не се откажувај. Секогаш ќе има некое мало прекрасно срценце кое чека некој, толку полн со љубов за дете како вас, да го посвои... Ќе бидеш мајка и ти, само не прекинувај да се надеваш И ако твојот сакан сега не е тука да те поддржи, овде имаш еден куп девојчиња, жени, мајки кои стојат зад тебе Со среќа понатаму и само силно
ти благодарам многу на подршката и не само ти и други знам ќе ми ја дадат за тоа сме овде да се подржуваме верувај денеска ми беше многу тешко и затоа сакав да го споделам тоа со вас и во моментот кога пишував овде на форумот ми беше тешко но сега веќе не ми е ми олесна сега сум добро и тоа е тоа нема назад колку и да е тешко го нема мојот сопруг до мене но во мислите е секогааш тука и моето семејство и семејството на сопругот мора да се бориме колку и да трнлив патот бидејќи знам дека ќе успееме на било каков начин и ние ќе бидеме родители од петок почнувам со испитувањата закажав за пап тест кај матичниот гинеколог :wink:
Eте не погрешив, во право сум била за тебе. Браво бре женче, зрачиш со оптимизам Со лесно и брзо да ви поминат и овие испитувања и цела процедура и за брзо време да си го зголемите семејството
Гледајте напред кон она што доаѓа и научете да не се обнувате назад, гледајќи во минатото. Прифатете ја сегашноста и дајте ѝ го најдоброто од себе. Верувајте дека не сте сами, Бог е секогаш со вас да ви ја даде потребната подршка, сила и мудрост за сè. Ова е вистинскиот начин за да се успее при патувањето на патеката на животот.Ова го копирав и точно е се што е напишано во текстот .Денеска обраќам нов лист во нашиот живот и нема гледање назад само напред со крената глава и нема потклекнување.Денеска сватив дека кога и да ти е тешко и да се радуваш за некоја лоша вест дека семејството е секогаш до тебе ,иако мојот сопруг не е до мене сепак е блиско се слушаме на скајп и по телефон и ми ја дава подршката денеска сите од семејството ме тешеа и ме охрабрија да ме паѓам дека тие секогаш се тука за мене и мојот сопруг да ми помогнат и финансиски и да ме тешат со зборови .Затоа утре почнувам со акција мора да бидам оптмистички расположена и ми е мило мнооооогу што пишувам овде иако не се знам со никој ,но знам дека си помагаме едни со други и сме како едно вистинско семејство .
Нана, мила, баш сега погледнав во твојот профил, ако си навистина толку год.како што ти пишува, па тогаш немој воопшто да се секираш, па млада си бе срце, имаш пред тебе охохоооо уште многу години, полека се ќе се среди, па не си 40 години и да мислиш дека немаш време веќе да раѓаш, штом сте почнале со процедурата, брзо ќе биди се, не се секирај, таман работа, времето брзо мине за час и ете ќе дојде и твојата среќичка која ја чекаш со душа, само без нервози, опушти се, среди си ги документите и се што треба и ќе дојде многу бргу денот кога ќе чекаш и ти да дојде на свет едно преубаво бебуле Со спреќа и ти посакувам се најубаво
Нана само да ти кажам дека имаш огрооомна подршка од мене и од сите феминки. Сите имаме препреки во животот на овој или оној начин, некои болат повеќе некои помалце. НАЈБИТНО е тоа што ја имаш подршката од сопругот. Тоа е најважно, да се сакате и разбирате. Сега со господ напред па и на вас ке ви се насмее среката. Добро информирај се овој пат да не имаш некоја грешка во документите или пак да не ти фали нешто. Ти посакувам успех и конечно среќата и вам да ви се насмее.
Женски и јас сакам да дадам поддршка за сите кои сакаат да си забременат, и мене ме имаше неколку пати по овие теми, и конечно после 2,5 години си дочекав да си видам две цртички на тестот. Пресреќна сум и уште неможам да се освестам... Ви посакувам и на вас ваква среќичка, и спремајте се штркот го пуштив да ви помине на кафе. Ве
леле nana2112, па навистина, зошто толку се секираш, па млада си, веке во ова време многу од девојките и постари од тебе се уште немат склопено брак, а ти толку се нервираш што не си мајка... имаш време до 40, еее и 3 деца да родиш и пак да не си стара, еве јас сум веќе 30, и во брак сум една година, и сеуште немам дете се надевав дека овој пат ќе имам позитивен резултат, но ништо, денес добив, а вечер сме на свадба така да не само што нема ништо од бебето, туку треба да се откажам од носење на сребрениот фустан на свадбената веселба ќе најдам црн, не сакам таму да се посрамотам и ли да не ми е удобно малку шала, да разбиеме монотонија значи нема зошто да тагуваш, знам како ти е, и јас како и многу други сакам да станам мајка, на моја генерација речиси сите (што се во брак) имаат по 1-2 деца, но тоа е, ќе биде кога господ ќе сака, а не ние , наше е да се надеваме дека еден ден ќе станеме мајки
Здраво,пак јас да бе прашам дали некој знае после колку дена од задоцнување на менструацијата може да се оди на гинеколог,на пр да ми подврдат бременоста,тестот беше позитивен ама незнам кога да закажам еве ми касни ? Поздрав и честитки до идните мами
Најдобро да се јавиш кај твојот гинеколог и да кажеш дека ти доцни и дека тестот за бременост ти излегол позитивен па ќе ти закаже за кога ќе смета дека е потребно. Најчесто се чека за преглед до 7ма или 8ма недела за да се слушне и активноста на срценцето. Поздрав и со среќа
zdr.Jas sum so eden jajnik,i eve veke 10 meseci se obiduvame no ne zabremenuvam.Ima li nekoja so slicno iskustvo se eden jajnik a da zabremenila ili e toa normalno potesko da se zabremenuva so eden jajnik.pozz
Девојки толку сум возбудена денес од сабајле ... станав уште во 6 сабајле неможев да издржам целата вилица ме боли од смеење по сабајлечки... Конечно по толку исчекување скоро 2 години сабајлево ги видов двете цртички на тестот ... а бев во огромно исчекување ...ми доцнеше две недели викам ај може грешам како и други пати...ама ете не грешам... конечно ааааааа а што се не направив...каде се не бев .... САМО ПОДРШКА ДО СИТЕ ВАС :::: СЕ ЌЕ СИ ДОЈДЕ САМО ВЕРБА И УПОРНОСТ аааааааааааааааааааааааааааааааа БРЕМЕНА СУМ КОНЕЧНО ААААААААААААААААААА леле неможам да се соземам од радост ...... ааааааааааааа ВИ ПОСАКУВАМ НА СИТЕ СЕ СЕ СЕ СЕ СЕ ААААААААААА
^ Честитики Ивановичка имај си прекрасна и лесна бременост, се да ти помине во најдобар можен ред и да си донесеш преубаво и здраво бебенце на свет