На сите мамички им посакувам да уживаат во наредните девет месеци,да си јадат се што ке им се присака !!! И сеакако многууууууууу зборувајте му на бебенцето во мешето и те како делува смирувачки на плодот и секако имајте лесна бременост!
Здраво на сите можеби малку ке ви биде чудно несватливо.... ноо јас имам проблем. Јас и дечкото сме веке мн време во врска повеке од 5 години и јас сакам да забременам, но тој не сака да слушне за тоа. Ве молам кажете ми како можам да забременам без тој да знае??? Минатиот месец за време додека имавме односи пред да сврши му го фатив и успеав да докачам малку од спермата на прстот, се мислев дека ако си го ставам шрстот со сперма измачкан ке останам трудна ... Но еве ми дојде Помогнете ми сакам бебеееее, ако чекам на дечкото до 50 години може ке се реши на тој чекор
А сте зборувале ли на оваа тема некогаш , што е причината да не сака бебе? Во врска сте или во брак? Да не има некои обврски како факултет и сл. или пак финансиската состојба е проблемот? Треба да разговарате двајцата Инаку можеш да останеш бремена само ако сврши во тебе значи при нормален полов однос , ти со прстот или со нешто друго неможеш да ставиш внатре сперма т.е. ништо нема да се случи.
даа разговараме многупати... но одговорот е секогаш ист РАНО Е. Во врска сме двајцата работиме, јас работам во банка и има мн добри приманја а тој на бензинска пумпа и не е лосо со неговите приманја. Проблемот е во тоа што нема каде да живееме. поточно има јас имам кука на три спрата во која живеат само мајка ми и татко ми, не сака да дојде домазет.... незнам веке не можам да чекам имам 27 години... сакам веке да се реши тоа прашање. Знам дека ме сака.. но тој сака да створи пари сам да гради.. да биде независен.... и ете помислив на тоа да останам трудна без да знае но незнам како
Навистина имаш проблем и тоа сериозен ...ти сакаш бебе, тој нејќе ни да чуе ...И да најдеш начин и еве остануваш бремена, што потоа ...ако навистина нејќе дечко ти бебе или ќе ти раскине или ќе те натера да абортираш, така што пак ти ќе страдаш (освен ако немаш некои браќа/братучеди или некои набилдани батки кои би му дишеле зад грб додека кажува ДА.) Подобро седни и направи си озбилен муабет со дечко ти отколку да смислуваш тактики како да го наместиш. Ако во никој случај не сака да имате деца, тогаш (жал ми е што ти го кажувам ова ) ама сакала-нејќела ќе мораш да си бараш друг дечко, некој кој сака деца. Едит....сега го прочитав и другиот твој пост. Значи си имаш работа со тип кој е горделив и кој си има некои свои принципи, очигледно си има зацртано во главата што и како сака да створи па потоа да се одлучи на следниот чекор од вашата врска (брак/деца). Пак ќе се повторам, ако останеш бремена без негово знаење (со манипулирање) само ќе си направиш поголеми проблеми.... така јас мислам, сепак твое е да си одлучиш.
Ма не е дека не сака, вели дека сака да среди тој за стамбено прасање па потоа деца, а веке има и каде да зивееме само тој да се посака. Моментално живееме заедно во стан по кирија зошто не сака да дојде кај мене... Не вели дека не сака но страв му е како ке биде. Многупати ми рекол како на шала ако останеш случајно трудна тоа е што е една свадба па ке му ја мислиме. Незнам што веке да направам уфффффф
Едно прашање за почеток, сакаш детето да е негово или не? Сори, морав малку да се насмеам. Ова ми е типично детско однесување (твоето). Тој си размислува рационално, па не сте престарени за брак и деца. Нормално е што сака да се среди прво стамбено, а потоа да направи поголем чекор во вашата врска. Ако намерно останеш бремена без негово знаење, зарем не си помислила дека можеби би можел да се посомнева дека не е негово? Бидејќи ете тој си знае дека не свршува внатре. Или ќе му речеш: а бе душо, па ти се испуштило, си заборавил. Седни и разговарај со него како со возрасен. Не туку тука барај идеи како да останеш бремена без тој да знае. Добро ти пиша погоре Лолита, во право е за се.
јас мислам да седнеш и да разговараш со него така најубаво ке биде.. сепак за правење и чување дете и се останато се потребни ДВАЈЦА!
Бебушка понекогаш е многу тешко кога двајцата не сакаат исти работи одеднаш но за се може да се направи компромис, ако постои искрена љубов доверба взаемно разбирање и подршка. во твојот случај можеби е потребно да седнеш со него и да се договорите взаемно да си поставите компромис и да си дадете одреден период и за тебе и за него. Во овој случај периодот треба да го поставиш ти бидејки желбата за бебе е твоја а не негова сеуште.Договорете се уште колку време е потребно за да бидете и двајцата спремни за заеднички живот и бебенце. Само искрено никако со превари и подвали, тоа не води никаде ... Поздрав и ти посакувам многу среќа ... Се надевам дека ќе успееш да го оствариш тоа што си го замислила... пооздравче ...
девојкиии,бремена сум!! вчера направив два теста..позитивни..на првиот цела се пореметив од неверувавање.и цел ден бев во возбуда и не бев во сосотојба да ви пишам.бев на лекар.лкажа 5 недела.само после тоа,а и претходните денови имав кафеав исцедок.а не ми текна да и кажам.дали некоја има искуство со тоа.дали е опасно?и така се мислам дали да одам до кај органџиски..може најдобро да се осигурам.се надевам дека се ке биде во ред. штом јас останав бремена,да не му се сеќирате и вие.јас со дијагноза полицистични,така бев исплашена..ама ете,биднна. ви посакувам на сите кои се обидувате во најскоро време да успеете/ со Господ напред кај сите вас!
Честито....... Уживај во бременоста!!!! Блазесити..... Јас и маж ми ( тазе маж , од пред една недела ) пробуваме веќе подолго време да забременам ама некако тешко ни оди! Незнам што е проблемот. Ми се случува секој месец менструацијата да ми доцни по 6-7 дена, ќе добијам надеж дека сум бремена, но ништо, повторно ќе добијам. Еве ова ми се случува веќе неколку месеци. Паника ме фака, се нервирам!!!
фала ти.. и мене така ми беше.ми доцнеше и само ќе се понадевам и ќе дојде..ама овој пат успеа.па да видиме ккако ќе се одвива. не се нервирај.и јас не верував дека ќе успеам некогаш природно да зачнам..ќе дојде и твојот ред.
честитки за бременоста сега само одмарај, уживај во преубавите 9 месеци со бебчето во твојот стомак и да се зголемува семејството на фемина со нови трудници
EFIMIJA cestito! ete dojde i tvojot moment Imaj lesna bremenost. Toa za braonot moras da miruvas malce duri ne ti pomine. I jas imav braon pa po dva dena prokrvarev, na kontrola mi rekoa se e vo red so plodot samo da odmaram. Taka da sega odmaraj i uzivaj Da ne piese i ti od agnesot?