Ќе ве замолам да ми дадете совет. Имам ептен тежок испит што ќе го полагам другата недела. Се утепав од учење го разбирам тоа што го научив, но ме фаќа паника. Дали ќе положам или не ми се врти во главата и тешко ми е да спијам ноќе зошто се будам и имам лоши мисли.
Леле ова ме потсети на мене кога запишав факс прв семестар, тежок предмет сите го зборат уште потересе професор. Учев цел месец само за тој предмет, единствен ми беше со колоквиуми+писмен испит+усен. Писмениот и усно ми беа недела дена разлика. Се положив освен тоа. Јануари колку се тресев ама да ти кажам што научив од мојот студентски живот: Ни еден единствен предмет не е поважен од твоето здравје. Смири се! За секој предмет ако редовен учиш, го следиш материјалот повтпруваш - нема потреба да се плашиш! Знаењето никој на светот не може да ти го земе. А јас да ти кажам за тој предмет го положив како песна со 10ка со муабет со професорот. Он прашуваше јас зборував. На крај ме праша и како ми одат други предмети, и му кажав дека овој беше најстресниот, а најлено поминат за мене човекот ми се изнасмеа и ми рече јас знаењето не можам да ти го земам, јас се трудам да ве научам колку што можам, останатото е на вас. Тогаш сватив дека сите имаме различно искуство со испити и професор. А најлоши зборови имам слушано за професори од некои кој буквално два збора не знаат да сврзат а очекуваат некој да ги помине на лепе очи.
Здраво на сите Мислам дека треба да ја “разработиме“ темава, со оглед на тоа што учебната година започна. Па, како ви оди? Дали почнавте со предавања на факулетет, на школо, дали купивте материјал за учење, како ви се чинат предметите од оваа година? Јас почнав со предавања, моментално сум во фаза на подготовка / барање на маетријали за учење, а во меѓувреме и следам предавања, а и вебинари. Планирам со секоја завршена лекција да ја учам уште веднаш, најдоцна до наредниот ден откако ми била предавана, а за време на викендот да повторам се што сум научила до тогаш и да видам до каде сум и што ми фали. Секако, неделата е и ден за одмор, но немора баш цел ден да се лежи, т.е. зависи од расположението и желбата во моментот. Сепак, и да сум излезена тој цел ден, вечерта сакам да прочиам да видам до каде сум, па да сум спремна за новата седмица. Посакувам успех на секого, и предлагам тука во оваа тема да си се поддржуваме додека учиме, полагаме, спремаме полагања, да споделиме начинот на кој учиме, дали користиме маркери, нотеси и сл. Знам дека на секој добро би му дошла мотивација, па тука се пронаоѓаме. Како ви оди вас?
И јас спремив материјали за учење,уште да седнам.Почнав од вчера ама 2 саати не се рачунаат за учење.Ветувам дека утре ќе се наспијам,ќе пијам кафе,ќе посредам по дома,и конечно со свежа глава ќе почнам со учење. Сакам да го спремам првиот колоквиум,1.11.Не е многу мстеријал,но имам уште 3 предмети на кои треба да се посветам. Барам совет.Доколку имате 3 предмети,првиот предмет се полага во прва и втора кол недела(300стр),втор предмет се полага во втора и трета(400стр) и трет предмет во трета кол(450стр).Како вие би го организирале учењето?
Супер.. 2 часа воопшто не се за потсмев. Одлично е како за почеток! Е сега, за распоредот за учење, ќе те цитирам утре поопширно и ќе си поделиме заеднички совет. Моментално сум уморна, и веќе сум задремана, па и мислењето нема да ми биде тоа - тоа. А, сакам искрено да помогнам. Затоа, сега добра ноќ, па се читаме утре Еве ме мене Да сум на твое место вака ќе направам: Најмногу ќе се посветам на она што прво ќе го полагам. Е сега, тоа не значи дека другите предмети нема да ги спремам. Значи, сите заедно последователно ќе ги учам. И ќе ги распоредам по број на страници. На пример, секој ден од по секој предмет да научам 25 страни, а од овој прв што ќе го полагам да ги научам најдобро. Потоа, како што идат понатаму полагањата, така ќе се посветувам на тој предмет кој иди следен за полагање. Не заборавај еден ден да ти биде за одмор, значи буквално цел ден. И потоа одново и одново. Вака одприлика би изгледал мојот распоред. совет плус: одвреме навреме прави си квизови со подпрашања, и тоа што не знаеш учи го повеќе, а тоа што го знаеш - супер, не губи време на него. Се надевам дека ти помогнав со лесно
Па, со оглед на тоа дека се повеќе страни за учење, најдобро е по 20-25 страни на ден од по секој предмет.
Да, се согласувам во целост. Јас треба да најдам материјал уште по два предмети, а за другите веќе спремив. И како што предаваат - така ги учам презентациите наредниот ден. Овој семестар мора да запнам јако и све да исположам. Само на моменти ми се губи мотивацијата, ама пуштам песна, гледам мотивационо видео, а во план сум и да направам “vision board“ и секој ден да ја гледам причината поради која вреди да се трудам и да давам од времето волку. Можда ќе нја направам викендов. Тебе како ти оди ?
Најголем vision board за мене е кога ќе видам колку време имам останато за учење, а книгата колкава е .
Да, но што ако книгата е дебела за машала, што викаат Што правиме тогаш ?! Затоа јас вака посовреме, дури не ме фатила некоја мрза, пу пу скраја да е
Не е ефективно ако определуваш бројка на страници кои треба да ги научиш.Квалитет>квантитет, џабе е ако поминеш 30 стр од кои ништо не си разбрала.Исто така, не сите поглавја имаат иста тежина, некаде ќе заглавиш повеќе, некаде ќе поминеш за 10 мин. И рачунај учење по 60 страни на ден не може да биде продуктивно.Подобро распредели што ти е побитно, па посвети време на тоа, отколку на сите предмети одеднаш.
Имам едно прашање. Како на пример седите и учите со часови? Јас можам максимум еден саат да учам после ме фаќа сафра па додека седнам пак да учам.. не знам што ми е во последно време. Може некој совет за здраво и квалитетно учење со саати?
Јас никогаш не учам со саати, два часа максимум, и да сакам, не можам повеќе, мозоков ме боли . Навика си имам створено, од прилика знам во кој период од денот учам, и никогаш не се форсирам да учам со саати, некогаш ќе научам повеќе, некогаш помалку. Ќе учам ете два саати, па правам пауза, па пак ќе учам. Исто така, пробај одредени предмети, да ги учиш во одредено време во денот, на пример предмет1, секој ден да го учиш во 2 часот. Така мозокот се навикнува, и полесно ќе се концентрираш.
Треба да презентирам семинарска и мислам дека душа ќе испуштам уште пред да ми дојде редот. Иако се што треба да кажам ми е дел напишано, дел повторено 10 пати, знам дека кога ќе почнам да зборам ќе се испобунам и ништо нема да се разбере. Хелп плс .