Ми доцни веќе четири дена. Денска ќе земам тест за да проверам за сигурно, иако знам дека мора да е тоа. Многу ми се спие, не можам да пијам кафе и ми се гадеше изутринава. И сум среќна и сум збунета...толку мнгогу сакавме да имаме бебче. Ќе Ви пишам за резултатот.
Aјде честитки нека ти е со среќа и одмарај и уживај оваа година ќе биде многу богата нека се само множат со убави вести и семејството на фемона да се зголемува со трудници
еве и овде да ви се пофалам конечно успеав да ја симнам седиментацијата по напорни 2,5 месеци со пиење на оспен и конечно денеска супер вест седиментацијата ми е 5/10 и здравје на 10 ден од циклусот да правам HSG и да си дојде мажот ми да направи едни испитувања и правец во фондот да ги поднесеме документите за инвитро и матичниот гинеколог ме гледаше на вагиналното ехо и се е супер
Честитки и имај лесна бременост! Честитки и имај лесна бременост! Инаку јас се породив пред три месеца и некако деновиве чудно се осеќав и плус ми каснеше направив тест и позитивен пак сум бремена па утре планирам да одам до кај мојот доктор да го прашам дали смеам да го родам зошто бев со царски породена.
честитки и уживај сега во бременоста денеска само убави и радосни вести нека продолжи по натаму ова темпо се радувам за сите нови трудници
Честитки за новите труднички,баш ми е мило што се зголемува бројот на трудици,имајте лесна бреност!!!!!!Посакувам сите други Феминки што очекуваат 2 цртки што побргу да си ги видат своите!!!
LaChiquita, danielka0507 ви честитам и вам и на сите останати женчиња кои се бремени, темата ја отворам понекогаш и се разнежнувам . Сите оние кои досега не успеале нека не се разочаруваат им држам среќичка на сите... Spoiler За мене да се биде мајка е нешто свето, голема желба ми е еден ден да бидам мајка...
Ауу што убави вести сабајлечки. Јас еве се враќам од нашето прво ехо и се личи добро, само што јас се убив од повраќање.
Инаку јас се породив пред три месеца и некако деновиве чудно се осеќав и плус ми каснеше направив тест и позитивен пак сум бремена па утре планирам да одам до кај мојот доктор да го прашам дали смеам да го родам зошто бев со царски породена.[/quote] Love23, гледам уште не си дошла ти на ред за честитање па еве прва да ти честитам. Со среќа новата бременост, која среќа една по друга ти се десила. Прашај си го гинекологот за царскиот рез, иако сигурно нема да има некој проблем, па за 9 месеци пак ќе си имаш бебенце. Како близначиња ќе ти бидат
Девојки иако е рано за втора бременост докторот рече нема место за паника плодот е добар има и срцева акција така да одлучив да го родам може овој пат нема да има потреба за царски за првото морав бидејќи беше карлично свртено друг проблем немав така да не се исклучува можноста да се породам природно.
цеститки мила со лесно да си ја износис и оваа бременост и узивај си во неа Дупла срека колку убаво.....
Цеститки и со лесно да си ја износис бременоста.... LaChiquitа мила цеститки и на тебе и да си узивате максимално во овие 9 најубави месеци..... Ви посакувам се најдобро....