1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поддршка при испити, колоквиуми, тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Elena-123, 6 септември 2019.

  1. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Здраво:f:
    Ова со повторување навечер го практикувам и јас. И мене ми помага. Убаво што се досети да пишеш. А, за рузмаринот, уште утре ќе купам, па ќе ви кажам дали има резултати.:coffee:
     
    На cresa-jagoda, Keanu_R.Wick, Cinnamon Bun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Ее, таа причина заборавив да ја наведам, нешто што премногу помага и мотивира е кога си опкружен и гледаш и други луѓе до тебе како учат и дека не си сам во едно такво цунами наречено "испитна сесија" :D

    Браво! Таквите како тебе се мотивација. Мајка на две деца кога се најнемирни, ти успеваш и имаш желба да учиш!
    Ти посакувам многу среќа, и да го завршиш и испитот и дипломска најбрзо и без проблеми!
    You go girl!

    IMG_20190906_220758.jpg
    Еве еден поздрав од мене и моите збирки и тетратки,
    Со лесно на сите вечерва и гледајте наспијте се зошто сонот најмногу помага и утре свежи и со нови сили back to studying!! :*:8-|
     
    На sj *O*, Peperutce1115, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Any05

    Any05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допаѓа темава (y)
    Јас сум една од тие на кои многу им значи поддршка, а имам и навика секогаш пред полагање да се слушнам со мајка ми некако тоа ме смирува.
    За учење за испити долго се спремам и 2-3 дена пред испит повторувам само, но има и испити што ги спремам 5 до 12 што би се рекло бидејќи сум била презафатена..:x
    Бубалица сум и премногу стресно го доживувам студирањето (свесна сум за тоа и колку и да викам не готово веќе не се оптеретувам па пак исто ќе испаничам), студирам на факултет каде што буквално нема одмор или слободен викенд да се опуштиш без да имаш грижа на совест затоа што во моментот правиш нешто друго а не учиш, премногу услови, нема казнена сесија, ниту пак декади. Материјалот е обемен и учам во читална по 6 часа на ден, а имало и денови кога цели 12 часа сум останала таму. Учам продуктивно 40 мин. до 1 час и после тоа правам 10 минутна пауза. За мене лично попродуктивна е читалната бидејќи дома брзо ми се одвлекува вниманието и губам концентрација, а како најголем стимулатор за учење ми е дефинитивно кафето. Како "реквизити" при учење користам од пенкала и маркери во сите можни бои па се до разни самолепливи листови, обожавам да ми е исполнето со шаренило. Исто така обожавам да слушам џез или класична музика кога имам задачи за решавање или пак структури за цртање. :)
    Се надевам ќе пишуваме почесто тука со цел да се мотивираме и да си бидеме поддршка едни на други.:hug:
     
    На sj *O*, Peperutce1115, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  4. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Јас пак најмногу можам да се сконцентрирам навечер за учење, некако мир и тишина, сите спијат јас си учам |-):clap:
     
    На Elena-123, Any05, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Искрено многу страв ме фаќа затоа што се работи за Математика2 од прва година, Веројатност и статистика од 2 , а за Безбедност на компјутерски системи не ме фаќа многу страв ќе го учам натенане по септемвриска сесија зошто има баш материјал. Не ти препорачувам да ги пиеш тие таблети ако веќе не си пиела, сепак се штетни и можат да ти прават проблеми со помнењето. Подобро земи некои витамини пр омега 3 магнезиум кои се добри за мозокот и помнењето и пиј многу вода.
    Со среќа учење на сите и дај Боже сите да си положиме. Гушки до вас :hug::l:
     
    На Elena-123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Здраво! :f:
    И јас сум иста во врска со "шаренилата". Сакам сѐ средено да ми биди, со потточки, со поднаслови, некогаш и табели си правам:$. Како што пишав погоре, вака најмногу памтам, најверојатно, поради мојава пиктографска меморија8-|. Инаку, јас кафе општо во животот не пијам и не сум некој љубител на кафе. Но, вечерта пред испитот пијам пола филџан и тоа не за друго, туку што слушам и што гледам дека сите пијат, поготово за време на сесија. И ајде и јас си пивнувам:lol:. А, за читалната - оваа година дефинитино ќе ја посетувам почесто!
    Среќно на полагањата:mm::inlove:

    Тешко е, да, ама не е невозможно! Вложениот труд ќе ти се исплати со висока оценка. Не се плаши, гледај да се ослободиш и без страв и паники. Имаш научено, спремно е сѐ, нема потреба од стресови (тебе ти зборувам вака, а јас сум уште во "полоша" состојба:$(facepalm)). Затоа ти велам, издржи и потоа ќе ни се фалиш со позитивни резултати(fingers). Ќе славиме на форумов:rock:

    IMG_20190907_081223.jpg IMG_20190907_081203.jpg
    Од мене утрово ваква мотивација. Добро де, и не ми е баш утро со оглед на тоа дека сум станата од 3.45ч по ваша препорака:nod:. Убаво било уште од зори, се е тивко, мирно, а и имав прилика изгрејсонце да видам. Си сварив чај, вода со лимон се напив. Абе, мераци(highfive). Уживав учејќи. Фала @Keanu_R.Wick за фотографијата што ја објави. Подоцна ќе ми се приспие, тоа сигурно. Ќе преспијам и пак продолжувам:yawn:. Ама, материјалот што го поминав утрово мислам дека убаво "ми легна" во глава. :clap:
     
    Последна измена од модератор: 7 септември 2019
    На SnowWhite8, mileystar и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    11.626
    Пол:
    Женски
    Изгледа јас сум единствена на која не и е толку стресно учењето, но овде сум за сите на кои им треба мотивација и подршка.:hug:
    Не е дека не се замарам, далеку од тоа, можеби е само до тоа што си го распоредувам материјалот на тој начин да можам да го поминам неколку пати(доколку дозволува времето) и пред самиот испит сум доста смирена.
    За мене најпродуктивно е учењето наутро. Станувам 4-5 часот и учам до 11-12, потоа веќе ми паѓа концентрацијата и вниманието и ми треба одмор. За предметите кои се теорија во поголема степен користам само маркери и подвлекувам. За неколку кои имаат структури и формули прво сум си ги средила убаво во тетратки и тоа со пенкала и маркери во различни бои, и после тоа многу ама многу вежбање со пишување.
    Мислам дека голем проблем кај мене е тоа што многу малку спијам. Ми се случува да спијам само 2-3 часа за време на сесија. :worried: Втор проблем е што воопшто не излегувам и дури не јадам, затоа што сама треба да готвам, да спремам а потоа и да мијам. Татко ми многу ме кара за оваа.
    На сите кои сте сега во фаза на учење ви посакувам да бидете пред се смирени и опуштени, така ќе му дозволите на мозокот да запомни многу повеќе. И секако многу среќа на испитите. :*:hug:
     
    На sj *O*, Peperutce1115, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  8. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Мислам дека за време на сесија повеќе ќе висам на темава, отколку над книгите :rofl::rofl:
     
    На sj *O*, mileystar, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Мило ми е :) повтори го истиот материјал во текот на денов, а секој трет или четврт ден повтори си сѐ од предходните онака набрзина и, секој месец повтори сѐ од предходно.
    Правиме грешка кога учиме турбо, а не треба така. Да пијам кафе и ќе пуштам скриншати за методи на учење (на српски и хрватски јазик) кои се и те како ефикасни.

    Screenshot_20190617-120028.jpg Screenshot_20190617-120118.jpg

    Еве, како се памти на брзина и, како се памти на подолго време. Проверено, помага.
     
    Последна измена од модератор: 7 септември 2019
    На sj *O*, Peperutce1115, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    1.316
    Пол:
    Женски
    Јас периодов воопшто немам меморија,се што учам не ми влегува во глава а за две недели ми е испитот, кажете како да си ја подобрам меморијата.
     
  11. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    0238749870ea6beedb385559428a621a.jpg Screenshot_20190617-120028.jpg
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda и Crnookata им се допаѓа ова.
  12. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    ec0b6f7c17007db66e76b28894574b75.jpg ec0b6f7c17007db66e76b28894574b75.jpg
     
    На Peperutce1115 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.375
    Пол:
    Женски
    Ништо да запишвам постдипломски за да се дружиме. :D
    Ми се допаѓа многу темава. Мене испитната ми беше претходната недела, со еден забеган испит оваа недела. Имав три испити уште до крај, два ги положив, еден со 6ка, друго со 9ка. Јас сум или all in или all out. Е сега нека дојди Понеделник па треба да одам до Студентски за резултати по третиот испит. Уште тој официјален испит ме дели од дипломирање. Имам и досие за носење и ако нешто за кое знам се ме падни, нема да пишам тука да не ви паѓам моралот. :rofl:

    Оваа испитна учев на поќе различни начини, место одамна да откривам ефективни начини на учење, сега ми се виде лабаво и имав цело лето па ете.

    Учам така шо прво го пишам материјалот во тетратка, као буквално цел материјал со фонт 4ка го пишам во тетратка. После дур учам, учам комбинација тоа што сум пишела и учебник со плус стики ноутс белешки додавани во тетратка. Учам така шо пробвам да развијам приказна иако учам општествена наука и кај шо то е малку тешко ама то е то шо функционира кај мене. Толку ми функционира ова шо памтам работи од „нигде- никаде“ по многу години. Одзема мноооогу време и мора мнооогу совреме да се учи. Као, довршваш лекција и одиш дома и ја пишиш и површно ја учиш. Кога иди испитна/ колоквиумска половично повторваш, половично учиш на еден начин. И така цепкано прај смисла, бар за мене, зошто со то шо не ја доучвам одма, дупките шо оргинално би ги учела на памет оти не ги сфаќам - си ги разјаснувам како шо преминвам од лекција на лекција.
    Пример ете учев „Медијација“ предмет каде првиот дел од предметот збора за то шо е конфликт, како настанва, зошто, како, принципи, стратегии .. you get the gig. И сега оди поврзвање пример со кој имав конфликт последниот месец и како настана, како се разреши? Критични точки? Ескалација? Деескалација? Па, дури и анализирав примери од форумов. Та ми е 9ката. :makeup: Се сеќавам кога учев за романтични врски и типови си ги поврзвав со парови шо ги знам. Онака од соба истрчав в дневна за на мајка ми да раскажам дека една другарка нејзина е во насилна врска и зошто. Сите знајме, многу совети има жената добиено и на многу начини сме пробале да помогниме ама залудно, ама сега ги имав сите „конци“ шо поврзваа сликата. И останват во трајна меморија.
    Е сега некои предмети се по тешки за вака учење ама мислам дека скоро сите ги можиме да ги развиеме со приказка. :wasntme:

    Е сега прам варијации во повторувањето пошто зависно од преметот ми се.
    - Многу често со мајка ми или дечко ми зборам на темата шо ми е за на испит. Значи не се гледам во материјалот туку разговорно, бегам и од темата, можи нема се да повторам ама зборам на темата и колку поќе збораш за нештото го анализираш од поќе агли. И кога одиш дома класично да го повториш, го поврзваш со работите за кои си зборал и наеднаш се шо не праело смисла дур си учел - прај смисла.
    - Дур учам паралелно прам flash cards, ова го праев оваа испитна прв пат. Значи пример учам моментално три страни и пробвам да ги спојам и дур си зборам со себе, на глас на темата и барам заеднички точки и разлики, од едната страна на ливчиња пишам прашање, од задната пишам два- три збора кои асоцираат одговор. Ако е научен материјалот доволно се два- три збора да знајш дали то шо си кажал е точно или не. И после принципот на повторвање е очигледен - КВИЗ. Читаш прашање, разкажваш одговор, па вртиш од другата страна да видиш дали си точен. Можиш и да ги мешаш, поефективно е ако не се со ред како шо си ги учел работите, се одбегнува моментот учење и повторвање по редослед, напамет.
    - На табла си го предавам материјалот, и ова прв пат го праев ова испитна сесија. Сите знајме дека добро предаен материјал се учи на час. Епа од кога сум научила материјалот колку- толку се стремев да го доучам така шо со помош на книгата си го предавав материјалот и пишев белешки на табла (има ефтини табли за лепење на алиекспрес, ако сте заинтересирани ќе пишам линк). И после видов дека горе има интервали на повторвање, па можи да се речи дека ги пратев колку- толку. Кога си го предавав материјалот сама, пробвав пак, да го поврзвам со примери од околината - исто како ако би предавала на ученици нели, да го напрајш упростено и релевантно. Мене зошто таблата ми е залепена на врата, а вратата ми е одма спроти кревет, кога станував од спиење на која белешка ќе ми фатеа утрински очи, тој дел пробвав да го раскажам онака уште не станата.
    - Класично повторвање. Под класично мислам, гледаш наслов на тема/ лекција, некое прашање во учебник или тетратка и така раскажваш, ѕиркаш. Или пак читаш. То обично сабајле пред испит ако решам да повторам, обично вечерта пред испит на овај принцип. Не го преферирам зошто не ми е најуспешен.

    Накратко, барајте постојано пред да ви дојди колоквиумска/ испитна како некој друг учи и секоја сесија пробвајте нешто ново дур најдите шо функционира за вас. Можам да кажам дека пола средно бев фрустрирана оти не знаев да учам и не знаев кој принцип функционира за мене. Сите сме различни ама треба да се стремиме против учење на памет.

    Е сега шо не се менва кај сите е:
    - Учење во исто време и на исто место. Треба да почниме да учиме порано, оти на почеток ќе учиме помалку. Пример ако јас претежно учам в соба ама сега сум отишла в дневна оти нема никој наеднаш ќе имам многу дистрактори. Е зошто е то така? Кога учиш на едно исто место, во едно исто време почнуваш да игнорираш работи кои вообичаено се случуваат. Пилиња црцорат на сабајле, наеднаш светнува сонце внатре, татко ми слуша вести на цел глас во 9 на утро ама со то шо ние се прилагодваме на то време со тек на време почнуваме да игнорираме тие такви дистрактори шо во дадено место и дадено време се случуваат на еден начин рутински. И со промена на место треба период на прилагодвање и тогаш учиме побавно. Кога ќе се навикниме учиме побрзо и поефективно.
    - Активно учење. За ова има две варијабли: внимание и мотивација. И мора да се одржат двете за да е ефективно. Вниманието сите си знајме кога ни е на највисоко ниво. ТОГАШ треба да учиме. И тоа +/- два часа. 8-| Шест шаса, макар и со паузи се неефективно учење. Ваљда и сами забележвате дека на почеток сте енергични и учите и мислите дека ако продолжите вака до вечер ќе си исполните целта. Не. Нема да биди така, оти опаѓа концентрацијата, вниманието и градуирано учиме побавно, сфаќаме потешко. Нормално е, умора е тоа. Е сега шо сакав за ова да кажам, место да пиете кафе за да се одржите во живот, легнете на 30 минутен power nap па продолжете. Тоа е како рестарт копче.
    - Наградвајте се! Да, сите на некое подсвесно, животинско ниво сме како кучињата. Секое животно можиш да го тренираш и секој чоек можиш да го тренираш. Одредете си колку страни можи да научите без пауза therefore без фрустрација пред да се наградите. Секоја пауза е награда, ама на секоја пауза имајте нешто шо ве релаксира како награда. Пауза мора да имате, та е есенцијална за учењето, ама мора да има нешто на пауза шо се случва шо ве релаксира. Пример: Ред чоколадо, јас лично скролам на Редит и читам проблеми на луѓе. :wasntme: Сите си имаме свои хобиња, океј. :rofl: Додуша ова со читање проблеми често ми помага и со учењето, она погоре шо пишев поврзвањето. Ама поентата ми е, имајте нешто кое го чекате ако сте успешни. И така ќе сакате да бидите успешни. Казнување никако! Казнувањето демотивира. Наградите од друга страна мотивираат. И мотивацијата е многу битна за успешно учење.

    Има многу работи шо можам вака да ги пишам, ама поентата ми е секој треба да си најди за себе што функционира. Не треба да учиме многу и долго туку треба да учиме паметно. Намалени фрустрации, повеќе успех, посреќни, наспани, релаксирани.

    Ајде сега нека ви е со среќа испитната сесија на сите! :hug:

    едит.
    Ќе забораев, да се засрамам.
    Благодарам што присуствувате на мојот TEDtalk. :rofl: Мислам дека секој кој ќе преживеј преку мое долго мислење заслужува „благодарам“.
     
    На Pixi5, cottonball, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Pepi17

    Pepi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2017
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Јас сега ќе бидам прва година и читајќи ве можам да кажам дека сум и тоа како исплашена, но сепак ви се воодушевувам колку сте посветени и одговорни.
     
    На cresa-jagoda, Keanu_R.Wick и Elena-123 им се допаѓа ова.
  15. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    И да, на форум (нет) само од пладне па до следните три четири часа. Тогаш е време за нет, филмови, шетња.
    Плус, тренинг од пола саат дневно, обавезно. Кардио, џогирање, фитнес, било што.
     
  16. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Мислам дека посоветувачко мислење не сум прочитала на форумов! Здраво и добро ни дојде:f:. Да знаеш дека на дел од советите ќе им направам скриншат и ќе ги испробам уште веднаш за наредна сесија. :angel::$Посебно она со таблата. Сега ме инспирира и јас да си купам. Сакам онаква што се пишува со специјален маркер и потоа се бриши со таков сунѓер. Па, кога ќе си купам и маркери во боја, ќе раскажувам, "професорица да будем"]:):makeup:. Инаку, како што пишав погоре за моето пиктографско помнење, јас многу паметам слики, а посебно цртежи и шеми кои си ги правам учејќи. Досега сум цртала на бели листови, на тетратки обични, без линии и потоа според цртежот си раскажувам. А, зошто ли не ми текнало за табла?? Еве незнам.(facepalm).. Фала ти многу за советот. А, таква табла, освен на алиекспрес, би требало да има во Џамбо или пак, во некоја продавница за играчки, а?
     
    На cresa-jagoda и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.375
    Пол:
    Женски
    Обична бела табла мислам дека имав и Џамбо видено.
    Линк 1
    Линк 2
    Едната е со лепило, другата со магнет, ама таа со магнет е помала. Јас ја земав за на фрижидер да ја лепам и да пишам листа за пазарење. :D

    Мило ми е!
    Кажи како ќе ти поможат тебе.
    Првиот дел од коментарите се то шо мене ми функционира, втората половина е материјал од предмет шо сум го учела, за учење. :rofl: Придобивки од студирање психологија е дека евентуално ќе научиш како правилно да учиш, ама веројатно ќе биди трета година кога си при крај. :rofl: Па си реков да напишам за некој кој не е при крај.

    Мислам дека вакви работи, начини на учење и сл. треба да се учат на училиште, како дополнителни часови. Оти секогаш професори, и основно и средно, ни велеле: „на памет никако, само со разбирање“ ама како е учење то со разбирање? Кое е то паметно учење? Ако некој не ти кажи нема да знајш. Можи ќе успејш сам да најдиш шо ти функционира ама полесно е кога некој ќе ти покажи и тоа совреме и така ќе вадиме поуспешни човечки суштества надвор од клупите.

    едит.
    Ова се линкој од двете табли кои ги нарачав, ама гледам дека едниот линк не е то шо уствари го нарачав туку е сменета од табла за лепење во исто магнетна табла. Ако имаш каде да ја закачиш океј, ама со лепенка е полесно за во соба.
     
    На cresa-jagoda, Peperutce1115 и Elena-123 им се допаѓа ова.
  18. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Здраво:f:
    Како прво,добро ни дојде на темава, а и во студентскиот живот. Како второ, немој воопшто да се плашиш! Прва година е многу интересна. На почетокот сѐ е чудно, ново, измешано. Јас кога бев бруцош, бев таков хаос што ми требаше семестар и пол за да сфатам како се запишува, како се заверува семестар(facepalm), како се пријавуваат испити, како се добиваат оцените....Многу е интересно и поубаво е од средното образование, барем за мене. Ќе си одеш на предавања, па потоа дома ќе си учиш на раат, ако си го распоредиш времето ќе имаш услови и за излегувања и одмор. ;)Секој почеток е тежок, ама откако ќе влезеш во колосек, ќе фатиш рутина-е, тогаш е веќе друга прикаска! Само, сега додека да се прилагодиш, совет ти е да не се разочаруваш уште на првите грешки и падежи, кои ќе ги има многу. Само поправи тоа што можеш и терај напред!:!: Не учи пред колоквиумска, туку учи си совреме. Студенсткиот живот е интересен, а тука ни е и групава да си помагаме. Ќе прочиташ, ќе видиш, ќе споделиш искуства. Има предмети каде треба да се плашиш, а има и такви каде ќе треба да ја знаеш тактиката и да се снајдиш. Со лесно, среќно и тука сме за тебе:hug:. Те очекуваме со позитивни коментари! :muscle:
     
    На cresa-jagoda и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  19. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Ти благодарам многу!:hug: Ќе побарам за со лепило, бидејќи во собава и немам баш каде да ја ставам таа со магнет. Во секој случај, многу добра и корисна идеја. Да се оттргнам од овие 2 испити и за наредно учење ја купувам обавезно.8-|(highfive)
    Размислувам и на братучетка ми да и купам една, да ја изненадам сега пред учебнава година:nod:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Табли со маркери и сунѓер за бришење имаш по книжарниците, во различни големини. Јас имам неколку дома.

    Што се однесува до совети за поуспешно учење, јас како вечен ученик/студент да си кажам неколку:
    - Она со маркерите гледам сте го спомнале. Јас си имам маркери во неколку бои и секоја боја си има своја улога. Една ми е само за наслови, друга за поднаслови, трета за дефиниции, четврта за потточки (каде што има поделби)... Вака ми е попрегледно и во книгата и во тетратка ако пишувам (порано повеќе пишував оти имав време, сега немам толку и учам за многу пократко време, без многу пишување)
    - Не оставајте го материјалот за последниот ден/недела. Што порано почнете со читање и запознавање со материјалот, толку полесно ќе се запомни, има време да „легне“ знаењето.
    - Доколку имате можност раскажувајте си го она што го учите со некој колега или колешка, особено делови кои ви се потешки. Вербалното разменување информации многу полесно се задржуваат во меморијата.

    Сега засега доста е, ќе ми изгори ручекот :drunk:. Кога ќе најдам повеќе време ќе споделам уште некој совет што кај мене успева. Со лесно учењето на сите.;)(fingers)
     
    На cresa-jagoda, Peperutce1115, Elena-123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.