1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поддршка на жртви на семејно насилство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 7 септември 2020.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.801
    Допаѓања:
    65.519
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворам со цел да послужи како безбеден простор за секоја жена која сака да побара поддршка и помош и која е жртва на семејно насилство. Во темава нема да биде дозволено искажување на секакво мислење, нема да биде дозволено дрско обраќање кон членките кои ќе се решат да се искажат. Дури и само ако сакаат да се искажат и тоа е во ред, можеби ќе се одлучат да преземат мерки кога ќе најдат храброст.
    Осудувачки мислења со дрзок тон ќе бидат избришани и ќе следуваат банови. Како жени би требало да можеме да се искажеме смирено и да си помогнеме, наместо да се осудуваме.
    Мислења со како си можела, кај си гледала, а што си направила за да те удри и слични на нив исто така ќе бидат избришани, затоа пред да пишете размислете за својот одговор. Жените и така се во неповолна ситуација и сигурно не им се потребни лоши зборови од страна.

    Според статистиките има многу жртви на семејно насилство, но само мал дел од нив го пријавува истото. Што е навистина жално и не треба да се случува. Но, постои и недостаток на поддршка, на емпатија, а има многу осудување и окривување на жената. Што исто така не треба да се случува зашто никоја не си го „бара“ и не сака животот да и е пекол.
    Па, да помогнеме колку можеме со добар збор, совет, мислење, макар и вака виртуелно.
    Се надевам дека жените ќе најдат храброст барем да се искажат, дури и на анонимен форум, и тоа е чекор напред.
    https://www.esem.org.mk/pdf/Publikacii/2017/ESE Vodic za sem nas A6 05201.pdf
    Овде има водич за семејно насилство.
    http://www.mtsp.gov.mk/prijavi-semejno-nasilstvo.nspx
    Информации каде може да се пријави семејно насилство.
    Можете да приложите уште корисни информации, па ќе ги додадам во овој пост.
     
    На tambelina, noteforself, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.