Problemot e sto ne sum go spremala ubavo materijalot,imam bizerna navika da ucam edna nedela pred ispit.
@Elena-123, супер, се радувам што ти се допаднало и дека ќе ти помогне. Како и на другите. Ова се практични совети лично од мене, и ќе си дозволам малку да се пофалам самата себе сега, немав паднато на испит на факултет. За секој испит го употребував овој концепт. Ајде и јас да се обратам со прашање: Има ли некој во темава што е во процес на пишување на научен труд? Не ми е првпат, но овојпат треба да биде пообемно и поисцрпно.
Според мене една од најважните работи за учење е да се опкружите со позитивно пријателско друштво кое учи. Најголем стимул ќе добиете кога другар(к)ите ги гледате дека редовно учат а ти ќе добиеш чувство на идиот што денгуби. Дури ќе се јави и пријателска конкуренција за тоа кој колку научил, колку поени овоил. Почнете да дебатирате за темите кои ги учите, ќе ги увидите и корегирате недостатоците од материјалот а предметот е де факто положен пред самата сесија.
Незнаев каде, па ајде овде да прашам, дали на вашите факултети и на кој, плаќате и ако да колку пари за ваѓање потврда за редовен студент?
Познаник пред неколку години ми кажа дека на Градежен платил 300. Не се нормални стварно.Камо секаде да укинат плаќање.
Здраво на сите, тука сум затоа што ми треба совет. Прашањето ми е до сите оние кои студираат јазици. Значи ми треба помош како да стигнам до напредно ниво на јазикот.Не основно да се разбереш туку високо ниво и во разговор и се разбира во пишување.Учите по неколку нови зборови на ден, па глаголи правилни неправилни,граматика.Кои техники на учење ги применувате, дали има трикови да се совлада нешто побрзо? Однапред благодарам за советите
Ајде да се мотивираме, денеска сум скроз деморализирана кога видов што материјал следи сега за учење...
И јас се демотивирам кога ја гледам книгата фармакотерапија од 900 страни. Немам колоквиуми по предметот, директно се спремам за испит, но во меѓувреме имам да спремам 4 презентации, и колоквиуми по сите други предмети. Ми се плаче.
И покрај то шо цел живот ми се сврти наопачки во рок од еден ден, морам годинава да ја фатам убо, на гла моментално ми тежат 8 предмети за полагање, па се надевам дека ќе најдам сили да ги отргнам другите мисли и да се сконцентрирам на учењето.
Сите ќе положиме друштво. Само позитивно, без паника, малку учење, малку одмор. We are all in this together .