Јас имам помалку од 48 часа до полагање. Се навооружав со кафе и чоколадо, па сега останува да повторувам до касно.
Овој quote ми е некако многу соодветен за денов! Можам да кажам со насмевка дека денов беше многу продуктивен и дека научив многу повеќе од што некогаш учам за една недела. Ама сега ќе видиме што ќе направам на испитот што е задутре. Дали ви беше и вам продуктивен денот денес? Научивте ли доста материјал за испитот?
Во ист ден полагаме . Нека ни биде најсреќен и на двете. Учев, се преучив, научив!!! Останува да направам финално повторување на најбитните испитни прашања. Па, со оглед на тоа што имам уште енергија, ќе почитам уште малку. А утре одиме во нови победи .
Вчерашниот ден, да. Продуктивен, ама и исцрпувачки. Повторив сѐ што можеше да се исповтори, а и формули "бубав". Се надевам дека ќе вреди. Денес исто. Моментално се чувствувам мачно, изморено и многу задоволно од самата себе си. Среќна сум што успеав да завршам сѐ од материјалот и што си дадов цели 4 дена само за повторување. Дури и успевам некако да го проширам знаењето во овие денови за повторување. Да бидам искрена, не ни планирав да ги учам формулите со оглед на тоа дека се многу комплицирани, ама бев мотивирана и ги поминав и нив. Ќе ги повторувам се до денот на полагањето, зашто лесно се забораваат.И за друг пат ќе си практикувам вака, а пробајте и вие, еве како еден совет нека биде: -->Почнете со спремање на испитот уште со врееме нанапред. Испланирајте го времето за учење и обавезно оставете барем најмалце 2 дена за повторување. Овие 2 дена се многу важни, бидејќи тогаш гледаш до каде си стигнал, дали си спремен, каде "подзапнуваш" зборувајќи, се испрашуваш и одговараш поставувајќи си прашања што претпоставуваш дека ќе ти се паднат, ја сфаќаш суштината на лекцијата. Некако, во тие денови се губи стравот, се влева самодоверба и сфаќаш дека можеш! Секој може! Со лесно и среќно на сите. Не се оптеретувајте, отстранете ја негативната енергија и нема плашење од ништо. Ви се дале 10минути специјално за вас за да можете да го искажете своето мислење и знаењето кое сте го стекнале. Искористете го со позитивен исход, максимално! Поздрав и со среќа уште еднаш, да ви се паднат омилените пташања ви посакувам!!
Техниката што ја применувам кога учам или кога треба да разберам што било си има и име. To teach is to learn twice Кога учите, обидете се некому да му го објасните концептот, ако немате кому, тогаш земете неколку празни листови и цртајте, пишувајте на нив, обидете се самите на себе да си го "објасните" она што го учите. Ако имате табла при рака е идеално, за да го објасните концептот баш како да предавате. Клучно е да знаете да го објасните сето тоа на едноставен начин. Тоа е знак дека навистина сте разбрале. Мислам дека по ова нема да се вратите повеќе на класичното меморирање. Ова е поефективно и не е толку заморно.
Ова ќе го пробам. Имам време сега во деновите за повторување сум. Фала ти. А, за табла-кажав дека по ваша препорака во план сум да купам.
Денеска завршив работа со уписите на факултет па некако од темава едвај чекам да почнам, многу ме мотивиравте некако за учење
Штом е таква работата, тогаш почни да се спремаш. Набави си фломастери, маркери, тетратки, тефтерчиња, стила во боја...Размислувај за тоа како би изгледало твоето студентско катче/биро каде што ќе учиш. Има на јутјуб, а и воопшто по интернетов идеи за организери за книги(нешто како DIY-проект), држачи за фломастери, постолје за лаптоп, необични полици за книги, саксии за цвење, интересни филџани за кафе со мотивациона порака... Тоа уште повеќе, дополнително ќе те мотивира. Овој предколоквиумски период искористи го за тоа, а подоцна кога ќе дојдат полагањата - сѐ ќе ти биде спремно! Мило ми е што ќе ни се придружиш Среќен почеток, забавувај се и оствари си го сонот што побрзо!
Јас положив денес . Сега одиме на другиот испит . Денес ми е ден за одмор, ама од утре продолжувам . Ептен сум инспирирана за следниот испит, имам најдено многу убави лекции на јутјуб, па едвај чекам навечер да ги гледам. Баш како повторување ќе ми доаѓа тоа.
Почнав да се шлаам по книжари и да си набавувам такви работи, обожавам ко ќе ми е се средено и на место, па затоа не изостануваат ни пенкала, маркери. Фала ти и јас ти посакувам што побрзо да стигнеш до целта
Честиткии! Баш ми е мило, мотив сте ми со вакви резултати! Ајде сега и за наредниот да растуриш Браво!
Имам уште 6 дена до испитот ама и уште 400 страни за учење,ме фаќа паника и страв минатиор пат ја утнав целосно се плашам и сега да не е вака,коа ке стигнам таму од паника ко мозокот ми се блокира и неможам да одговарам значи ко нишо да не сум учела,дајте ми некој совет како да се решам од таа паника,и препорачајте ми некој чај/лек било што за пред испит.
Уште неколку совети на темава. Од искуство ќе зборувам, а вие проценете дали одговара и за она што вие го учите. Поченете навреме. Ако треба и страница на ден, но распоредете го материјалот. Дури и подобро е да почнете со помалку, за да не ви се види страшно и да се откажете. Погледете го т.н. Помодоро концептот (има кратки видеа на YouTube за ова). Селективно читање. Ова е особено корисно ако немате доволно време а имате многу страници за читање. Нормално дека нема да учите се'. Читајте и издвојувајте. Клучното е да го препознаете и да го издвоите најважното, помалку важното, и она што може да се изостави. Хартија и пенкало до вас. Ова го објаснив погоре. Обидете се преку цртеж/пишување/белешки да го објасните концептот, идејата, а не само учење збор по збор, лекција по лекција. Примери. За секој концепт употребувајте примери, најдобро нешто што вие самите ќе го смислите.Некаков пример од вашето секојдневие. На тој начин ќе ја поврзувате таа лекција со нешто што ви е важно лично вам. Раскажување. И тоа не самите на себе, туку викнете некого и објаснете му го она што го учите. Ако воопшто не се разбира од материјата, објаснете колку што е можно поедноставно. Ако ве сфаќаат, супер, скоро целата работа ви е завршена. Одмор. Оставете си ден пред испитот да не правите ништо, само да легне материјалот. Цел. Запаметете дека целта не е да го положите самиот испит, туку ова е пат кон нешто многу поголемо.
Очајно ми треба мотивација! За 4 дена полагам испит, но воопшто не се осеќам спремна. Обично сум многу добра при учење на предмети кои ме интересираат или се поврзани со смерот на кој сум запишана, но предмети како овај што не ме интересираат и ми се беспотребни ми се голема мака. Предметот го полагам по втор/трет пат, но веќе помина цела година од ко го учев и се имав заборавено. Се трудам веќе цел месец, но никако не ми оди, ништо не разбирам и ги имам истите фрустрации и истите резултати како и минатиот пат. Предметот е краток, но за мене е тежок и не знам како и дали воопшто јас ќе успеам некогаш да го научам. Сум под премногу стрес и целсоно изгубив мотивација веќе не сакам ни да помислам на книгата. Ако некој бил во ваква ситуација би сакала да слушнам ваше искуство да се осеќам подобро за себеси или ако некој има совет многу би ми помогнало
Нема за што да те фаќа паника ако добро си научила. Прво, ослободи се од стресот. Тргни ги настрана негативните мисли, олабави малце. Значи, ќе си учиш и ќе си повторуваш секој ден. Материјалот убаво да го спремиш, за да нема причина да се блокираш таму. Мене ова ми помага за да ја разбијам тремата и да го кажам она што се бара од мене: Замисли си дека си викната во некоја емисија (на пример: на интервју некое, кај некоја добра пријатна водителка, и си разговарате општо за животот, опуштено). И професорот е всушносг водителот и поставува прашање. Ти--> одговараш јасно и гласно("да те разберат гледачите што ја гледаат емисијата, нели"), одговараш без подзастанувања и без она аа аа аа на секој збор, користиш колку што е можно повисок степен на вокабулар, литературно и културно ги изговараш зборовите. Ако нешто те буни или се кочиш, едноставно не го кажувај и продолжи да раскажуваш понатаму. Не дозволувај да има предолга пауза во тишина. Мислам дека ова треба да успее. Пробај, кај мене успева!! Инаку, за добра концентрација, се разбира-убаво да се наспиваш, да јадеш овошје многу, салати, вооода..многу вода. А, пред испитот банана и кафе за да бидеш "фулл" со енергија. И да....ако толку те фаќа паника--не ти препорачувам да влезеш подоцна за полагање. Влези во првите, со првата или втората група студенти. Немаш никаква, ама буквално никаква корист ако влезеш во последните групи. Верувај, од искуство ти кажувам! Така само тензијата повеќе расте. Со среќа, со лесно..веруваме во тебе, немој да не разочараш
Леле, те молам немој вака да размислуваш! Прво, ослободи се малку, нема потреба од толку стрес. Има многу полоши работи во животов, за жал. Гледај, ти си ги совладала претешките предмети и оние кои бараат максимална концентрација, што значи дека можеш. Ама, не е доволно само да го можеш нештото, туку треба и да сакаш да го направиш. Според пишаново твое, мислам дека ти си ја изгубила желбата да научиш само поради тоа што преметот е лесен и без врска. АМА...предмет е и како и сите други предмети, си носи кредити, поени блабла..... Затоа, запни се, стегни се, издржи го јако и изучи го, па што сака нека биде!!! Море ако треба пишувај, шарај, радкажувај го, викај на глас, ама никако не се откажувај. Мислам дека еден глупав предмет не е посилен од тебе. И не е достоен да ти застане на патот!! Мисли си на целта, на подобра иднина. Ова е предмет кој мора да пројде, уште веднаш почни да го намалуваш материјалот! Учи и не оставај си место и време за паника. Знам дека можеш, знам дека не е тешко!! Од секогаш сум се нервирала со тие глупави предмети кои немаат благе везе со струката што си ја учиш! Зошто ги ставаат стварно незнам!! Само место држат и вака за да се нервира човек..глупости! Посилна си ти од овој предмет и оваа неправда, верувај! Покажи му таму колку знаеш и умееш, па после тие нека му ја мислат! Ти посакувам многу среќа и успех, те чекам со позитивен исход и не заборавај дека не си сама! Со тебе сме, среќно!
Секогаш правев план. На лист цртав календар и секој ден запишував колку и кои предмети ќе ги учам. Започнував со учење 2-3 недели пред колоквиуми со план за секој нареден ден. Многу ми помагаше ова. Воглавно имав 5 предмети за полагање во една колоквиумска недела. Кога однапред ќе испланирав колку материјал имам за секој предмет, колку денови ќе ми требаат за да научам и повторам, многу полесно ми беше. Испланирајте претходно колку време ќе ви треба за целиот материјал така што пример утре по предмет 1 учам 2 лекции а следниот ден ги повторувам двете и учам уште две нови. За секој предмет истата процедура. Последните 2 дена пред колоквиум ми беа задолжени за повторување на целиот материјал. Некогаш правев отстапки, зависно од преметот и ,,тежината" на материјалот, за еден предмет ќе ми требаше повеќе време, за друг помалку. Затоа многу помага ако однапред се испланира колку има за учење и колку време ќе е потребно. Завршив со факултетот оваа година но ќе ми фалат овие денови, уште сега чувствувам..