Ќе положите ситеее,сечиј труд ќе вроди со плод. Денеска ќе вложите за во иднина да ви биде спокојна главата а и душата. Со среќа на сите!
Дали земате нешто за концетрација? Тешко ми ојт со концентрацијава, ми забегвет мисливе навака, натака.
Да кажиш ако има добри резултати, јас пијам B комплекс ама некако слабо пак неможам да се концентрирам.
Ништо не ми помага, пола саат ми е ефективно учење после губам фокус и толку е... А претешки се предметиве и бараат многу учење и разбирање
Чаре,не се нервирајте. Исфилтрирајте ги мислите.Лошите на игнор. Слушајте ја омилената музика,пуштете ја омилената серија,грицкајте благо или солено,па учете дел по дел.
Јас откако ставив некои работи на игнор,подобри резултати добивам. Си реков дека не ми требаат толку многу нервози.
Јас пиев Гинко Макс и 600 страни спремив за 2 недели и положив. Ефикасни се, ама и учев по осум часа.
Јас почнувам со учење уште на 1ви октомври. После секое предавање одам во библиотека, подвлекувам што треба да се учи и го читам и претходниот материјал. Не учам само од книгите и од презентациите. За предметите кои се во основа граматика итражувам повеќе на интернет, смислувам мои примери и решавам вежби. За книжевностите ги читам делата и ги анализирам со време, истражувам за начинот на кој се пишувало во тој период, за авторот, и обавезно запишувам или обележувам со маркер детали кои сметам дека се клучни. Отприлика сите предмети ми барем 70% научени пред да дојде колоквиумска, така што тогаш само повторувам уште неколку пати. И најважно, никогаш не останувам будна цела ноќ пред колоквиум/испит затоа што сабајлето ќе немам сила и нема да дадам сѐ лд себе. Секогаш си легнувам прилично рано и станувам рано затоа што ми влијае многу врз концентрацијата и расположението.