И јас.Политички теории ми беа ужасен и преобемен предмет,неволно го учев,а Применета Политика ми е еден од омилените јер е полесен. Го влечам факултетот поради нарушено здравје,но терам.
Ја сѐ што завршив и што учам, нема врска едно со друго. Сѐ ми е од тотално различна сфера. Ама ете, можело и тоа.
Не е лесно човек да се пронајде во нешто особено кога има повеќе интереси,но тоа може да биде добро за поголем успех.
Јас знаев што ме интересира уште од средно (па и пред тоа), ама за жал немав можност да го учам тоа. После неколку години конечно запишав тоа што сакам и пак поради сплет на околности не можев да го довршам оти морав да се префрлам на нешто сосем десетто. Хаос сум, ама се надевам ќе ми се исплати еден ден. Важно CV-то ми е полно Друго, ако ви е некој вид мотивација, ценете ја и поддршката која ја имате од дома. Замислете да требаше сами да се финансирате... Не дека нема и такви, ама особено за ценење е помошта од најблиските, колку и да звучи клише.
Па како што кажав главно ги слушам Explosions In The Sky, но кога идам порелаксирано слушам од Danny Baranowsky "Crypt Of The Necrodancer OST" но тоа е “пожива“ музика си има константен ритам и може да ти се заглават песните, исто и на Toby Fox "Undertale OST". Би ти предложила да видиш и lo-fi hip hop општо како жанр од таму почнав да учам со музика, или пак некоја снимка на кафич.
Ок, само да ве известам дека паузата при учењето тука ја поминувам, читајќи ве. Си давам околу 15 минути одмор: одам да се напијам вода, седам на балконот, се истегнувам малце и ве читам. Која мотивација сте, човече.... Таман кога ќе ме фати мрза, одма ми текнува дека не сум сама, дека не учам само јас! Ми текнува на вас, знам дека поминуваме низ истото, дека се разбираме и искрена да бидам-полесно ми е! Оти да му се "жалиш" на некој што книга не фатил од којзнае кога-попусто ти е! Порано знаев да скролам по социјалните мрежи и што ќе видиш таму..Те ваму отишле, те Охрид биле, те Пефкохори биле, те на свадба биле, те си купиле нов аутфит, блаблабла.Другите си шетаат, а јас заглавив со глупавиве испити. Не, не..да не се разбериме погрешно.Јас сум среќна што можат да се прошетаат и мило ми е за сите нив, ама мене ме нервираше фактот што и јас не сум на такво некое место...Не скролајте по социјалните мрежи, токсично е и мноогу демотивирачки! Откога се створи темава, си отварам слики со текст, ги слушам музиките што ги постиравте (патем, одличен избор @cresa-jagoda многу смирувачки ми делува), ценам било каков совет. Фала ви до бескрај! А, сега продолжувам каде што застанав, мотивацијава ми вришти! Со лесно
Јас уште 2 испити имам до крај, едниов не е ни цел уствари, во среда го полагам, и од што ме мрзеше да учам од прашања го спремам, па и тие ги влечам уште (50 прашања), а другиот немам абер да го почнам... Малце немотивирачки пост, ама мене сесијава август/септември одсекогаш ми била катастрофа, знам дека имам само испит или два останати и ги влечам. Инаку учам само со подвлекување и читање, ретко пишувам обично кога нешто не ми е јасно или кога одговарам прашања (ако учам од прашања) поминувам книгата еднаш, многу ретко повторувам (најчесто кога ќе паднам) Најдолго сум спремала испит 3 недели а најкратко 1 ден
Поздрав друштво Еве затоа сме тука, да се мотивираш и да си ги доземиш испитите. Колку повеќе ги одлагаш, толку поголемо влечење и нескратени обврски. Наредна сесија спреми ги и растури! Што можеш денес-не оставај за утре. Дали сега, порано или подоцна-пак ти ќе ги спремаш. Не чекај погоден момент за да почнеш нешто добро-почни сега! Со лесно, вложениот труд на крајот секогаш се исплаќа
Ауч, темава. Мемо стикери и мнооогу боици е спасот. Сум губела страшна мотивација, најчесто во некои покритични ситуации кога ич не ми било до учење. Ама памтам една година, цел ѕид го лепев со мемо (имаше многу набројувања и не можев да добијам една целосна слика), абе толку убава шема сум си направила - не да научив, уште си памтам (и поврзаност, разлики..). Инаку со овие мотивациони пораки и нивно читање не функционира (барем кај мене), па мора да си тргнам со нешто внатрешно, побитно што ме притиска и мотивира. Некогаш знам да пуштам и музика, ама најчесто тоа е една иста песна. Во последниве месеци најдолго сум ја слушала оваа: Whatever it takes 'Cause I love the adrenaline in my veins I do whatever it takes 'Cause I love how it feels when I break the chains
Мене најмногу ми помагаше и уште ми помага пишувањето. За среќа и самата природа на она што го учев не бараше многу сувопарна теорија и бубање, но кога требаше да научам нешто од делот на теоријата, го пишував т.е. раскажував сама, со свои зборови, на свој начин. Буквално поминував часови во пишување, тетратки кои убаво си ги организирав, со бои, уредно, подредено. Учев само претпладне или преку ден, на дневна светлина. Како што се наближува вечерта, така концентрацијата ми е помала. Не ги разбирам оние што учат по цели ноќи. Не подвлекував, никогаш. Едноставно, тоа што беше најважно го издвојував настрана и го пишував со мои зборови. Зборовите на авторот ги предавав на мој начин на хартија. И скратено, и поедноставено, а смислата беше задржана. Ова е мојата формула за успех при учење на теорија. Другиот дел беа вежби, за вежбите нема друг начин, само работа и многу работа. Нема откажување ако нешто не успеете да решите веднаш. Истрајна сум па ова не ми беше проблем. Применувањето на наученото ми беше вистинско задоволство. Не сакам долги, сувопарни теории, но потребни се. Музиката ми пречи, обично пуштав само смирувачка инструментална музика во позадина за да ги блокирам звуците од околината. Обожавав се' да ми биде организрано и средено, хаосот го презирам, во сите аспекти на животов. Вака некако изгледаше моето биро
Здраво и од мене , супер е темата мислам дека доста важно е да го сакаме и да не' интересира тоа што го учиме иначе ќе биде тешко јас полагам 24 септември и еве денес седнав да учам, т.е. ќе учам цела ноќ, спиев до сега , уште малце ќе излезам и кога ќе се вратам почнувам до сабајле , па после спиење, шетање и пак учење, јас за учење само ноќе функционирам кога сите спијат , ако некој полага на иста дата да се тешиме може , сепак во друштво е подобро
Здраво Јас многу сакам шаренило и средени тетратки, па започнувам така што најпрво купувам убави тетратки, мора да ми се бендиса корицата , а баш наидов на: и решив да го пробам (иако не верувам дека ќе ја носам на факс, дома ќе препишувам во неа ). Маркерите во боја ми се must have, си имам еден за наслов, еден за текст, еден за поделби... Еве ви пример како можете да си го организирате пишувањето: Инаку, кога станува збор за учење, јас учам неколку дена пред колоквиум/испит, но од годинава еве ветувам ќе си ги учам лекциите една по една навреме хаха, иако немам обемен материјал за учење, а и брзо запаметувам. Најмногу учам навечер, до 10-11 најдоцна, никогаш немам скратено од сонот за учење. Многу сакам да цртам во скриптите/тетратките, но кај мене нема работи за цртање, па еве најдов нешто од медицина, се надевам ќе ви помогне на тие што го учите тоа, а и да ве мотивирам, полесно се памети вака.
Колеги сме или така ми се чини? Мака измачив со физиологија, за анатомија немав проблем. Цртав "роботи" јер машко ок, нервниот систем малку ме закочи
Здравоо на сите Многу ми се допадна темава пред се бидејки премногу ми значи поддршката пред испит. Инаку ке ви кажам како успешно ја завршив прва година од факултет во добар рок. На почетокот ми беше многу тешко да се прилагодам на сите промени и на тоа дека веќе нема средно и учење по малку материјал.. Најпрво убаво си го организирав времето бидејки морав да одам и на приватни часови за неколку предмети што не можев сама да ги учам сама. Најдоброто нешто што го направив е тоа што почнав да учам во библиотека (знам дека на некој не му се свиѓа тој начин на учење, на некој му е многу напнат и сл.) лично мене ми помога многу тоа што таму сум опкружена со луѓе што учат, а и ти покрај нив немаш што да правиш освен да си се фатиш за работа Си правам и план што ке учам кој ден и до негде се трудам да се држам до него, имам мнооогу фломастери во боја со кои прво ја читам лекцијата и го подвлекувам најбитното и веќе наредните пати го читам само подвлеченото Исто бидејки имам некои предмети кај што има мнооогу набројуванки, сите ги запишувам на мали ливчиња од оние на врвот што се лепат и си ги лепам над бирото, така на секое повторување си ги гледам и побрзо ги запамтувам хехе. Навечер касно никако не можам да учам максимум до кај 10-11, мислам дека мозокот најубаво ми работи од сабајле. Во деновите кога не станувам од книга (недела дена пред колоквиумска) станувам сабајле, јадам и пијам кафе и почнувам да учам,учам 2 саати и на 2 саати правам пауза. Така до попладне тогаш спијам добри 2-3 саати и продолжувам се до кај 12 навечер и легнувам убаво да се одморам. И што е најважно како што вика баба ми јадењето е најбитно и по малце чоколадце Некој совет како да научам да учам на памет? Воопшто не ми оди тоа, а морам така
Не, далеку сум јас од медицина. Сликиве се од нет, со надеж дека ќе им помогнат на тие што го учат тоа.
Почнувам да учам од денес и ја гледам темава уште вчера и си викам е ова ми требаше Имам испит за наредна недела, па со лесно сите да си положиме се Учам со пишување во тетратка - раскажување, имам маркери во сите бои си бележам запишувам во тетратка, треба повеќе време ама полесно ми е за помнење, освен кога имаме прашања ама тоа е ретко.
Многу ме мотивира чисто и средено катче, па затоа гледам и моето речиси секогаш да биде уредено и шарено и обавезно цвеќенце зеленкасто(пластично, нормално.Од Џамбо ми е..живи работи не чувам на биро..Критично е на периоди.Еден нервен слом и отиде во неповрат и цвеќе и книги и фломастери......). И колку-толку, го одржавам просторот околу мене чист и така не ми забегува концентрацијата. Пробајте, кај мене делува.