Поделба на имотот во брак со нотарски договор

Дискусија во 'Правни совети' започната од KingMK, 18 јуни 2020.

  1. KingMK

    KingMK Нов член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Сакаме имотно и физички да се разделиме со жената, без да се разведеме.... Јас ќе и исплатам одредена сума пари за станот кој ќе го префрлиме на име на синот (15.год) во кој јас ќе останам да живеам како плодоуживател, а таа ќе излезе да живее во друг стан. Ова планираме да го регулираме со нотарски договор каде ќе ги прецизираме сите работи, па дури и поделба на покуќнината.... Прашањето е следно: дали во случај на развод таа ќе има право да побарува половина од станот и од се што сме стекнале заедно, иако во нотарски договор се откажува од истото за одреден надоместок. Ви благодарам.
     
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.631
    Пол:
    Женски
    @BoaVista i @JuLleE мислам дека можат да ти помогнат
     
    На KingMK му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Нема да имаш после проблем ако завериш нотарски договор. Ти препорачувам договорот да ти го состави адвокат, а нотарот да го солемнизира зашто така има поголема правна сила. Значи не нотарот да завери потпис на договорот, туку да ти направи солемнизација на договорот.
     
    На KingMK и mira.mira им се допаѓа ова.
  4. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    835
    Изречно нека ви наведе адвокат во договорот дека немате друг заеднички имот и меѓусебни побарувања по основ на заеднички стекнат имот во текот на бракот. Исто така, постапката за развод е раздвоена од таа за имотните прашања на брачните другари, односно не може да се расправаат имотни прашања во бракоразводна постапка.
     
  5. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    2.528
    Пол:
    Женски
    Незнаев каде прашањето па еве тука.
    Купивме имот со пари стекнати во брак на име на мажотми, е сега сакаме да биди на име на двата што треба?