1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поддршка при испити, колоквиуми, тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Elena-123, 6 септември 2019.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.375
    Пол:
    Женски
    Јас многу сакам шаренило и шарам на ист принцип кога учам за на факултет како тебе. То заборајв да го споменам погоре. Исто боја со стики ноут поврзвам, пример прв параграв то шо се збора е зелено, после нормално со стило пишам, и потака кога имам стики ноутс шо ми се додатоците, ги поврзвам со бојата на стилото. Јас гелни стила користам, земајте гелни стила, поскапи се ама се створени за учење.

    А кога имав лекови за учење на памет (неповрзано со факултет да не се чудите шо барат генерики лекови на факултет за психологија), боите ги користев за групирање. Пример сите подвлечени со црвено се за хипертензија, ама со испрекината линија е хипотензија, цик-цак линија е аритмија итн. Па розова линија се сите лекови за депресија, испрекината розова линија е анксиозност, цик- цак епилепсија. До ден денес ги памтам и кога отворам таа тетратка за да не заборам боите онака в гла ми се врежани. На корицата имав цела легенда напишано дур „ми легнаа“. :D Зато мислам дека секој вид на предмет треба да има свој пристап шо ќе биди најуспешен.
     
    На cresa-jagoda, zuto и Elena-123 им се допаѓа ова.
  2. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    69654385_2366217216985596_4493543103180832768_n.jpg

    Исто е и со оценките. Сте паднале? Не е крај на светот.
    Она што е со мака извадено е многу послатко. Очекувам солзи радосници :)
     
    На Glossy-girl, cresa-jagoda, SnowWhite8 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Фала ти многу за советите :f:
    И јас воопшто не го сакам кампањското учење што го спомена. А, за табли ќе проверам и ќе ви пишам и колку пари ја земав. ;):call:
    П.с. наздравје ручекот :lol::$
     
    На cresa-jagoda и zuto им се допаѓа ова.
  4. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    А на кој факултет студираш?
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.375
    Пол:
    Женски
    Психологија. Како шо реков, општествена наука шо општо мислев дека не ми лежи и уште седам зад то и ми се чини дека ми треба некогаш екстра труд за да сфатам некои работи. :rofl: Ти? Можда си пишала али немам видено.
     
    На DevilGirl212 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.130
    Допаѓања:
    124.900
    Пол:
    Женски
    Што и да учите,не се оставајте без паузи и спиење.Мозокот подобро функционира кога е одморен.
     
    На Glossy-girl, cresa-jagoda, mileystar и 4 други им се допаѓа ова.
  7. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Јас педагошки, па би можела да го искористам твојот метод :D
     
    На cresa-jagoda, Elena-123 и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Засега можам само за помош пред тестови да зборам или ако се смета матурата и тоа што учев биологија книга одеднаш за 2 недели, па нешто као испит, мини искуство. :)
    Од октомври повеќе на темава ќе пишувам. :D

    Ја сум од тие што брзо учат, во принцип за тест 30мин до саат максимум учев и тоа ден пред тест само, знам дека изгледа безвеза ама претходно само откако ќе дојдев дома редовно материјалот што бил дента предаван со маркер го подвлекував, а додека се предаваше слушав максимално, бев присутна на секое предавање и со самото ова веќе пола материјал беше научен. Секогаш добивав максимален поен бодови или пак губев 2-3 поени многу ретко за некое глупо прашање, ништо повеќе од тоа така да ова учење ми беше сосема доволно за да постигнам со просек 5.00...

    Инаку материјалот го средував со маркери и пенкалца во боја, некогаш во тетратката што сме пишувале, а некогаш сама на листови го сортирав. Насловот во посебна боја маркер, подточката во друга боја маркер, текстот во точката подвлечена со црвено пенкало, заокружуваните бројки со црно пенкало, нешто со плаво пенкало и така. Имав 6 маркери во боја и исто толку пенкала во боја. Материјалот секогаш ми беше среден и кога доаѓаше време за учење се што имав за работа беше само да научам.
    Пишував ситно на големи листови, за да го излажам мозокот дека всушност многу малку имам за учење.
    Еве пример што го најдов сега за матурата кога спремав биологија, со цртежи и објаснувања ми беше многу лесно за помнење.
    49296061_405945613481410_2127823770210009088_n.jpg

    Немам некои посебни финти, а и обично сигурна сум во себе дека кога ќе научам нешто научено е. Но, сепак сега кога ќе имам пообемен материјал за спремање, веројатно ќе посветувам подолго време за учење.
    Спиењето е најбитно, секогаш пред тестови гледав да сум си наспана.
    Ноќе не сакам да скратувам сон поради учење.
     
    На Alex29, MrenaRiba, BlackMistery и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Браво за темата :clap:

    Како кец на десетка ми дојде на сред сесија. Ве прочитав сите до еден и немате поима колку успеавте да ме измотивирате :inlove:.

    Јас сум од тие што стануваат рано наутро за да учат. Сакам кога со време ќе си ги завршам обврските, за да можам вечерта да имам време за мене. Обично станувам во 7часот, па еден час се расонувам, слушам музика, читам на форумов, пијам кафе, а после тоа седнувам и почнувам. Обично учам 1час и 30 минути без престан, некогаш може и 2часа, па правам 15 минути пауза, па пак истото, па после имам една поголема пауза од 1 час и така. Учам така што ја читам прво лекцијата еднаш, а потоа си ја раскажувам по неколку пати. Почнувам со основните работи, а со секој нареден пат раскажувам се повеќе детали. Од кога сум на факултет, настојувам да гледам и слики на интернет, да гледам видеа на јутјуб и така ми е многу полесно. Понекогаш запишувам, ама само најбитни работи, затоа што баш и немам многу време да ја раскажувам цела книга. Користам маркери и пенкала во сите бои!!!

    Еве нешто што пишував сега, ептен набрзина, ми фали уште да одбележам со маркерот за визуелно полесно да запомнам. И бидејќи немам многу време не ми замерувајте што има и печатни букви и ракописни и не е краснопис :D.
    20190907_165024.jpg

    Додека учам телефонот е на нечујно, па кој и да ме бара нема да биде удостоен со одговор, затоа што учам и не сакам да бидам прекинувана во истото. Сметам дека повторувањето е мајка на знаењето, па некогаш сум во состојба да го повторам нештото и пет пати ако треба за да го совладам беспрекорно добро.

    Па нешто слично на ова учам и јас, ама ќе ја пробам и методава step by step. Како што кажав, повторувањето е мајка на знаењето! Колку повеќе го повторувам материјалот толку посигурна сум во истиот.
    Ти благодарам за сликава!!!!

    Сега ми заврши времето за паузирање, па се враќам назад на повторување. И сакам само да ви кажам да се тргнете од диазепами и хелекси!!!! Не се клукајте со нив уште на 20години, наместо тоа земете си нешто на природна база за смирување.

    Поздрав друштво.
    ad612c311a474e45d033be5ec46ee47d.jpg
     
    На cresa-jagoda, Any05, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  10. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Уф ама ми се најде темава 3 дена пред испити. black_quote.jpg Screenshot (844).png Screenshot (845).png Screenshot (846).png

    Јас сум како мрзлив хаос за пред испити и колоквиуми. Целото тело едноставно иде во некоја криза, ми се јаде се што е солено и крцкаво и никако да ме најаде па ждерам се што ќе најдам, стомакот од стрес потсвесно фаќа ме боли во неочекувани времиња па после следат и проблеми со дигестија, био ритамот се менува целосно па ќе морам да останам едно два дена будна скроз за да можам да си легнувам пред 2 саат сабајле без проблем и да можам да станам во 8 часот да не идам на испит цела заспана.
    Фатив и по еднаш дневно Б комплекс витамини да пијам и искрено ми помогна да сум потсмирена, малце пофокусирана. Сега друг проблем ми е, ќе станам рано сабајле и ај цвеќињата да ги полеам, па чекај да јадам, чекај да зготвам колач за да имам да ме најадува нешто по нутритивно од двопек, па да расчистам собата и пред да знам дошло 4 саат попладне. Обавезно кога фаќам да учам сериозно мора да има црно чоколадо до мене како и асортиман грицки. Ме фаќа ме боли грбот од што седам згрбавена бидејќи користам и тетратка и лаптоп истовремено а место на биро немам па правам јога или било какво истегнување што ќе ми текне во моментот.
    Баш методот за учење ми е, ако е нешто теорија да учам или математика да пишувам во тетратки и со еден сив маркер и некое пенкалце во боја да бележам што се дефиниции (секоја лекција со нова боја, маркерот останува), дополнителни објаснувања зошто го направив тој чекор во таа задача итн. За предметите што се на компјутер да седам и да програмирам, да гледам задачи од часовите, да ги препишувам во IDE и да си објаснувам кое зошто е напишано и да се надевам дека ќе ми припие мозокот дека пола програмирање е шематско треба само да ја разглобиш шемата за да ја “зготвиш“. Ако имам некој поим што не го сфаќам кај програмите ќе си напишам на лист. Понекогаш ќе фатам ќе ја “учам“ сестра ми чисто да ја замарам и сфаќам дека полесно го совладувам материјалот така, или со пријатели ќе седнеме заедно ќе учиме.
    За мотивација или овие слики ги користам или си размислувам што ќе си се наградам ако положам Х предмет, ако тоа не ми помага едноставно седнувам да учам, ќе си се навлезам во материјалот сама ако само се препуштам.
    За да седам фокусирана јас ми треба музика, не помага нешто многу ама не можам да седам да учам во тишина и најдобар бенд што ме фокусира е Explosions In The Sky, инструментални се и имаат некаков потсмирен движечки ритам.
    Не се замарам многу да потрошувам долго време да научам, нека си дојде природно тоа, што ќе влезе-влезе, дојде ли 2 часот во кревет.
    Не е крај на светот ако сега не го совладам материјалот, да секако ќе ми олесни за понатаму нема да се натрупа ама сега тоа си е тоа, битно е да го преживееш, што ќе ти е 10ка ако ти си на прагот да се онесвестиш од несоница.
    [​IMG]
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, Keanu_R.Wick и 2 други им се допаѓа ова.
  11. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Исто така, типкава има добри видеа за да помогне како да се фокусираш, како да учиш некои предмети што се на слична основа со нејзините, мотивација за учење и така натаму. Многу е добра
    https://www.youtube.com/channel/UC7TV5acMx_3Mzsdbts93liA

     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda и Elena-123 им се допаѓа ова.
  12. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Здраво!:f:
    Штом те очекува некакво оценување, безразлика дали е тест, колоквиум, испит, некаква контролна писмена или други ситуации кои бараат учење и комплетна спремност и сконцентрираност, а притоа ти треба поддршка или едноставно дружба, совет, тактика - тогаш си и повеќе од добредојдена:nod:.
    Честито матурирањето, сега за уште поголеми успеси да се спремаш(highfive)!
    А, дека спиењето е најбитно за добра концентрација, за тоа тотално се согласувам. Супер е и што ни сподели дел од твојата тетратка, а за нареден пат пробај во тетратка без линии, без ништо. Многу е поразбирливо, а и боите доаѓаат до израз;)
    Среќен почеток на факултет и само успеси да редиш:hug:
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  13. MysteriousQueen

    MysteriousQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    088BAFB9-8A38-49D6-9BCB-CA7772D4DCB7.jpeg Здраво на сите:hai: еден голем лајк за темата. Кога ќе снемам мотивација ќе ја отворам со надеж дека повторно ќе се мотивирам:rock:

    Некогаш е доволно само да ги погледнам овие слики 466F9EC4-9029-4ACF-A6A0-2E737A0CA681.jpeg 4A692E04-8F0B-43AA-BF8A-18AD2D5E0169.jpeg 24B6BC30-4830-4E71-B0BB-B6784C8ADA10.jpeg
     
    Последна измена: 7 септември 2019
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Здраво!:f:
    Колку убав ракопис имааааш:o(y)!
    Искрено, вака кога ќе видам дека има и други ученици/студенти кои сакаат да пишат и цртаат, да им биди се скоцкано- е многу ми олеснува:*. Јас си имам и друг потаен проблем(facepalm)..Тетратките кои си ги обележувам и од кои најмногу учам и запаметувам-->не ги носам секогаш со мене на денот на полагањето, од пусти срам и непријатност од колегите. Посебно колешките..... Имав случка, не изминатиов, туку тој пред него семестар: ја земав цела тетратка во која го спремав колоквиумот со мене на денот на полагањето, со сѐ ливчиња во бои кои ги имав прилепено и кои "стрчеа" од тетратката. Значииии....имаше коментари од типот: "Леле, па ти сѐ си пишувала, не те мрзии??!!:o:o
    и ова " Охоо, јас така повеќе време ќе изгубам дури да ги направам сите тие боенки..за тоа време дури ги лепиш-ќе ги научиш"
    и ова" не повторувај сега баш пред полагање- сѐ ќе ти се измеша" бла бла бла..:sweat:...
    Ок, си реков:^). Не ми сте од помош, ама тотално ме депримиравте. Не е дека им ставив големо значење на она што ми го рекоа, но како последица ми е тоа што сега избегавам да ги нодам таквите тетратки воопшто на факултет. Земам некои скрипти пред колоквиум, од пусто што имам мерак да читам се дури не влези професор со тестови во раце(facepalm)
    :tmi::tmi:
     
    На Peperutce1115 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Здраво :f:
    Второто видео ми се допадна. А, да те прашам предлог за некоја добра музика додека учам?..Ама да не биде песна (најверојатно ќе си ја потпевнувам, а тоа не ми е во приход при учењево:^)), туку нешто за релаксација на мозокот што знам. Си пуштам од оние што се како "алфа звучни бранови за релаксација на мозокот:emo:"(така некако се напишани на јутјуб, ама во тивка соба звучат ептен страшноо:nod:, онака "језиво"..хаххах, ретард сум:$, знам.
    Па, ако знаеш пишими некои поинтересни:hug:
     
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.130
    Допаѓања:
    124.900
    Пол:
    Женски
    Читајте 30 минути,па напрајте пауза,каснете нешто благо или солено,пуштете ја милената музика.Потоа пак прочитајте го делот или ако веќе го памтите,преминете на следниот.Полесно се памти ако запишувате во тетратки.
     
    На cresa-jagoda и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Туку сега ми текна, можам ли јас да ви бидам мотивација? :wasntme:
     
    На mariz, Elena-123, angela.kostova и 2 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.130
    Допаѓања:
    124.900
    Пол:
    Женски
    Како ти се учи толку? :D
     
  19. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Девојки (и дечки) добив опомена и тридневен бан на темата сакам да кажам.
    Таму неколку мислења ми беа избришани, сум спамирал.
    Симнете ги сликите од погоре за подобро учење и памтење. Среќно и повеќе одмор и рекреација.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Не ми се учи сѐ. Нешто не ми се учело, нешто одвај чекам да седнам да учам...
    Живот |(
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.