Поддршка при испити, колоквиуми, тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Elena-123, 6 септември 2019.

  1. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    287
    Здраво на сите!
    Ја отварам темава со цел да се поддржуваме, мотивираме, помагаме за време на испитните сесии, колоквиумски недели, полагање на практични испити и други оценувања.
    Тука може да објавуваме слики со мотивационен текст, да споделуваме слични искуства, да го "подготвиме" со силна поддршка, пријатни зборови, инспиративни реченици оној кој учи и се спрема да полага испит. Може да споделувате и некои работи кои вие ги практикувате додека учите и кои ви помогнале при полагањето на предметот. Едноставно кажано, сакам да си бидеме поддршка, да бидеме заедно. Испитните сесии, полагањата колоквиуми, практичен испит, полагање на вежби се стресен период при студирањето.

    Лично јас, и покрај сиот труд кој го вложувам при секое спремање на секој еден предмет, чувствувам потреба од поддршка. Потреба од некој да ме "поттурне", да ми рече "можеш!". Да ми каже некој убав инспиративен збор и да го намали стресот и тремата која ја чувствувам пред секое, ама СЕКОЕ полагање. И покрај фактот што сум се утепала од учење.

    Затоа, слободно пишете нешто инспиративно, мотивационо, нешто кое ќе го намали стресот и ќе ја подигне самодовербата на секој: студент/ученик/почетник шофер кој треба да полага тестови за возачка дозвола/ човек кој треба да полага тестови за прием на работа/ и разни други случки каде се очекува да го покажете вашето знаење.


    Слободно дополнете ако нешто изоставив.
    Се надевам дека ќе ја прифатите темава.:)

    Ако има ваква тема, веднаш да оди оваа во канта!

    Поздрав(highfive):l:
     
    На Oxymoron, sj *O*, MysteriousQueen и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    287
    IMG_20190906_114408.jpg -"Не застанувам кога ќе се изморам. Застанувам кога сум готов!":makeup:
    Ова ми излегува пред очи кога сакам да "кренам раце" од нешто. Без разлика дали е учење или некоја друга обврска која треба и сакам да ја завршам.
    Многу ми помогнала оваа реченица, па се надевам и на вас ќе ви помогне! (highfive)
    Keep that in mind!:nod:
     
    На Skylar, sj *O*, mileystar и 4 други им се допаѓа ова.
  3. DevilGirl212

    DevilGirl212 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    И мене оваа тема би ми била добредојдена, бидејќи често при учење губам мотивација или барам начини како да си го подобрам учењето, односно да го најдам полесниот начин, па тука можеме да се поддржуваме и споделуваме искуства
     
    На sj *O*, Peperutce1115, Cinnamon Bun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    287
    Сфаќам, те разбирам. 8-|
    И мене ми се случувало по некои предмети да учам, да се спремам и баш 2-3 дена пред полагањето знае да ме фати едно глупаво носталгично чувство, да ми се прави сѐ, освен да го повторувам материјалот. Ме фаќаат депресивни мисли, почнувам да размислувам општо за животот, зошто го правам ова, :o:, дали вреди, зошто дадов толкава жртва и слично... Звучам како тешка "психопатка", ама најјискрено и мене ми се случува ова. Едноставно губам мотив, а по извесно време добивам страв. Тежок случај(facepalm)...Белки не сум единствена, или можеби е подобро на никој да не му е вака. Еве незнам:tmi:..
     
    На Oxymoron, sj *O*, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    11.796
    Пол:
    Женски
    Јас пијам Диазепам неколку дена пред испит,гледам комедии,а за испит учам 2 недели или цел месец,зависи од тежината на предметот.Кога учам,читам 30 минути,па правам 5-минутна пауза и грицкам нешто.
     
    На sj *O*, Cinnamon Bun, Elena-123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DevilGirl212

    DevilGirl212 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Буквално исто, и пред испит секогаш добивам нагони за повраќање, нервози, стресој па барам нешто да си ја тргнам мислата од то, а иначе како учиш, јас прво го читам цел материјал и го подвлекувам, потоа пак одново го читам и главното го пишувам на лисја и потоа од нив читам и учам, ама вака ми одзема многу време...
     
    На Cinnamon Bun и Elena-123 им се допаѓа ова.
  7. DevilGirl212

    DevilGirl212 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Не те успиваат Диазепамите?
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    11.796
    Пол:
    Женски
    Не.А,и кога сум посмирена,не ги пијам.
     
  9. DevilGirl212

    DevilGirl212 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Јас неможам нив да ги пијам или кои било за смирување, да ќе ме смират ама и ме омалаксуваат
     
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.060
    Допаѓања:
    1.198
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило што сте отвориле ваква тема, се надевам дека ќе биде мотивација за сите нас.
    Јас сум вонреднен студент и ми останаа три испити до крај (од еден чекам резултати другиот го полагам на 12ти па се надевам ќе положам, еден положив вчера и за од октомври ќе спремам еден од тие три). Уќам по месец, месец ипол 2-3 предммети.
    Јас пијам хелекс буквално пред испит, за да можам да заспијам и да се одморам, и не ми сметаат околу помнењетот.
     
    На mileystar, cresa-jagoda и Elena-123 им се допаѓа ова.
  11. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    287
    Го читам материјалот и потоа се водам спрема презентациите на професорот и белешките кои сум ги запишала при предавањата (секогаш "фаќам" забелешки, многу ми е полесно потоа дома да се вклопам во материјалот кога учам). И потоа во тетратки без линии, без ништо, обични бели тетратки..Е, во нив си пишувам онака како што јас сум го сфатила. Многу од работите и ги цртам и според еден прост цртеж можам да објаснам цел комплексен процес. Најверојатно, поради моево пиктографско помнење, одлично помнам слики, бои, подвлекувања.:$
    Инаку, совет: -за да не ти одзема многу време пишувањето(а, знам дека премногу одзема), пробај да пишуваш како потточки од она што треба да го раскажеш. Ем усно ќе учиш и вежбаш како да се изразуваш објаснувајќи, ем помалку време ти треба за зборување, отколку за пишување. Фактички, си правиш како концепт/план за она за кое сакаш да зборуваш8-|. Мене ова ми успева, и вака многу подобро ги сфаќам работите, а и знаеш дека ништо нема да прескокнеш од материјалот, ако ги следиш потточките.Па, и уште ако си имам цртеж пред мене, или го цртам нештото додека ги раскажувам потточките..мх, мх, милина!! Хахахахх:lol:
    Пробај, па пиши ни дали ти помогнало. Со лесно:f:
     
    На cresa-jagoda, DevilGirl212 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    287
    Здраво! :f:
    И јас се надевам на истото, имав огромна потреба од поддршка, затоа и ја отворив темава.:$

    Штом си стигнал до 3 испити, значи му се гледа крајот! Тешкото поминало, но не се опуштај пред крајот. "Запни" сега најјако и набрзина исчисти ги, па потоа да те мотивираме за дипломски труд. Загреј го столчето и оттарасај се што побргу. Сконцентрирај се пред самиот крај.Претпоставувам дека можеш да ги спремиш, според факотот што ова ти се последните 3 испити! Среќно, со лесно, растури на испитите, па да ни се пофалиш со позитивни резултати(fingers)
    IMG_20190906_210049.jpg
    А, таблетите не ви сметаат? Јас никогаш не сум зела никакви..
     
    На SnowWhite8 и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  13. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    0238749870ea6beedb385559428a621a.jpg


    Се надевам дека ќе успеете.

    Патем, сабајле во 4 ќе ви пишам, ќе учиме заедно :)
     
    На sj *O*, Peperutce1115, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Браво за темава!
    На секој студент му е потребна голема поддршка пред колоквиуми и испити, еве лично мене ептен, зошто пред испити се потам, ми се повраќа, ми се умира...:rofl:

    IMG_20190906_211514.jpg IMG_20190906_211532.jpg
    Што ме мотивира? Тоа што знам дека немам никој зад мојот грб кој што би можел да ме пикне да ме вработи негде, или да ми остави голем имот. Ме мотивира тоа што не сакам да бидам безгласна буква и понижувана. Ме мотивира тоа што ќе се направам себе си и луѓето што ме сакаат горди, а оние кои ми посакувале само падови и неуспех да ги наведнат своите глави и затворат своите усти.

    Инаку што ми помага при учење, две работи. Многу сон (инаку не ми работи мозокот) и тишина и мир.
    Исто така се наоѓам себе си многу по продуктивна во читална каде што не можам многу многу да станувам и да правам други работи, за разлика од дома. :)
     
    На sj *O*, MysteriousQueen, Dream-Girl и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    287
    Штом е таква работата, вечерва треба рано легнување8-|...А, јас пак на вечер си учам кутрата(facepalm) Многу интересна фотографија(y):f:
     
    На cresa-jagoda, Keanu_R.Wick и mariz им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    11.827
    Допаѓања:
    57.054
    Пол:
    Женски
    Ке го пробам ова!

    Моментално не да ми треба поддршка... од стрес се нафрлав како тинејџерка, косата почна да ми паѓа (facepalm) Инаку имам 26г и сум мајка на две деца 4г и 1г и повесело ми е учењето. Но тон за учење имам за овој предмет и башка ми е последен и ептен нешто се потресов... И дипломска месецов (ако положам), па ваљда ке успеам, држ те среќа.. т.е. пуштете ми ја :* Учам од 18ч и моментално уште сум пред книгите и веќе толку од концентрацијата... :drunk:
     
    На SnowWhite8, cresa-jagoda, DevilGirl212 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Нема потреба од стрес. Истотака, пробај со "повикај пријател" методата :)

    Земај и омега-3, ќе успееш :)

    Идолче си ми :$
     
    Последна измена од модератор: 7 септември 2019
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, Cinnamon Bun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    287
    Здраво!:f:
    Мило ми е што ќе се дружиме и ќе се поддржуваме. Интересна ти е тактиката со читалната. Се пронајдов во она што го напиша во врска со станувањето иправењето други работи додека учам дома. Еднаш бев со колешката во гратската читална. Ау, каква тишина, мир, да ти е страв да се помрднеш и случајно да не ти крцне столчето каде што седиш. На почетокот ми беше малку чудно, таа тишина и мирисот на книги, а и на кафе, Богами.Подоцна ме фати многу силна амбиција и желба за учење. Дури не сакавме да си одиме со колешката од што ни беше пријатно учењето таму. Некако топло место, што знам.Сите учат, а не само ти. Би одела пак, сигурно. Но, не многу често, зашто дома сакам да се "дерам" на глас и да се карам со себе си додека не научам.:$
    А, ако сакате да учите и истовремено да ја одморите душата од секојдневието, тогаш дефинитивно треба да посетите читална/занимална/библиотека.8-|

    "Бајдвеј", текстот на фотографиите е многу поучен! Ти благодариме8-|:inlove:
     
    На sj *O*, Peperutce1115, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Tea678

    Tea678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    636
    Пол:
    Женски
    Јас кога спремав испит купував од оние листови во боја и секоја тема ми беше различна боја, бидејќи бев на факултет каде што се учи само теорија и мораше да раскажувам лекции имав одредено дата до која треба да стигнам да научам во текот на еден ден , обично на сабајле ќе станам ќе јадам кафето и учам што ми е за денес за таа дата и навечер пред да спијам повторувам и така ми беше најлесно :D За меморија чај од рузмарин помага повеќе од секои видови на апчиња. На тема читална, додека студирав никогаш не сум била, бидејќи кога учам имам навика и да пишувам многу, може по две три големи тетратки трошам , па таму можеби чудно би им изгледало сето тоа :?:
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, Cinnamon Bun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    287
    Иако е тежок предметот, последен е! "Запни се", издржи уште малку и успехот сам ќе си дојди. Па, потоа дипломски труд. Ехее, супееер! Без страв и нервози. Немам деца, ама претпоставувам е потешко учењето како родител. Затоа, оттарасај се што побргу од испитот и потоа целосно, без грижи ќе му се посветиш на дечињата. Со лесно, цела среќа е веќе пуштена. Фаќаај:*(fingers):$
     
    На eliesaab, cresa-jagoda, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.